Постојан комитет на Националното народно собрание

Постојаниот комитет на Националното народно собрание или ПКННС (кин. 全国人民代表大会常务委员会, пинјин: Quánguó Rénmín Dàibiǎo Dàhuì Chángwù Wěiyuánhuì, мак. тр. „Чиенгуо женмин дајбиао дахуј начгцу вејјуенхуј“) е комитет од 150 члена во рамките на Националното народно собрание (ННС) на Народна Република Кина. Комитетот заседава помеѓу пленарните седници на ННС. Има уставно овластување да врши измени на законите (во границите на она што ќе го одреди ННС), и така дејствува како де факто законодавно тело. На негово чело стои претседател - најважниот законодавец во Кина. Претседателот е трет функционер по важност во земјата, по Генералниот секретар на партијата и претседателот на државата (што обично е еден ист човек). Моменталниот претседател на ПКННС е Џанг Деѓанг.

Државни органи на НР Кина
Народна Република Кина

Оваа статија е дел од темата:
Политика на Кина



ПКННС е овластен да ги толкува законите на НР Кина, вклучувајќи го уставот. За разлика од други земји, каде каде конечното толкување и одлука ја има врховен суд, во НР Кина уставното и правното толкување се смета за законодавна, а не правосудска активност. Функциите се разделени така што ПКННС дава правно толкување, а одлуките ги носи Врховниот народен суд (или Апелациониот суд, во случај на Хонгконг). Бидејќи толкувањето на ПКННС е законодавно, а не само правосудно, исто не се однесува на веќе решени случаи.

Претседател и заменици уреди

  • Заменици (13):
    • Ли Џенгуо
    • Ванг Шенгџуен
    • Чен Чангџе
    • Јен Јинчи
    • Ванг Чен
    • Шен Јуејуе
    • Џи Бингсјуен
    • Џанг Пинг
    • Џампа Пунцог
    • Аркен Имирбаки
    • Ван Есјанг
    • Џанг Баовен
    • Чен Џу


Претседател уреди

Претседателот на ПКННС претседава со ова законодавно тело. Функцијата е слична, но не сосем иста со претседател на собрание. Тековен претседател е Џанг Деѓанг

Поврзано уреди