Предлошка:Скала за квалитет

Скала за оценување на квалитетот на страниците
Класа Критериуми Доживување на читателот Совети за уредувачите Пример
Избрана статија ИС Избрана статија — Статијата била номинирана и го добила статусот на избрана статија од страна на заедницата. Професионална, извонредна и темелна; дефинитивен извор за енциклопедиски информации. Не е потребно додавање на содржина освен ако не станат достапни нови информации; понатамошни подобрувања на квалитетот на прозата се секогаш можни. Ли Куан Ју
(заклучно со јуни 2012)
Добра статија ДС Добра статија — Потполна, стабилна, добро напишана, доволно точна и проверлива; соодветно обележана по слободна проценка на некој уредувач и дел од Инкубаторот. Корисна за скоро сите читатели, без очигледни проблеми; се приближува (иако не е изедначена) до квалитетот на една професионална енциклопедија. Потребни се некои уредувања од експерти за темата или за стил; споредба со постоечка избрана статија на слична тема може да покаже одредени области каде што содржината е слаба или недостасува. Макемаке
(заклучно со јули 2012)
I Полна статија — Статијата е скоро комплетна во однос на содржината и нема некои поголеми проблеми, но има потреба од дополнителна работа за да ги исполни стандардите за добра статија. Читателите се задоволени, но содржината можеби не е доволна да задоволи еден сериозен ученик, студент или истражувач. Потребно е уредување од експерт на темата. Содржината на статијата може да биде збогатена со илустрации, историска позадина и дополнителни наводи. Можно е да има неколку проблеми во содржината и стилот кои треба да бидат решени. Ако статијата не е потполно или соодветно викифицирана, сега е моментот да се реши тоа. Второ Бугарско Царство
(заклучно со јули 2012)
II

Развиена статија — Статијата има доста содржина, но сè уште ѝ недостасуваат важни информации и/или има многу неважен материјал. Таа треба да има извори до веродостојни извори, но сè уште може да има значајни проблеми или да има потреба од значително расчистување.

Статијата е подобро развиена во стил, структура и квалитет од класа III, но ѝ недостасуваат некои од критериумите за класа I. Може да има празнини или да има недостиг на елементи; има потреба од уредување за разјаснување, рамнотежа или леснотија на читање; може да има нарушувања на одредени начела, како на пример пристрасност, свое истражување или пишување од перспектива на фиктивен универзум (на пример, во статии за научно-фантастични дела).

Корисна за обичниот читател, но не може да ја даде комплетната слика ниту за едно средно детално истражување. Потребно е значајно уредување за да се затворат недостатоците во содржината и да се решат проблемите кои бараат внимание. Катерина Арагонска
(заклучно со мај 2012)
III

Статија во развој — Статија која се развива, но која сè уште не е комплетна и која бара дополнителни веродостојни извори. Статијата има некои добри информации, но е слаба во многу области. Квалитетот на прозата можно е да е значително неенциклопедиски, а придржувањето кон ПзС да е непостоечко. Сепак, статијата треба да задоволи одредени основни начела, како значајност и БЖЛ, а и да нуди извори за да биде проверлива. Статиите во оваа класа не треба да се во опасност од брзо бришење.

Нуди некои корисни информации, но мнозинството читатели ќе сакаат повеќе. Давањето на наводи до веродостојни извори треба да биде приоритет; на статијата ќе ѝ требаат и значителни подобрувања во содржината и организацијата. Ботаника
(заклучно со јули 2012)
IV

Никулец — Многу основен опис на темата. Статијата е или многу кратка, или е груба збирка на информации на која ќе ѝ треба многу работа за да стане статија со смисла. Обично е многу кратка, но ако материјалот е неважен или неразбирлив, тогаш статија од каква било должина припаѓа на оваа категорија.

Нуди многу малку корисни информации; може да биде и малку поголема од обична дефиниција во речник. Какво било уредување или дополнителен материјал би биле корисни. Додавањето на значајна содржина треба да биде приоритет. Човечка глава
(заклучно со јули 2012)
Список Список — статија чија основна содржина е список кој се состои од врски до статии од областа на одредена тема. Нема дефиниран формат за сите списоци, но нејзината организација треба да биде логична и корисна за читателот. Списоците треба да бидат збирки од врски до статии на Википедија, соодветно именувани и организирани. Список на англиски монарси
(заклучно со мај 2012)
Икона за документација Документација за предлошка[преглед] [уреди] [историја] [превчитај]

Употреба уреди

Оваа скала за квалитет можете да ја приспособите за вашиот википроект со додавање на името на проектот и посебни примери (од статии кои ги покрива проектот) за секоја класа.

{{Скала за квалитет 
 |проект =
 |ПримериИзбрана =
 |ПримериДобра =
 |ПримериПолна =
 |ПримериРазвиена =
 |ПримериВоРазвивање =
 |ПримериНикулец =
 |ПримериСписок =
}}

Поврзано уреди

Предлошки за квалитет уреди

Предлошки за квалитет и важност уреди

Останато уреди

  • {{ВикиПроектСтатија}} — метапредлошка за создавање предлошки за бележење и оценување на статии за википроекти