Прасловенски јазик

Прасловенски јазик — прајазикот од којшто произлегуваат старословенскиот и подоцна сите други словенски јазици. Се зборувал пред 7 век. Прасловенскиот произлегол од хипотетичкиот праиндоевропскиот јазик.

Прасловенскиот јазик не е документиран писмено и затоа во научните истражувања е реконструиран преку аплицирање на компаративно-историскиот метод врз најстарите текстови напишани на старословенски јазик и другите најблиски индоевропски јазицибалтички и германски.

Потекло уреди

Според некои јазичари, прасловенскиот јазик се појавил пред 1 илјадалетие пр.н.е. Спорно е дали се одделил директно од праиндоевропскиот јазик или се одделил подоцна од прабалтословенскиот јазик.

Територија уреди

На прасловенски јазик се зборувало во прататковината на Словените, која според полскиот славист Тадеуш Лер-Сплавински се наоѓала во земјите меѓу Одра и Висла, според рускиот славист Федот Петрович Филин (19081982) – во териториите меѓу среден Днепар и западен Буг, на југ од Припјат и на север од крајцрноморските степи, а според бугарскиот проф. Иван Леков – на широка територија од Днепар до Висла, со динамични граници, слаба дијалектна диференциација и двонасочни миграции.