Портал:Телевизија

Добредојдовте на Портал телевизија

уреди   

Избрана статија

Теленовела е играна телевизиска серија којашто по содржината и форматот одговара на сапуница, но од неа се разликува по тоа што бројот на епизодите однапред е ограничен, а претставува одреден хибрид помеѓу сапуница, драмска серија и минисерија.

Форматот теленовела настанал во Латинска Америка во 1950те, и од почеток исклучиво бил за државите од тоа подрачје. Од 1980те, сериите постепено почнале да освојуваат и други телевизиски пазари, а со времето и да инсипираат серии на тие пазари.

Првата теленовела прикажана во подрачјето на бившата Југославија била бразилскатаРобинката Исаура“ (Escrava Isaura) кон крајот на 1980те. Прочитајте повеќе

уреди   

Телевизиски канал

МРТ каналот е третиот канал на Македонската радио-телевизија. Основан е на 7 јануари 1991 година како Канал 3 на Телевизија Скопје

На 7 јануари 1991 година Телевизија Скопје започнува да емитува програма и на својот трет канал. „Канал 3” се емитува пет дена во неделата по четири часа, целосно „во живо” и со поведри содржини низ кои за првпат во програмите е применет телефонски разговор со гледачите, како и повеќе други атрактивни програмски содржини и акции со кои се анимираат гледачите. Во другите часовни појаси Третиот канал е исполнет со преземена сателитска програма и пренесува активностите на Собранието. Прочитајте повеќе

уреди   

Телевизиски серијал

ТВ серијата „Пријатели“ (англиски Friends) е наградувана американска комедија за група од шест пријатели кои живеат во Њујорк. Премиерно е прикажана од 1994 до 2004. Создадена е од Дејвид Крејн и Марта Кауфман, а продуцирана од Кевин С. Брајт, Марта Кауфман и Дејвид Крејн. Оваа серија е една од најпопуларните серии на сите времиња, и е прикажана во повеќе од 100 земји. Последната епизода е една од најгледаните епизоди во САД.

Во Македонија, серијата првобитно беше емитувана на неколку телевизии, но првпат во целост беше прикажана на А1 телевизија. Моментално, повторно се емитува на А2 телевизија. Прочитајте повеќе

уреди   

Избрана слика

Професионална видеокамера, често наречена и телевизиска камера поради нејзината употреба од страна на телевизиските сниматели


уреди   

Дали знаете...

уреди   

Анимиран телевизиски серијал

Ну, погоди! (руски: Ну, погодѝ!, /ну, пагад'ѝ/ во превод: Само застани!) е советски и руски цртан филм. Тој е еден од најпознатите и најуспешни анимирани серијали на советската кинематографија. Серијалот доживува огромна популарност во земјите на Источниот Блок, вклучително и во Македонија. Се емитува во периодот од 1969 до денес.

Главни ликови во филмот се Зајакот (руски Заяц) и Волкот (руски Волк). Тие се олицетворени на стереотипот: плен - гонител кон кој е придодаден уште еден друг стереотип: пленот секогаш успева да се извлече. Прочитајте повеќе

уреди   

Категории

уреди   

Поврзани портали

уреди   

Телевизија на останатите вики проекти...

Викивести
(англиски)
Викицитат
(англиски)
Викиризница
(англиски)
Викиизвор
(англиски)
Викикниги
(англиски)