Прабугаризмот (руски: Булгаризм) е политичка идеjа поддржувана од дел од жителите на Република Татарстан кои сметаат дека нивното потекло е поврзано со тоа на Прабугарите, а не со тоа на Татарите.[1] Според прабугаристите, името Татари им е неправедно дадено, а нивното вистинско име е Прабугари (руски: Булгары). Тие тврдат дека историските Татари биле насилници врз автохтоните Волшки Прабугари и некои од нив денес се изjaснуваат како "Прабугари".[2] Прабугаристите се дискриминирани од официјалната влада на републиката како политички неудобни.

Руски пасош од 1996 г. издаден на жителка на руската република Татарстан, во која е наведена народноста Прабугарка (руски: Булгарка)

Надворешни врски уреди

Белешки уреди

  1. Цвиклински С. Татаризм vs булгаризм: «первый спор» в татарской историографии, Ab imperio, №2, 2003.
  2. Ассоциация национально-культурных объединений Республики Татарстан. Общественная организация «Булгарская община г. Казани».

Поврзано уреди