Пресуда (филм)

филм
За македонскиот филм со истоимен наслов видете Пресуда (македонски филм).

Пресуда — француски филм од 1974 година, режиран од Андре Кајат.

Заплет уреди

Андре Леони, чиј татко бил озлогласен питач, е претерано мазен и пазен од мајка си уште од мали нозе. Па сепак, еден ден се наоѓа на суд, пред порота, обвинет за ужасно злосторство: ја силувал и убил младата девојка Ани Шартие, ќерка на еден професор од Лион. И покрај тешките обвиненија според кои тој е виновен, Андре упорно одрекува пред поротниците. Судијата Леген е пред пензија и ова е неговиот последен случај во судот. Убеден дека Андре Леони лаже и дека средината во која израснал е одговорна за неговото злодело, решава да го гони до крај. Мајката на Андре, Тереза, ќе направи сè што е во нејзина моќ за да го спаси.