Прибилци

село во Општина Демир Хисар

Прибилци — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.

Прибилци

Поглед на селото Прибилци од селските гробишта во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“, сместена над селото

Прибилци во рамките на Македонија
Прибилци
Местоположба на Прибилци во Македонија
Прибилци на карта

Карта

Координати 41°16′21″N 21°12′15″E / 41.27250° СГШ; 21.20417° ИГД / 41.27250; 21.20417
Регион  Пелагониски
Општина  Демир Хисар
Област Железник
Население 153 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7240
Повик. бр. 047
Шифра на КО 10025
Надм. вис. 670 м
Слава Голема Богородица[2]
Мреж. место Прибилци
Прибилци на општинската карта

Атарот на Прибилци во рамките на општината
Прибилци на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа во северниот дел на територијата на Општина Демир Хисар, од левата страна на патот Демир Хисар-Крушево. Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 670 метри. Од градот Демир Хисар е оддалечено 4,5 километри.[3]

Атарот на селото зафаќа простор од 10,5 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 459 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 230, а на пасиштата 178 хектари.[3]

Историја уреди

Во XIX век, Прибилци се наоѓало во Демирхисарската нахија на Битолската каза на Отоманското Царство.

Ова село е познато и опеано во многу македонски народни песни поради големата бунтовност и македонско родољубие на неговото население. За неговото име се верува дека е добиено поради што во селото се прибирале македонски ајдути и комити од турските потери, меѓутоа селото е основано и пред османскиот период. За време на Илинденското востание близу селото се одиграла помала битка меѓу македонските комити и турскиот аскер (за време на почетокот на востанието), а турскиот аскер кога поминувал покрај селото одејќи кон Крушево не ги пронашло комитите кои се скриле во селото.

Населението било активно и за времето на НОБ, за што сведочи споменикот во селото. Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[4]

Стопанство уреди

Селото во основа има полјоделско-шумарска функција.[3]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948481—    
1953482+0.2%
1961436−9.5%
1971427−2.1%
1981362−15.2%
ГодинаНас.±%
1991270−25.4%
1994287+6.3%
2002266−7.3%
2021153−42.5%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Прибилци имало 450 жители, сите Турци муслимани,[5]. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Прибилци имало 480 жители, Турци муслимани.[6]

Според Димитар Гаџанов во 1916 г. в Прибилци живееле 404 Турци,[7] што е веројатно поточно од горенаведените два извора, но нивниот број не може да бил толку висок, а камо ли мнозински.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[8]

Прибилци е населено со македонско население. Во 1961 година, селото имало 436, а во 1994 година бројот се намалил на 287 жители.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 266 жители, сите Македонци.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 153 жители, од кои 142 Македонци и 11 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 450 480 481 482 436 427 362 270 287 266 153
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Родови уреди

Прибилци е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:

  • Доселеници: Трајановци (3 к.) доселени се во 1913 година од селото Слоештица. Таму имаат истоимени роднини; Ресуловци (3 к.) доселени се во 1914 година исто така од селото Слоештица; Џванковци или Наумовци (2 к.) и Џванковци или Златановци (2 к.) доселени се во 1926 година од селото Жван; Дуковци (1 к.) доселени се во 1920 година од селото Железнец; Масларовци (4 к.) доселени се во 1915 година од Сладуево и Единаковци, од домазети; Дуртановци (2 к.) доселени се во 1939 година од селото Бараково; Вељановци (3 к.) доселени се во 1922 година од селото Единаковци; Тајтановци (4 к.) доселени се во 1930 година од селото Бараково; Барлевци (1 к.) доселени се во 1919 година од селото Журче; Крстан (1 к.) доселени се во 1920 година од селото Бабино; Алексовци (2 к.) доселени се во 1920 година од селото Големо Илино; Чакаровци (1 к.) доселени се во 1923 година од селото Сопотница; Врбовци (1 к.) доселени се од селото Брезово; Мирчевци (5 к.) доселени се во 1925 година од селото Бабино; Младеновци (2 к.) доселени се од селото Ново Село; Трајчевци (1 к.) доселени се во 1920 година од селото Растојца; Шумковци (1 к.) доселени се во 1938 година од селото Цер кај Кичево; Чобановци (3 к.) доселени се во 1920 година од селото Големо Илино; Беговци (1 к.) доселени се во 1922 година од селото Велмевци; Десковци (2 к.) доселени се во 1912-13 од селото Базерник; Богевци со Ќизаровци (2 к.) доселени се во 1921 година од селото Кочишта; Маслароски (2 к.) доселени се во 1916 година од селото Единаковци; Пупачовци (4 к.) доселени се од селото Сопотница; Шутевци (3 к.) доселени се во 1923 година од селото Мало Илино; Момировци со Јовановци (1 к.) доселени се во 1927 година од селото Бабино; Тошевци (3 к.) доселени се од селото Сладујево во 1915 година, а таму се доселиле од селото Единаковци; Турјановци (1 к.) доселени се во 1923 година од селото Турје во Дебрца; Шундуровци (1 к.) и Настовци (2 к.) доселени се во 1926 година од селото Мало Илино; Сиџимковци (3 к.) доселени се во 1925 година од селото Мало Илино; Ѓуровци (3 к.) доселени се во 1920 година од селото Големо Илино; Црвенковци (2 к.) доселени се во 1929 година од селото Сладуево, таму се доселиле од селото Радово; Дранговци (1 к.) доселени се во 1929 година од селото Жван; Чакмаковци (2 к.) доселени се во 1939 година од селото Острилци кај Крушево; Вејкрповци (1 к.) доселени се во 1920 година од селото Големо Илино; Белевци (5 к.) доселени се во 1920 година од селото Острилци; Тушловци (2 к.) доселени се во 1929 година од селото Журче; Бакамовци (1 к.) доселени се од селото Острилци; Суклевци (1 к.) доселени се во 1939 година од селото Слоештица.[15]

Општествени установи уреди

Самоуправа и политика уреди

Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Демир Хисар.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Демир Хисар, во која покрај селото Прибилци, се наоѓале и селата Бараково, Белче, Вардино, Граиште, Единаковци, Журче, Кутретино, Мургашево, Ново Село, Лесково, Ракитница, Растојца, Сладуево, Слепче, Стругово и Суви Дол. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Прибилци, во која влегувале селата Журче, Прибилци и Спадуево.

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 631 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[17]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 170 гласачи.[18]

Културни и природни знаменитости уреди

 
Поглед на главната селска црква „Успение на Пресвета Богородица“, сместена над селото заедно со селските гробишта
Археолошки наоѓалишта[19]
Цркви[20]
Споменици
  • Споменик за НОБ

Култура и спорт уреди

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 102. ISBN 978-608-65616-4-2.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 244. Посетено на 8 јануари 2017.
  4. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 239.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
  7. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 267.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 јули 2016.
  10. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  15. Русиќ, Бранислав. фондот „Бранислав Русиќ“. Архивски фонд на МАНУ, к-5, АЕ 97.
  16. „Основно образование“. македонски: Општина Демир Хисар. Архивирано од изворникот на 2016-08-28. Посетено на 26 јули 2016.
  17. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  18. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  19. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  20. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски уреди