Претседател на Естонија

шеф на државата на Естонија

Претседател на Република Естонија (естонски: Eesti Vabariigi President) — шеф на државата на Република Естонија.

Претседател на Република Естонија
Eesti Vabariigi President
Знаме на претседателот на Естонија
СедиштеКадриорг
Талин
НазначувачРијгикогу
Кругови I-III
Изборно тело
Кругови IV и понатаму
Мандатпет години
еден реизбор, последователно
Прв функционерКонстантин Пјатс
24 април 1938
СоздаденаУстав на Естонија
Плата72.723 [1]
Мреж. местоpresident.ee
Поморски бајрак на претседателот

Естонија е парламентарна република, во која претседателот има церемонијална улога без извршна власт. Претседателот е обврзан да го замрзне членството во политичка партија за време на неговиот мандат. По добивањето на мандатот, власта и надлежноста на претседателот во сите други избрани служби автоматски прекинуваат. Овие мерки теоретски треба да му помогнат на претседателот да биде посамостоен и непристрасен.

Претседателот е избиран од Ријгикогу (естонското Собрание) или специјално изборно тело на пет години. Изборното тело се состанува во случај кога ниеден кандидат не обезбедува двотретинско мнозинство во Собранието по три одржани круга на гласање. Изборното тело, кое се состои од сите членови на Собранието и избраните претставници на сите локални самоуправи (најмалку еден од секоја општина, но не повеќе од 10 претставници, што зависи од бројот на жители со право на глас по општина), го избира претседателот, помеѓу двајцата кандидати со најмногу гласови.

Претседателот има мандат од пет години. Може да биде избран повеќепати, но не повеќе од двапати последователно.

Моментален претседател на Естонија е Керсти Калјулајд, која стапила на функцијата на 10 октомври 2016 година.[2]

Историја уреди

Создавачите на првиот естонски устав, од спомените на злоупотребата на моќта од руските цареви, се обиделе да избегнат концентрација на премногу моќ во рацете на еден човек со сите можни средства. Ова на крајот довело до создавање на ултра-парламентарен систем. Моќта на Собранието (Ријгикогу) била практично неограничена. До 1934 година, условен шеф на држава бил Државниот старешина (riigivanem), кој исто така служел „де јуре“ и како претседавач на кабинетот — официјално познат како „Владата“. Меѓутоа, не можел да има рамнотежна улога при конфликт помеѓу Собранието и Владата. Државниот старешина и Владата биле целосно зависни од Собранието и можеле да бидат отпуштени во секое време. Функциите кои обично ги извршува претседателот во парламентарните системи биле поделени помеѓу претседателот на Собранието, Државниот старешина и Владата.

Уставот на Естонија бил изменет во 1933 година, воспоставувајќи посилен претседателски систем. Шефот на државата, според новиот устав, бил исто така наречен Државен старешина. Меѓутоа, никогаш не стапил во сила како последица на самооткажувањето на Константин Пјатс во 1934 година. Во 1938 година бил донесен нов устав и титулата на шефот на државата била измената во „Претседател на Републиката“. Му била дадена поголема извршна моќ, иако имал помала власт отколку Државниот старешина со уставот од 1933 година. Константин Пјатс станал првиот претседател. Неговиот мандат траел шест години.

 
Претседателската палата на Естонија во паркот „Кадриорг“

За неколку дена по советската окупација на Естонија во 1940 година, Пјатс бил присилен да назначи комунистичка предводена влада на чело со Јоханес Варес, по пристигнувањето на демонстранти придружени од трупите на Црвената армија со вооружени возила до претседателската палата. Владата на Варес всушност била избрана од советскиот државник Андреј Жданов. По лажните избори во јули, Пјатс бил распуштен од служба. Подоцна, во јули, Пјатс заедно со неговиот син, снаата и двајцата внуци, бил протеран во Уфа, Русија.

Според уставот од 1938 година, ако претседателот некогаш стана неспособен да ги извршува неговите функции, неговите надлежности ги презема премиерот со титула „премиер во служба на претседател“. Според оваа одредба, Варес ги презел функциите на претседателот со цел да даде правна дозвола за формалното припојување на Естонија од Советскиот Сојуз во август. Меѓутоа, доколку времето на војна или неспособност трае подолго од шест месеци, уставот обезбедува избор на вршител на должност избиран од Изборниот совет. Изборниот совет се сретнал во тајност на 20 април 1944 година и одредил дека назначувањето на Варес како премиер во 1940 година било незаконски според уставот од 1938 година. Советот го избрал Јири Улуотс како вршител на должност претседател на 21 април. Улуотс го назначил Ото Тиф за премиер. Подоцна, Тиф бил уапсен од окупациските советски сили во септември.

Во септември 1944 година, Улуотс и преостанатите членови на владата на Тиф избегале во Шведска. Дента пред Улуотс да умре во јануари 1945 година бил избран наследник, Аугуст Реј, да ја преземе позицијата на вршител на должност претседател. По смртта на Реј во 1963 година, улогата припаднала на Александер Варма, потоа на Тинис Кинт во 1971 година, потоа на Хајнрих Марк во 1990 година. Во октомври 1992 година, Марк ги предал неговите акредитиви на новоизбраниот претседател на обновената република, Ленарт Мери.

Откако Естонија стекнала независност бил донесен нов устав заснован на мешавина од документите во 1920 и 1938 година. Во текот на изготвување на нов устав, првично било планирано да се користи постарата, потрадиционална титула, Државен старешина, за шефот на државата. Меѓутоа, на крајот, бил избран терминот „претседател“ во согласност со јавноста. Пет претседателски избори (во 1992, 1996, 2001, 2006 и 2011 година). На првите четири избори, Собранието не успеале да избере претседател и гласањето припаднало на Изборното тело. Ленарт Мери бил избран во 1992 година (овие избори, за разлика од подоцнежните, имале јавен круг) и бил повторно избран во 1996 година, поразувајќи го Арнолд Ријтел во обата наврати. Самиот Ријтел станал претседател во 2001 година. Во 2006 година, Томас Хендрик Илвес ги освоил изборите и бил повторно избран од Собранието во 2001 година. На изборите во 2016 година, за негов наследник е избрана независно кандидираната Керсти Калјулајд како прва жена во Естонија на оваа функција.

Уставна улога уреди

Претседателот на Република Естонија:

  • претставува највисок претставник на државата во меѓународните односи (оваа задача вклучува потпишување меѓународни договори првично одобрени од Владата). Во извонредни околности, Претседателот може да ја претставува Естонија во Европскиот совет наместо Премиерот;
  • назначува или отповикува, по предлог на Владата, дипломатски претставници на Република Естонија во странски земји и меѓународни организации; добива акредитации од странски дипломати назначени во Естонија;
  • објавува редовни избори на Собранието и согласно соодветни одредби од Уставот, вонредни избори. Вонредните избори може да ги објави Претседателот во четири случаи: ако Собранието не успее да го изгласи Државниот буџет, ако Собранието не успее да добие народно одобрување на референдум, ако Собранието не успее да избере премиер откако добила можност (кај овие три случаи, објавувањето вонредни избори е задолжително и Претседателот едноставно служи како „највисок бележник“ на државата) или ако Собранието одобри цензура против Владата, во случајот, Претседател разгледува дали ќе објави вонредни избори (во овој случај, меѓутоа, Претседателот може да каже „не“, ако тој/таа процени дека организирањето на вонредни избори е неразумно од било која причина);
  • заседава со новото членство на Собранието и заседава со првата седница;
  • предложува Претседателот на Собранието да свика вонредна седница на Собранието (во случај на потреба);
  • прогласува закони и потпишува инструменти за ратификација. Претседателот може да одбие да прогласи закон во рамки од 14 дена по неговото добивање (најчесто се прави така, освен ако Претседателот не најде нешто спротивно на Уставот). Во овој случај, Претседателот го враќа законот на Собранието со причина за негова/нејзина одлука. Кога ова се случува, Собранието може да преразгледа и измени законот според забелешките на Претседателот или да го донесе законот без измени по вторпат. Кога Собранието ја избира третата можност, Претседателот не смее повеќе да го одбие потпишувањето на законот, туку е обврзан да го прогласи, но ако сè уште смета дека е неуставен, да го праша Уставниот суд да гласа за неговата уставност. Ако Уставниот суд не најде одредби за нарушување на Уставот, Претседателот мора да го потпише законот.
  • може да побара измени на Уставот. Досега, ова право било користено само во два наврати. Претседателот Ленарт Мери предложил воведување директни избори на Претседателот и основање на Уставен суд на последниот ден од мандатот. Овој предлог не наишол на поддршка во рамките на Собранието. Претседателот Томас Хендрик Илвес предложил укинување на командант и врховен командант на вооружените сили од Уставот, со што тој/таа би можеле да бидат назначувани од Владата, а не од Собранието. Соодветниот амандман бил кочено одобрен од Собранието на 13 април 2011 година и стапил на сила на 22 јули 2011 година;
  • по одредени консултации со парламентарните групи предложува кандидат за местото Премиер (кој обично е предводникот на парламентарната коалиција или најголемата партија во Собранието), кој мора да помине гласање во Собранието. Ако кандидатот, предложен од Претседателот, не успеа да го добие одобрувањето од Собранието или се најде себеси неспособен за создавање на Влада, Претседателот може да именува друг кандидат. Ако вториот кандидат исто така не успее да добие одобрување од Собранието или Претседателот одбие да именува втор кандидат, правото за именување на Премиер се префрла на Собранието;
  • на предлог на Премиерот формално назначува или отповикува членови на Владата, каде предлогот на Премиерот е обврзувачки за Претседателот. Претседателот не смее да одбие назначување или отповикување на министер. Така, улогата на Претседателот е ограничена на формално потпишување на соодветните документи;
  • го предложува Претседателот на Врховниот суд, Претседателот на Одборот на Банката на Естонија, Генералниот ревизор и Јавниот обвинител. Претседателот теоретски може да именува било кој кандидат по негова/нејзина дискреција. Меѓутоа, традициите на парламентарната република наложуваат дека Претседателот треба да организира консултации со парламентарните групи и да предложи само таков кандидат кој сигурно ќе добие поддршка од Собранието; сите кандидати мора поминат гласање во Собранието пред да ги добијат своите титули;
  • по предлог на Одборот на Банката на Естонија, го назначува Претседателот на Банката на Естонија. Претседателот може да го прифати предлогот или да го одбие, да побара друг кандидат (теоретски неограничен број пати). Оваа опција претходно било искористена од Претседателот Ленарт Мери.
  • по предлог на Врховниот суд, назначува судии;
  • доделува државни ордени, воени и дипломатски рангови;
  • е Врховен командант на Националните одбранбени сили на Естонија (всушност, оваа функција главно е сметана за церемонијална и симболична);
  • предложува до Собранието за прогласување воена состојба, со цел мобилизација или демобилизација и прогласување на вонредна состојба;
  • прогласува воена состојба во случај на напад на Естонија и наредува мобилизација;
  • претставува Претседател на Државниот одбранбен совет, кој е советодавно тело составено од Претседателот, Премиерот, Претседателот на Собранието, Претседателот на собраниските комисии за државна одбрана и надворешни работи, министерот за надворешни работи, министерот за одбрана, министерот за финансии, министерот за внатрешни работи, министерот за правада и командант на одбранбените сили на Естонија;
  • ослободува или доделува намалување на казните на затвореници на нивно барање;
  • поведува обвинение против Јавниот обвинител.

Претседатели на Естонија уреди

# Фотографија Име Започнал Завршил Партија Раѓање и смрт
1   Константин Пјатс 24 април 1938 23 јули 1940 р. 23 февруари 1874, Тахкурана
п. 18 јануари 1956, Бурашево, Калининградска Oбласт, СССР
1938 - I круг - избран од Собранието и општинските претставници како единствен кандидат со 219 од 238 гласа (92,0%).
2   Ленарт Мери 6 октомври 1992 8 октомври 2001 Национална коалиција Про Патрија р. 29 март 1929, Талин
п. 14 март 2006, Талин
1992 - II круг - избран од Собранието со 59 од 101 глас (58,4%).
1996 - V круг - избран од Собранието и општинските претставници со 196 од 372 гласа (52,7%).
3   Арнолд Ријтел 8 октомври 2001 9 октомври 2006 Народен сојуз на Естонија р. 10 мај 1928, Лајмјала, Саре
2001 - V круг - избран од Собранието и општинските претставници со 186 од 366 гласови (50,8%).
4   Томас Хендрик Илвес 9 октомври 2006 10 октомври 216 Социјалдемократска партија р. 26 декември 1953, Стокхолм, Шведска
2006 - IV круг - избран од Собранието и општинските претставници со 174 од 345 гласови (50,4%).
2011 - I круг - избран од Собранието до 73 од 101 глас (72,3%).
5 Керсти Калјулајд 10 октомври 2016 во служба р. 30 декември 1969, Тарту
2016 - VI круг - избрана од Собреанието со 81 од 98 гласа (80%).

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Milline on president Ilvese töötasu võrreldes teiste presidentidega?“. delfi.ee. 2 април 2012. Архивирано од изворникот на 2012-06-26. Посетено на 2016-04-01.
  2. „Estonia parliament votes for first female president“. The Guardian. 3 October 2016. Посетено на 6 October 2016.

Надворешни врски уреди