Прилепец

село во Општина Прилеп

Прилепец — село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп.

Прилепец

Стари куќи во Прилепец

Прилепец во рамките на Македонија
Прилепец
Местоположба на Прилепец во Македонија
Прилепец на карта

Карта

Координати 41°17′44″N 21°35′8″E / 41.29556° СГШ; 21.58556° ИГД / 41.29556; 21.58556
Општина  Прилеп
Население 4 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 20086
Надм. вис. 840 м
Прилепец на општинската карта

Атарот на Прилепец во рамките на општината
Прилепец на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Селото Прилепец е планинско село. Се наоѓа на Дрен Планина, јужно од градот Прилеп. Соседни населби се Волково и Чумово.

Историја уреди

 
Споменик во Прилепец посветен на деветтемина борци од партизанскиот одред „Ѓорче Петров“ кои на 19 декември 1942 година откако беа предадени загинаа во борба против бугарската војска и полиција

Во XIX век селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.

На 20 декември 1942 година во Прилепец бил опколен и разбиен партизанскиот одред „Ѓорче Петров“ од страна на бугарската војска. Во борбата загинале Стеван Базеркоски - Лански, Борка Спасески-Влачарот, Стеван Димески, Димче Мирчески, Гога Јанкуловски, Пројче Најдоски-Сокле, Бошко Јосифовски и Менде Бошкоски, а Киро Фетак бил фатен и одведен во касарната во Прилеп, каде подоцна бил сурово мачен и убиен.

 
Жени перат на изворите до с. Прилепец, за време на Првата светска војна, 1918 година

Стопанство уреди

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948163—    
1953161−1.2%
1961148−8.1%
197179−46.6%
198179+0.0%
ГодинаНас.±%
199133−58.2%
199441+24.2%
20029−78.0%
20214−55.6%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Прилепец живееле 140 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Прилепец имало 176 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Прилепец е претставен како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 22 куќи.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[5]

Според пописот од 2002 година, во селото Прилепец живеат 9 жители, сите Македонци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 4 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 140 176 163 161 148 79 79 33 41 9 4
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови уреди

Прилепец е македонско село.

Родови во селото се:

  • Староседелци или со непознато потекло: Ѓондевци (1 куќа) они се многу стар род, возможно е да се староседелци.
  • Доселеници: Вишиновци (13 куќи) доселени се од селото Мало Илино во Железник. Од таму избегале „од албанците“. го знаат следното родословие: Наум (жив на 73 г. во 1954 година) Тасе-Наум-Кочо-Вишин, предокот кој се доселил во селото, тоа било почетокот на XIX век; Џамеровци (9 куќи) доселени се од Дебарско. Во местото на старина Турци сакале да им земат некоја девојка и затоа избегале, најпрво во Лагово па во Волково и на крај во Прилепец, го знаат следното родословие: Цветан (жив на 82 г. во 1954 година) Богоја-Митре, се доселил неговиот татко; Милошевци (5 куќи) и они се доселени од дебарска страна.[11]

Општествени установи уреди

 
Стара куќа во Прилепец

Самоуправа и политика уреди

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1437 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 4 гласачи.[13]

Културни и природни знаменитости уреди

 
Манастирската црква „Св. Никола“
Цркви
Манстири
Археолошки наоѓалишта[14]
Езера

Редовни настани уреди

Личности уреди

Родени

Иселеништво уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр.244.
  3. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 150-151.
  4. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 20.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 310. ISBN 9989-649-28-6.

Надворешни врски уреди