Оваа статија е за поимот “потсвест” користен во секојдневниот говор и во Њу Ејџ литературата.

Терминот потсвест се користи во многу различни контексти и нема една или точно определена дефиниција. Ова, во голема мера, го ограничува неговото значење како дефиниран концепт, како резултат на што се избегнува негово користење во академските и научните области.

Потсвест е она што ни е скриено од нашиот моментален мисловен процес, но и покрај тоа потсвеста него го диктира. Свеста ни диктира што во моментот ќе работиме, зборуваме, правиме, но, свеста и потсвеста комуницираат тајно, свеста ја имплементира состојбата на потсвеста. Влезните стумулуси што ги прима човек, кога ќе ги согледа потсвеста, врз основа на конфигурацијата на потсвеста, претходно здобиени мемории и претходно стекнато искуство, дава, изнесува, одредена реакција на мозокот, на свеста, дава одреден излезен стимулус.

Сепак, во секојдневниот говор и во современиот пишан збор, терминот многу често се сретнува како несоодветна замена на изразот несвесен ум, кој, според мислењето на Фројд, означува складиште на социјално неприфатливи идеи, желби или копнежи, трауматски сеќавања и болни емоции, кои се потиснати во умот, преку механизмот на психолошко потиснување. Од психолошки аспект, несвесноста е сила која може да се препознае преку нејзините последици – таа се изразува преку симптомите. Несвесните мисли не подлежат на самокритика но, постои можност да бидат “набљудувани” и “протолкувани”, со помош на специјални методи и техники, како што се медитација, анализа на сонови, грешки во говорот (познато како Freudian slip), кои се испитуваат и водат за време на психоанализа. Карл Јунг го унапредил овој концепт. Тој го поделил несвесното на два дела: лична несвесност и колективна несвесност. Личната е ризница на реалноста, која некогаш била свесност но, била заборавена или потисната.

Идејата за “потсвесното” како моќно и силно средство, овозможила терминот да стане значаен во Њу Ејџ и во литературата за самопомош, кои го сметаат за предност неговото истражување и контролирање. Њу Ејџ заедницата верува дека техниките како автосугестија и афирмација ја користат моќта на потсвеста за да влијаат на животот на една личност, дури и дека можат да излечат болест. Скептичните истражувачки магазини го критикувале недостатокот од точна определеност и тестирање на овие тврдења. Физичарот Али Алуси, на пример, ги критикувал како нешта кои се немерливи и се сомневал во веројатноста дека мислите можат да влијаат на нешто што се наоѓа надвор од главата. Покрај тоа, критичарите тврделе дека доказите се обично субјективни и дека поради субјективната природа на позитивните извештаи, тие се чувствителни на потврдна и селективна пристрасност.

Зборот “потсвест” е англиска верзија на францускиот “subconscient” кој бил воведен од страна на психологот Пјер Џенет. Пјер лично се уверил дека потсвеста има активна улога во хипнотичката сугестија и ја смета за област на психата до која се испраќаат идеи, преку процес кој вклучува “поделба” на умот и ограничување на полето на свеста.

“Потсвеста” и психоанализата уреди

Иако нестручните лица често препоставуваат дека “потсвеста” претставува психоаналитички термин, во суштина не е така. Уште во 1915 година, Сигмунд Фројд : “Исто така би згрешиле ако го сметаме поимот потсвест за неточен и лажен”. Неговите приговори биле објаснети во подоцнежните објави:

“Доколку некој зборува за потсвест, не можам да кажам дали тој мисли на терминот во топографска смисла – за да укаже на нешто што се наоѓа во умот, под свесноста – или во квалитативна смисла – за да укаже на друга подземна свест,каква и да е таа. Тој веројатно, не е сигурен ни во едното, ни во другото. Единствената сигурна антитеза е онаа помеѓу свесното и несвесното.”

Оттука, како што објаснил и Чарлс Рикрофт, “потсвест” е термин кој “никогаш не се користи во психоаналитичките текстови”. И, според зборовите на Питер Геј, употребата на “потсвест”, кога се мисли на “несвесност” е “честа грешка”; и навистина, “кога [терминот] се користи за да се каже нешто “Фројдовско”, тоа е доказ дека писателот не го прочитал својот Фројд.”

Сопствените термини на Фројд за мисловен процес надвор од свесноста, биле das Unbewusste (преведен од страна на неговите преведувачи како “несвесното”) и das Vorbewusste (“предсвесност”); во овој контекст, неформалната употреба на терминот “потсвест” предизвикува забуна, бидејќи не објаснува кој (доколку некој) од овие термини се однесува на неа. Разликувањето на истите е од големо значење, бидејќи, според Фројд, Несвесното е “динамична” несвесност, а Предсвесното е главно “описна”, оттука: содржината на Несвесното бара посебни истражувачки техники за нејзино искористување, додека, кај Предсвесното нешто се потиснува и потсетува на свеста преку едноставно посветување внимание. Погрешната, фројдовска употреба на “потсвесно” и “потсвест” има свој еквивалент во германскиот јазик, каде зборовите das Unterbewusste и das Unterbewusstsein, исто така, грешно се употребуваат.

“Њу Ејџ” и други “маргинални” правци кои се насочени кон “потсвеста” уреди

Како што е наведено погоре, психолозите и психијатрите го користат терминот “потсвест” само во ситуации кога многу нестручни лица, особено оние од областа на метафизиката и Њу Ејџ литературата, го користат овој термин. Сепак, не треба да се залкучи дека православниот концепт за несвесното и концептот на Њу Ејџ за потсвеста се еднакви. Очекувано, психолозите и психијатрите, имаат многу поограничен поглед на можностите на потсвеста од оној на Њу Ејџ кој ја опишува потсвеста како возвишена и семоќна.Постојат голем број на методи кои се користат во современата Њу Ејџ и во другите нестандарни заедници, со кои директно се влијае на другиот:

Поврзано уреди

Трансдисциплинарни теми