Првце

село во Општина Теарце, Македонија

Првце — село во Општина Теарце, во областа Долен Полог, во околината на градот Тетово.

Првце

Поглед на селото Првце

Првце во рамките на Македонија
Првце
Местоположба на Првце во Македонија
Првце на карта

Карта

Координати 42°7′39″N 21°4′29″E / 42.12750° СГШ; 21.07472° ИГД / 42.12750; 21.07472Координати: 42°7′39″N 21°4′29″E / 42.12750° СГШ; 21.07472° ИГД / 42.12750; 21.07472
Регион  Полошки
Општина  Теарце
Област Долен Полог
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1203
Повик. бр. 044
Шифра на КО 28060
Надм. вис. 1.040 м
Првце на општинската карта

Атарот на Првце во рамките на општината
Првце на Ризницата

Географија и местоположба уреди

 
Куќа во селото

Ова село се наоѓа во областа Долен Полог, на територијата на Општина Теарце.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 1.040 метри.[2]

Првце е мало село на Шар Планина, на висорамнина од околу 1.050 метри. Водата за пиење во селото доаѓа од една чешма, која е во селото.[3]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Душк, Воре (Гробишта), Цигар, Кодра Мулајн, Равштаја, Дамњан-камен, Присој, Кштење, Папрадница, Карпа, Буршаи Милованит (Милованова Црешна), Збирало, Кепи Самар, Кепи Стој Камен, Ливад, Шулан, Те Џибрет и Аишта.[3]

Селото има збиен тип, не е поделено на маала.[3]

Историја уреди

Првце е старо село, кое било населено со албанци. Според турски документи од 1626-1627 година селото се наоѓало во вилаетот Калканделен (Тетово) и било населено од 17 немуслимански семејства (домаќинства), католички албански семејства. Кон краjот на XIX век Првце веќе било наполно албанско село во Тетовска каза, во кое живееле 70 Албанци.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Првце имало 70 жители, сите Албанци.[4]

Селото било наполно раселено во 1971 година, кога што броело 109 жители, албанско население.[2]

Стопанство уреди

Атарот зафаќа простор од 7 км2.[2]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948238—    
1953269+13.0%
1961286+6.3%
1971109−61.9%
19810−100.0%
ГодинаНас.±%
199100.00%
199400.00%
200227—    
20210−100.0%

Според турски документи од 1626-1627 година селото се наоѓало во вилаетот Калканделен (Тетово) и било населено од 17 немуслимански семејства (ханета), католички албански семејства. Кон краjот на XIX век Првце веќе било наполно албанско село во Тетовска каза, во кое живееле 70 Албанци.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Првце имало 70 жители, сите Албанци.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Албанци.[5]

Селото било наполно раселено во 1971 година, кога што броело 109 жители, албанско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Првце живееле 27 жители, сите Албанци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 70 238 269 286 109 0 0 0 27 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови уреди

Првце е албанско муслиманско село, иако до почетокот на XIX во него живеело само македонско православно население. Доселените Албанци се од северниот дел на Албанија.[3]

Според истражувањата од 1948 година, родови во селото се:

  • Доселеници: Кикировци (7 к.), по потекло се од фисот Бериша во северна Албанија. Роднини имаат во Одри и во Радуша; Колесњан (10 к.), доселени се од селото Колесњан во Љума, северна Албанија. Имаат роднини во Одри; Топојан (6 к.), доселени се од истоименото село Топојани во Љума, северна Албанија.

Иселеништво уреди

Од старите македонски родови кои живееле во селото сега се знае само за родот Стееќевци (28 к.) кои се иселиле во соседното село Одри.[3]

Самоуправа и политика уреди

 
Селската џамија

Во XIX век, Првце било село во Тетовската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Теарце, една од ретките општини која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така било дел од некогашната Општина Теарце.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Тетово. Селото припаѓало на некогашната општина Теарце во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Вратница, во која покрај селото Првце, се наоѓале и селата Беловиште, Вратница, Јажинце, Нераште, Одри, Орашје, Рогачево и Старо Село. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната општина Доброште, во која влегувале селата Доброште, Нераште и Првце.

Избирачко место уреди

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 2015 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во селото Одри.[11]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 823 гласачи.[12]

Културни и природни знаменитости уреди

Џамии[3]

Личности уреди

Родени во или по потекло од Првце

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 242. Посетено на 21 август 2021.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ. стр. 306–307.
  4. 4,0 4,1 Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 211.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 21 август 2021.
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 21 август 2021.
  12. „Предвремени избори за пратеници 2020“. Посетено на 21 август 2021.
  13. „Државен Правобранител за Тетово“. Државно правобранителство на Македонија. Архивирано од изворникот на 2009-12-24. Посетено на 2010-01-12.

Надворешни врски уреди