Предраг Стојаковиќ


Предраг "Пеџа" Стојаковиќ (роден 9 јуни 1977) е поранешен српски кошаркар, кој играл на позицијата крило. Во својата кариера играл за Црвена Ѕвезда и ПАОК во Европа, како и за Сакраменто Кингс, Индијана Пејсерс, Њу Орлеанс Хорнетс, Торонто Репторс и Далас Маверикс во НБА лигата.

Предраг Стојаковиќ


Лични информации
Роден на 9 јуни 1977(1977-06-09)(46 г.)
Роден во Славонска Пожега, СФРЈ
Националност СР Југославија СР Југославија
Србија и Црна Гора Србија и Црна Гора
Србија Србија
Висина 2,08 м
Тежина 104 кг
Позиција крило
Информации за кариерата
Драфт 1996 / Рунда: 1 / Пик: 14
Избран од:
Сакраменто Сакраменто Кингс
Проф. кариера 1992—2011
Сениорски клубови
Години: Клубови:
1992–1993
1993–1998
1998–2006
2006
2006–2010
2010–2011
2011
Црвена Ѕвезда Црвена Ѕвезда
ПАОК ПАОК
Сакраменто Сакраменто Кингс
Индијана Индијана Пејсерс
Њу Орлеанс Хорнетс Њу Орлеанс Хорнетс
Торонто Торонто Репторс
Далас Далас Маверикс
Репрезентација
1999–2003
2003–2006
2007
СР Југославија СР Југославија
Србија и Црна Гора Србија и Црна Гора
Србија Србија

Стојаковиќ бил избран вкупно како 14-ти пик на НБА драфтот 1996 од страна на Сакраменто Кингс. На клубот му се приклучил две години подоцна во 1998, а благодарение на својте добри игри во дресот на Кингс тој трипати бил учесник на Ол-стар натпреварите (2002, 2003 и 2004) и избран во втората најдобра петорка на НБА во 2004 година. Познат како многу добар шутер, тој, исто така, двапати бил победник во НБА натпреварот во шутирање тројки во 2002 и 2003 година. По завршувањето на кариерата Сакраменто Кингс во негова чест го повлекле од употреба неговиот дрес со број 16.[1]

По заминувањето од Сакраменто, Стојаковиќ променил неколку екипи во НБА, а со последната од нив, Далас Маверикс, ја освоил својата прва и единствена НБА титула во кариерата во сезоната 2010-2011 (неговата последна сезона во каирерата) совладувајќи ги во финалето Мајами Хит со 4-2.

Со репрезентацијата на СР Југославија, освојувал златни медали на Европското првенство 2001 и Светското првенство 2002.

Животопис уреди

Предраг Стојаковиќ е роден во етничко српско семејство, од родители Миодраг и Бранка Стојаковиќ, во Пожега, СР Хрватска, СФР Југославија. Сепак, неговото семејство подоцна избегало во Белград, на почетокот на војните во Југославија.[2][3] Неговиот прекар е Пеџа.

Во 1993 година, на 16-годишна возраст, Стојаковиќ се преселил во Солун, Грција. Таткото на Стојаковиќ останал во својата татковина и се борел во армијата на Република Српска Краина, против Хрватската армија, до падот на западна Славонија, во 1995 година. После тоа, тој му се придружил на неговиот син во Солун.[3]

Стојаковиќ се здобил со целосно грчко државјанство на 17-годишна возраст, додека играл за ПАОК во Грција.[4][5] Стојаковиќ служел во грчката армија, задолжителна служба од секој маж грчки државјанин.[6][7]

Тој е оженет со грчката моделка Алека Камила со која има три деца.[8] Од 2014 тие живеат во Атина.[9]

Клупска кариера уреди

Црвена звезда уреди

Во 1991 година, Стојаковиќ како етнички србин бил приморан со своето семејство да избегне од Хрватска во Србија,[10] каде со 15 години се приклучил на Црвена Ѕведа. Во младите категории на Ѕвезда, тој играл под водството на тренерот Предраг Бадњаревиќ кој го "пронашол" во Славонски Брод и кој оставил голем траг врз одличната кошаркарска кариера на Стојаковиќ во иднина.[11] За првиот тим на белградските црвено-бели настапувал во сезоните 1992-1993 и 1993-1994, во кои одиграл вкупно 39 натпревари и постигнал вкупно 113 бода. Бил член на тимот кој ја освоил шампионската титула во Југославија во сезоната 1992-1993, но како многу млад играч имал мала минутажа. Сепак, дека се работи за голем талент било јасно уште во неговата прва сезона во Ѕвезда, кога на 16 јануари 1993 године во првенствениот натпревар против Раднички во победата на црвено-белите со 112-84 постигнал 18 бода и тоа со само 15 и пол години како далеку најмлад играч во екипата.[12]

Во сезоната 1993-1994 настапувал само во Купот на Југославија и на два натпревари постигнал вкупно 31 бод. Земјата је била под санкции, па така црвено-белите не можеле да го задржат Стојаковиќ и уште неколку талентирани играчи во екипата.

ПАОК уреди

Политичката и економската криза во СР Југославија го приморала Стојаковиќ со само 16 години да се пресели во Грција, каде потпишал за ПАОК од Солун.[13] Тој останал во клубот четири години и добил грчко државјанство како и грчко презиме (Кинис). Со ПАОК тој го освоил Купот на Грција во сезоната 1994–1995, а следната сезона играл и во финалето на Купот Сапорта.

Тој бил избран како 14-ти пик на НБА драфтот 1996 од Сакраменто Кингс, но останал во ПАОК до 1998 година. Во неговата последна сезона во ПАОК, Стојаковиќ постигнал незаборавна тројка во последната секунда против Олимпијакос во Пиреја, во полуфиналната серија од плејофот на грчката лига, со која го добил натпреварот за ПАОК, со резултат 58–55.[14] Оваа победа, со која завршило петгодишното владеење како грчки шампион на Олимпијакос, му овозможила на ПАОК да се соочи со Панатинаикос во финалната серија. Сепак, во финалето Панатинаикос ја имал предноста на домашниот терен и го совладале ПАОК во серијата со 3-2, станувајќи нов шампион на Грција. Во текот на оваа серија Стојаковиќ бил внимателно чуван од Бајрон Скот, неговиот иден тренер во Њу Орлеанс. Во неговата последна сезона со ПАОК, Стојаковиќ имал во просек 23.9 поени, 4.9 скокови, 2.5 асистенции и 1.2 украдени топки и бил избран за најкорисен играч во лигата.[12]

Сакраменто Кингс уреди

Стојаковиќ им се приклучил на Сакраменто Кингс во сезоната 1998-1999, која била скратена поради штрајкот на американските професионални кошаркари, во исто време со неговиот сонародник Владе Дивац. Во неговата руки сезона обично влегувал од клупата, и имал просек од 8.4 поени по натпревар. Следната сезона, Стојаковиќ бележел 11.9 поени по натпревар и бил шести во целата лига по процентот на реализирани слободни фрлања.

По две сезоне поминати на клупата, во сезоната 2000-2001, откако Сакраменто го замениле Корлис Вилијамсон за Даг Кристи, Стојаковиќ добил шанса повеќе да игра, подобрувајќи го и својот просек на 20.4 поени и 5.8 скокови по натпревар, со процент на шут за три бода од 40%. На Ол-стар викендот 2001, Стојаковиќ бил втор во натпреварот во шутирање тројки, зад Реј Ален од Милвоки Бакс, но победил во играта „Две топки“ во која партнерка му била Рути Болтон-Холифилд од Сакраменто Монаркс. Истата сезона завршил втор во гласањето за Играч кој најмногу напредувал, зад Трејси МекГрејди од Орландо Меџик.

Сезоната 2001-2002, била најуспешна во дотогашната НБА кариера на популарниот Пеџа. Во оваа сезона тој за прв пат бил избран за Ол-стар и го одиграл својот прв НБА Ол-стар натпревар, а исто така победил и во натпреварот во тројки кој му побегнал претходната година. Кингс доминирале во лигата во текот на регуларниот дел од сезоната, но во неизвесната финална серија на Западнеата конференција загубиле од Лос Анџелес Лејкерс со 4-3. Петорката на Кингс: Мајк Биби, Даг Кристи, Предраг Стојаковиќ, Крис Вебер и Владе Дивац била многу близу до влез во големото финале, но сепак тројката на Роберт Ори во последната секунда им ја сменила судбината и ги одвела Лејкерс напред.

Следната година, Стојаковиќ забележал мал пад во просечниот број на постигнати бода (19.2 поени по натпревар), но повторно за втора година по ред бил избран да учествува на Ол-стар натпреварот. Исто така, втора година по ред победил во натпреварувањето за три бода. Патот на Сакраменто во сезоната овојпат завршил во полуфиналето на Западната конференција во кое биле поразени од Далас Маверикс. За време на сезоната 2003-2004, Стојаковиќ го искористил отсуството поради повреда на најдобриот играч на Кингс Крис Вебер и остварил просек од 24.2 поени по натпревар (најдобар во НБА кариерата) и воедно бил втор најдобар стрелец во лигата зад МекГрејди.[12] Тој, исто така, бил и најдобар изведувач на слободните фрлања за сезоната со погодени 92.7%. Трета година по ред учествувал на НБА Ол-стар натпреварот, но не успеал трет пат по ред да победи во шутирање тројки и така да се изедначи со Лари Берд и Крег Хоџиз. На крајот од сезоната завршил четврти во гласањето за најкорисен играч во лигата и бил избран во втората петорка на лигата.

Сезоната 2004-2005 ја завршил со просек од 20.1 бод по натпревар, иако поради повреда пропуштил 16 натпревари. Кингс биле елиминирани во плејофот од Минесота Тимбервулфс со резултат 4-1. Сезоната 2005—2006, за Стојаковиќ била последна во дресот на Сакраменто Кингс. Откако не ја започнал сезоната најдобро, подоцна успеал да се поправи иако просекот од 16.5 поени на 31 одигран натпревар бил најслабиот негов уште од неговата втора сезона во НБА. Како резултат на тоа, на 25 јануари 2006, тој бил проследен во Индијана Пејсерс во размена со Рон Артест.

По завршувањето на кариерата, Сакраменто Кингс во негова чест го повлекле од употреба неговиот дрес со број 16 кој тој го носел за време на својот престој во клубот.[1]

Индијана Пејсерс уреди

На 25 јануари 2006 година, Стојаковиќ се преселил во Индијана Пејсерс во размена за Рон Артест, завршувајќи го неговиот осумгодишен престој во Сакраменто.[15] Дебитирал во дресот на Пејсерс шест дена подоцна во поразот со 84-79 од Вашингтон Визардс во кој постигнал 17 поени. Регуларниот дел од сезоната го завршил со просек од 19.5 поени по натрпевар.

Сепак, поради повреда тој пропуштил четири натпревари во најбитниот дел од сезоната, првиот круг на плејофот против Њу Џерси Нетс, и сите тие завршиле со пораз на Индијана па тие биле елиминирани со резултат 4-2.

Њу Орлеанс Хорнетс уреди

 
Стојаковиќ во дресот на Хорнест

Во летото 2006 потпишал нов договор со Пејсерс, но набргу потоа бил испратен во Њу Орлеанс Хорнетс во замена за Ендрју Бетс.[16] Во осмиот натпревар за својот нов клуб, на 14 ноемвра 2006, постигнал рекордни во својата НБА кариера 42 поени против Шарлот Бобкетс и станал првиот играч во историјата на НБА што отворил некој натпревар со 20 едноподруго поени за својот тим.[17][18] Неговиот силен почеток за Хорнетс бил прекинат од повреда, поради која пропуштил 13 натпревари за време на сезоната 2006-2007.

Стојаковиќ се вратил следната сезона, започнувајќи ги сите 77 натпревари на кои играл, и имал многу важна улога во тимот помагајќи им на Хорнетс да добијат 56 натпревари во регуларниот дел на сезоната, што претставувало рекорд на франшизата и нивна прва титула во дивизијата. Стојаковиќ имал просек од 16.4 поени по натпревар. Во плејофот Хорнетс биле подобри од Далас Маверикс во првата рунда, а потоа во првите два натпревари од конференциското полуфинале (двете завршиле со победа на Хорнетс) против бранителот на титулата, Сан Антонио Спарс, Стојаковиќ имал просек од 23.5 поени по натпревар, со шут од 63.7% од линијата за три поени.[19] Сепак, на крајот Хорнетс биле елиминирани во серијата од Спарс по седум натпревари.

Јадрото на Хорнетс, Крис Пол, Тајсон Чендлер, Дејвид Вест и Стојаковиќ, ги одржувало Хорнетс во игра за висок пласман и следната сезона, но повредите и размената на Чендлер го принудиле клубот да влезе во реконструкција на играчкиот кадар, што го прави ветеранот Стојаковиќ потрошен. Така, во сезоната 2010-2011 Стојаковиќ го загубил своето место во почетната постава на Њу Орлеанс, а во екипата бил заменет од Марко Белинели. Со оглед на тоа дека договорот му истекувал на крајот од сезоната, Хорнетс го вклучиле во трампа во која учествувале уште пет играчи и Стојаковиќ завршил во Торонто Репторс.

Торонто Репторс уреди

На 20 ноември 2010, Стојаковиќ заедно со Џаред Бејлис бил заменет за услугите на Џарет Џек, Маркус Бенкс и Дејвид Андерсен од Торонто Репторс.[20]

После само два одиграни натпревари, Стојаковиќ бил отпуштен од Репторс. Пропуштил 26 натпревари поради повреда на левото стапало.[21]

На 20 ноември 2010 година, Стојаковиќ беше разменет во Торонто Репторс заедно со Џерид Бејлс во замена за Џерет Џек, Маркус Бенкс и Дејвид Андерсен. После појавувањето на само два натпревари, на 20 јануари 2011 година, Стојаковиќ беше ослободен од страна на Репторс-и. Пеџа пропушти 26 натпревари поради повреда на левото колено.

Далас Маверикс уреди

На 24 јануари 2011 година, потпишал договор со Далас Маверикс.[22] Со Маверикс ја освоил својата прва НБА титула во кариерата,[23] давајќи солиден придонес во плејофот каде иако Пеџа влегувал од клупата за резервни играчи бележел во просек 7.1 поени по натпревар.[24] Стојаковиќ постигнал 20 или повеќе бодови во два различни натпревари за Далас.[24]

На 19 декември 2011 година, Стојаковиќ го објавил своето пензионирање, наведувајќи ги тековните проблеми со грбот и вратот што го попречувалe нормално да игра.[25]

Репрезентативна кариера уреди

Иако има грчко државјанство избрал да игра за репрезентацијата на тогашна СР Југославијa. Во 1999 година, дебитирал за репрезентацијата на Европското првенство 1999 во Франција, на кое СР Југославија освоила бронзен медал, но тој играл малку на турнирот поради повреда. На Олимписките игри 2000 во Сиднеј, Стојаковиќ со репрезентацијата на СР Југославија го освоил 6. место.[26]

Следната година тој ја предводел репрезентацијата на СР Југославије до златниот медал на Европското првенство во кошарка 2001 во Турција, каде бил најдобар стрелец на екипата со просек од 23 бода и избран за најкорисен играч на првенствотот. Во летото 2002, освоил уште една титула со репрезентацијата, кога СР Југославије триумфирала на Светското првенство 2002 во Индијанаполис; освен освојувањето на златниот медал, Стојаковиќ бил избран во најдобрата петорка на првенството заедно со останатите НБА ѕвезди како Ману Џинобили, Дирк Новицки и Јао Минг, и репрезентативецот на Нов Зеланд, Перо Камерон.

Стојаковиќ учествувал уште на Европското првенство 2003, када ослабената репрезентација сега позната како Србија и Црна Гора го освоила шестото место.

Титули и награди уреди

Клупски уреди

Црвена ѕвезда уреди

1992-1993

ПАОК уреди

1994-1995
1997-1998

НБА уреди

2010-2011
2002, 2003, 2004

Репрезентативни уреди

СР Југославија уреди

Статистика уреди

НБА уреди

Општи податоци уреди

Регуларна сезона

Плејоф

  • Натпревари: 95 [27]
  • Поени: 1.367 (14.4 ппн)[27]
  • Скокови: 463 (4.9 спн)[27]
  • Асистенции: 92 (1.0 апн)[27]
  • Најмногу бодови на еден плејоф натпревар: 39 против Далас Маверикс (10/5/2003)[28]
  • Најмногу скокови: 12 двапати[28]
  • Најмногу асистенции: 5 двапати[28]
  • Најмногу украдени топки: 3 6 пати[28]
  • Најмногу погодени тројки: 6 против Лос Анџелес Лејкерс (8/5/2011)[28]

Статистика по сезони уреди

Легенда
  ОН Одиграно натпревари   СН  Натпревари како стартер  МПН  Минути по натпревари
 ПШИ%  Процент на шут од игра  3П%  Процент на шут за три бода  СФ%  Процент на шут за слободни фрлања
 СкПН  Скокови по натпревар  AсПН  Асистенции по натпревар  УТПН  Украдени топки по натпревар
 БлПН  Блокади по натпревар  ППН  Поени по натпревар  Задебелено  Најдобро во кариерата
Означува сезони во кои Стојаковиќ го освоил НБА првенството
Регуларна сезона уреди
Година Екипа ОН СН МПН ПШИ 3П% СФ% СкПН АсПН УТПН БлПН ППН
1998–1999   Сакраменто Кингс 48 1 21.4 .378 .320 .851 3.0 1.5 .9 .1 8.4
1999–2000   Сакраменто Кингс 74 11 23.6 .448 .375 .882 3.7 1.4 .7 .1 11.9
2000–2001   Сакраменто Кингс 75 75 38.7 .470 .400 .856 5.8 2.2 1.2 .2 20.4
2001–2002   Сакраменто Кингс 71 71 37.3 .484 .416 .876 5.3 2.5 1.1 .2 21.2
2002–2003   Сакраменто Кингс 72 72 34.0 .481 .382 .875 5.5 2.0 1.0 .1 19.2
2003–2004   Сакраменто Кингс 81 81 40.3 .480 .433 .927* 6.3 2.1 1.3 .2 24.2
2004–2005   Сакраменто Кингс 66 66 38.4 .444 .402 .920 4.3 2.1 1.2 .2 20.1
2005–2006   Сакраменто Кингс 31 31 37.0 .403 .397 .933 5.3 2.2 .6 .1 16.5
2005–2006   Индијана Пејсерс 40 40 36.4 .461 .404 .903 6.3 1.7 .7 .2 19.5
2006–2007   Њу Орлеанс Хорнетс 13 13 32.7 .423 .405 .816 4.2 .8 .6 .3 17.8
2007–2008   Њу Орлеанс Хорнетс 77 77 35.2 .440 .441 .929* 4.3 1.2 .7 .1 16.4
2008–2009   Њу Орлеанс Хорнетс 61 59 34.2 .399 .378 .894 4.3 1.2 .9 .0 13.3
2009–2010   Њу Орлеанс Хорнетс 62 55 31.4 .404 .375 .897 3.7 1.5 .8 .1 12.6
2010–2011   Њу Орлеанс Хорнетс 6 0 14.8 .424 .440 .857 1.0 1.0 .3 .0 7.5
2010–2011   Торонто Репторс 2 0 11.0 .700 .667 1.000 1.5 .5 .0 .0 10.0
2010–2011   Далас Маверикс 25 13 20.2 .429 .400 .938 2.6 .9 .4 .1 8.6
Кариера 804 665 33.5 .450 .401 .895 4.7 1.8 .9 .1 17.0
Ол-стар 3 0 14.7 .364 .385 .000 2.0 1.0 .3 .0 7.0
Плејоф уреди
Година Екипа ОН СН МПН ПШИ 3П% СФ% СкПН АсПН УТПН БлПН ППН
1999   Сакраменто Кингс 5 0 21.6 .346 .214 1.000 3.8 .4 .6 .0 4.8
2000   Сакраменто Кингс 5 0 25.8 .400 .462 .667 3.4 .6 .8 .0 8.8
2001   Сакраменто Кингс 8 8 38.4 .406 .346 .968 6.4 .4 .6 .4 21.6
2002   Сакраменто Кингс 10 7 33.8 .376 .271 .897 6.3 1.0 .5 .0 14.8
2003   Сакраменто Кингс 12 12 40.5 .480 .457 .850 6.9 2.5 .8 .4 23.1
2004   Сакраменто Кингс 12 12 43.1 .384 .315 .897 7.0 1.5 1.8 .3 17.5
2005   Сакраменто Кингс 5 5 40.4 .470 .367 .955 5.2 1.4 .8 .2 22.0
2006   Индијана Пејсерс 2 2 25.5 .444 .000 .857 4.5 2.0 .5 .5 11.0
2008   Њу Орлеанс Хорнетс 12 12 37.9 .436 .549 .926 5.4 .5 .5 .1 14.1
2009   Њу Орлеанс Хорнетс 5 5 32.4 .367 .308 .923 2.8 .4 .8 .2 11.2
2011   Далас Маверикс 19 0 18.4 .408 .377 .778 1.7 .4 .6 .1 7.1
Кариера 95 63 32.7 .418 .376 .900 4.9 1.0 .8 .2 14.4

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Дресот на Стојаковиќ повлечен меѓу легендите на Сакраменто“. netpress.com.mk. 17. 9. 2014. Посетено на 25. 2. 2021.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  2. Ozmo, Saša (December 21, 2011). „Predrag Stojaković – kraj blistave karijere“. b92.net (српски). Посетено на March 15, 2015.
  3. 3,0 3,1 Vulić Zarić, Zorica. „Ko je ovaj čovek:Predrag Stojaković“. glas-javnosti.rs (српски). Посетено на March 15, 2015.
  4. „PAOKWorld.gr Αφιέρωμα στον Στογιάκοβιτς {{in lang|el}}“. Архивирано од изворникот на November 23, 2018. Посетено на September 18, 2014.
  5. „Stojaković's trade demand leaves Kings on verge of breakup“. Sports Illustrated. August 11, 2004. Архивирано од изворникот на August 13, 2004. Посетено на December 19, 2011.
  6. Sheridan, Chris (July 28, 2004). „Stojakovic scratches Olympics“. Usatoday.Com. Посетено на December 19, 2011.
  7. „Stojakovic willing to play for Kings if not moved – NBA – ESPN“. Sports.espn.go.com. October 1, 2004. Посетено на December 19, 2011.
  8. Αλέκα Καμηλά – Πρέντραγκ Στογιάκοβιτς: Στη Χαλκιδική με τα τρία παιδιά τους (грчки). FTHIS.gr.
  9. Α. Καμηλά – Π. Στογιάκοβιτς: Αγόρασαν βίλα στη Γλυφάδα! (грчки). NewsIt.gr. Архивирано од изворникот на August 12, 2014.
  10. Пеђа крије избегличку тугу и ћути („Блиц“, 9. август 2015)
  11. Peđa za MONDO: Neću da varam košarku! | Mondo, Пристапено 24. 4. 2013.
  12. 12,0 12,1 12,2 „На данашњи дан рођен Предраг Стојаковић“. Мојацрвеназвезда. 9. 6. 2015. Посетено на 10. 6. 2015.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  13. „PAOKWorld.com Αφιέρωμα στον Στογιάκοβιτς {{in lang|el}}“. Архивирано од изворникот на November 23, 2018. Посетено на September 18, 2014.
  14. PAOK @ Olympiacos; the last 4 minutes of the game на YouTube
  15. Stojaković za Artesta u Indijani!| B92.net, пристапено 24. 4. 2013.
  16. July 2006 Transactions Архивирано на 13 ноември 2012 г., NBA.com, accessed February 1, 2008.
  17. "Stojaković feat historic", NOLA.com, November 19, 2006, accessed February 11, 2008.
  18. Stojaković brojao do 42 | Novosti.rs, Пристапено 24. 4. 2013.
  19. http://www.interbasket.net/news/245/2008/05/peja-stojakovic-finding-his-game-in-new-orleans-2008-playoffs/
  20. „Reptors Acquire Bayless, Stojakovic And Cash Considerations From New Orleans“. NBA.com. 20. 11. 2010. Посетено на 21. 11. 2010.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)[мртва врска]
  21. „Reptors Release Peja Stojakovic“. NBA.com. 20. 1. 2011. Посетено на 20. 1. 2011.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)[мртва врска]
  22. „Peja Stojaković signs with Mavs“. ESPN. 2011-01-24. Посетено на 2011-01-24.
  23. Beck, Howard (12 June 2011). „Mavericks Defeat Heat for First Title“. nytimes.com. Посетено на 15 March 2015.
  24. 24,0 24,1 „Stojakovic NBA.com profile“. Архивирано од изворникот 2012-02-11. Посетено на 2012-02-11.
  25. Stein, Marc (December 19, 2011). „Peđa Stojaković to retire after 13 years“. ESPN. Посетено на December 19, 2011.
  26. Yugoslav Olympic participants by sports – Basketball, OKS.org.yu, accessed February 1, 2008.
  27. 27,0 27,1 27,2 27,3 27,4 27,5 27,6 27,7 „Вкупно бодови, скокови и асистенции во НБА кариерата“. basketball-reference. Архивирано од изворникот на 2013-06-27. Посетено на 18 февруари 2021.
  28. 28,00 28,01 28,02 28,03 28,04 28,05 28,06 28,07 28,08 28,09 „Најдобро во НБА кариерата“. basketball.realgm.com. Посетено на 18 февруари 2021.

Надворешни врски уреди