Приборот за јадење ги вклучува сите рачни инструменти што се користат при подготовка, сервирање и особено јадење храна во западната култура. Градот Шефилд во Англија е познат по производството на прибор за јадење од 17 век[1].

Прибор за јадење

Приборорот за јадење во САД, најчесто означува ножеви или слични инструменти за сечење.

Главни елемнти на приборот за јадење во западната култура се ножот, виљушката и лажицата. Денес, хибридните верзии на приборот за јадење се направени во комбинација со функционалноста на различни уреди за јадење[2].

Трпеза

Композиција уреди

Стерлингот е традиционален материјал од кој се прави добар прибор за јадење. Историски гледано, среброто има предност пред другите метали, бидејќи е помалку хемиски реактивен. Хемиските реакции помеѓу одредена храна и металот за прибор може да доведат до непријатни вкусови. Златото е уште помалку реактивно од сребро, но употребата на златен прибор за јадење е ограничена на исклучително богатите, како што се монарсите[3].

Челикот отсекогаш се користел за повеќе утилитарни ножеви, а калајот се користел за некои поевтини предмети, особено за лажици.

Во 1913 година, британскиот металург Хари Брејли го открил не’рѓосувачкиот челик, после ова откритие овој метал станал доминантен во производството на приборот за јадење[4].

Пластичниот прибор за јадење е направен за еднократна употреба и често се користи за кампување или екскурзија.

 
Прибор за еднократна употреба

Индустрија уреди

До средината на 19 век, слабиот челик повторно се користел, поради новите методи на производство на челикот, ножевите биле направени со заварување на лента од челик до парче железо кое требало да се формира во нож, или да испрати челична лента помеѓу две парчиња железо. Ова било направено затоа што челик тогаш бил многу поскап од колку железото.

По изработка, ножот морал да се заостри, во сечило за мелење.

Производствени центри уреди

Традиционалните центри за производство на прибор за јадење се:

Наводи уреди

  1. British Pathé. „The Master Cutler“. britishpathe.com.
  2. „Restodontê | Tipos de facas e suas utilidades“. Restodontê. Посетено на 2019-07-04.
  3. Miodownik, Mark (29 April 2015). „Stainless steel revolutionised eating after centuries of a bad taste in the mouth“. The Guardian.
  4. „Made in Great Britain, Series 1, Steel“. BBC. Посетено на 28 March 2019.