Почеп

село во Воденско, Егејска Македонија

Почеп (грчки: Μαργαρίτα, Маргарита, до 1926 г. Πότσεφ, Поцеф или Πότσεπ, Поцеп[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 157 жители (2011) и до денес е целосно населено со Македонци.[3]

Почеп
Μαργαρίτα
Почеп is located in Грција
Почеп
Почеп
Местоположба во областа
Почеп во рамките на Воден (општина)
Почеп
Местоположба на Почеп во општината Воден и областа Централна Македонија
Координати: 40°52.90′N 22°01.81′E / 40.88167° СГШ; 22.03017° ИГД / 40.88167; 22.03017Координати: 40°52.90′N 22°01.81′E / 40.88167° СГШ; 22.03017° ИГД / 40.88167; 22.03017
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостол
ОпштинаВоден
Општ. единицаВоден
Надм. вис.&10000000000000400000000400 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно157
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба уреди

Селото се напоѓа околу 10 км северно од градот Воден, а околу 3 км западно од патот Воден - С’ботско. Лежи на подножјето на планината Ниџе, на надморска височина од 400 м.[3]

Историја уреди

Во антиката уреди

Во близина на селото се наоѓаат остатоците од старомакедонската населба Маргарит, каде во XIX век се евидентирани рушевини и најдени монети.[4] Денешното грчко име се води според ова наоѓалиште, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија.

Осмалинско време уреди

Според месните преданија, по убиството на Али-паша Јанински селото било претворено во турски чифлик.[4] Записите од втората половина на XIX век говорат за Почеп како чисто македонско село во Воденската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г., Почеп (Potcheppe) е село во Воденската каза со 41 куќи и вкупно 246 жители Македонци.[5][6] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. в селото живееле 200 жители, сите Македонци[5].[7]

Целото село било под врховенството на Бугарската егзархија. Во 1904 г. во Почеп е отворено бугарско училиште.[8] Според податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Почеп (Potchep) имало 208 Македонци[5] под егзархијата и работело бугарско училиште.[9] Во истиот период, Милоевиќ го регистрира селото со 30 македонски куќи.[3]

Во 1910 г. селото настрадало во разоружувачката акција на младотурците, кога на 24 октомври влегла војска која го окупирала селото и жестоко сто стапови ги тепала мештаните Трпче Попниколов, кметот Петре Чичов, Христо Божинов, Атанас Згудев, Петре Гоцев Карфиев, Jane Думов и Ѓорѓи Трпенов. Потоа, сите машки селани на возраст над 15 години се изведени вон селото и натерани да стојат на една нога цела ноќ (11 часа).[10]

Припојување кон Грција уреди

Со Букурешкиот договор во 1913 г. Почеп е припоен кон грчката држава, кога имал 148 жители.[3] Во 1920 г. се забележани 177 жители. Дел од населението се иселило, а на негово место во 1924 г. грчките власти доселуваат 26 Грци-бегалци, со што селото добило мешан карактер. Во 1926 г. Почеп е преименуван во Маргарита, а во 1928 г. е претставено како село со 6 доселенички семејства, со вкупно 20 члена.[11] Сепак, доселниците набргу го анпуштиле селото, и тоа останало чисто македонско.

Втора светска и Граѓанска војна уреди

За време на Втората светска војна селото било окупирано од Бугарите, кои воспоставиле бугарска општинска власт.[12]

Почеп на страдал и во Граѓанската војна, кога во зимата 1947 г. властите го иселиле населението во Воден.[3] По нормализацијата на состојбата, селото било обновено. Порави нивното учество во војната, неколку семејства и поединци од селото морале да се преселат во Р. Македонија.[3]

Население уреди

Денес населението на останува целосно македонско и непроменето.[3]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 217 183 222 226 229 228 209 157
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика уреди

Селото припаѓа на општинската единица Воден со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Луковец, во кој спаѓаат и селата Луковец, Волкојанево и Самар.

Стопанство уреди

Главно занимање на населението се сточарството и земјоделството (главни производи се цреши и жито).

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Πότσεφ -- Μαργαρίτα
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 56.
  4. 4,0 4,1 Думев, В. Из спомените на две учителки в Македония, Македонски преглед, година I, 1925, кн. 5 и 6, стр. 146-147.
  5. 5,0 5,1 5,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  6. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 156-157.
  7. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 150.
  8. Илюстрация Илинден, година 9, книга 9 (89), ноември 1937, стр. 2.
  9. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 190-191.
  10. Дебърски глас, година 2, брой 28, 7 ноември 1910, стр. 4.
  11. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  12. Мичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.)