Пресуда (македонски филм)

„Пресуда“ - македонски филм од 1977 година. Го режирал Трајче Попов, а сценариото го напишал Јово Камберски.

„Пресуда“
РежисерТрајче Попов
СценаристЈово Камберски
Главни улогиЖарко Радиќ
Петре Арсовски
Благоја Чоревски
Славица Зафировска
Драги Костовски
Борис Чоревски
Младен Крстевски
Кирил Псалтиров
Ѓокица Лукаревски
Ванчо Петрушевски
Мето Јовановски
Илија Милчин
Мирче Доневски
Јорданчо Чевревски
Жанрдрама, воен
МузикаТомислав Зографски
КинематографијаМишо Самоиловски
МонтажаДимитар Грбевски
ДистрибутерМакедонија филм
Вардар филм
Премиера1977
Времетраење110 мин
ЗемјаМакедонија Македонија
Јазикмакедонски

Кратка содржина уреди

При еден судир со непријателот, во однапред изгубена битка и ризик да се умре залудно, партизанот Митко Ангелов бега од бојното поле. Се качува на воз и оди да ја види мајка си која штотуку се вратила од интернација. Кога се вратил во бригадата, Митко бил прогласен за дезертер, бил разоружен и врзан. Немајќи оружје, со други партизани, оди во патрола и акција за преземање оружје од Германците. При акцијата загинуваат сите партизани освен Митко и Ване кој е сериозно ранет. Митко мисли дека и Ване е загинат и се враќа во бригадата. Командантот не му поверувал и тој е затворен. Во меѓувреме ранетиот борец Ване доаѓа во бригадата и ја раскажува приказната за херојската борба предводена од Митко. Истовремено, воениот суд го осудува Митко на смрт заради дезертерство.

Улоги уреди

Глумец Улога
Жарко Радиќ Митко Ангелов
Петре Арсовски Комесарот Кораб
Благоја Чоревски Командантот Донски
Драги Костовски Аспарух Савов
Ѓокица Лукаревски Ване
Мето Јовановски Ѓорче
Илија Милчин Германец
Јанез Врховец
Јорданчо Чевревски
Ненад Стојановски
Ненад Милосављевиќ
Ванчо Петрушевски
Георги Дампе Бисерков
Владан Живковиќ
Кирил Псалтиров
Благоја Спиркоски Џумерко
Борис Чоревски

Останати улоги  ▼

Надворешни врски уреди