Прва книга (обично нарекувана Unua Libro) — првата книга која го опишала есперанто, тогаш наречен „меѓународен јазик“ (Lingvo Internacia). Била издадена на руски на 26 јули 1887 година во Варшава, од полскиот окулист Лудвиг Лазар Заменхоф. Во следните неколку години биле издадени изданија на полски, руски, хебрејски, француски, германски и на англиски. Оваа книшка ја вклучувала Оче наш, некои стихови од Библијата, писмо, поезија, шеснаесетте граматички правила и 900 корени на зборови. Во книгата, Заменхоф објавил „меѓународен јазик, како националниот, е општо добро“ и се откажал од сите права на јазикот, што значело дека го ставил во јавна сопственост. Заменхоф го потпишал делото како „Докторо Есперанто“ (Доктор што се надева). Оние кои започнале да го учат новиот јазик започнале да го нарекуваат „есперанто“ по псевдонимот на Заменхоф и наскоро станало официјално име на јазикот.

Unua Libro (прво издание, 1887 г., на руски)
Unua Libro por Angloj (прво издание, 1888 г., на англиски).

Првото англиско издание, насловено „Меѓународен јазик Д-р Есперанто“, било преведено од Џулијан Стејнхаус. Кога Ричард Х. Гејган посочил дека преведот на Стејнхаус бил на многу лош англиски, Заменхоф ги уништил преостанатите копии и го ангажирал Гејган за нов превод.

Во 1905 година, Заменхоф повторно ги објавил шеснаесетте граматички правила, заедно со речник и збирка на вежби, во дело наречено Fundamento de Esperanto (Основи на есперанто).

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди