Попладнето на еден Фаун

„Попладнето на еден Фаун“ (француски: L'après-midi d'un faune) — поема (драма во стихови) на францускиот поет Стефан Маларме, објавена во 1876 година.

Содржина уреди

Осврт кон делото уреди

Маларме почнал да го пишува „Попладнето на еден Фаун“ откако во јуни 1865 година неочекувано ја прекинал исцрпувачката работа на поемата „Иродијада“. Притоа, во „Поладнето на еден Фаун“ тој тргнал по спротивен пат споредено со „Иродијада“: почнал да работи на поема која содржела „мноу возвишена и убава“ идеја која по секоја цена морала да биде и сценска. Но, иако било наменето за прикажување во театарот и ги воодушевило поетот Теодор де Банвил и глумецот Коклен, делото никогаш не било изведнео пред публиката поради непостоење на „неопходното дејствие“. За разлика од „Иродијада“, „Попладнето на еден Фаун“ претставува духовно олеснување и препуштање на природните и телесните задоволства; тоа е сончева пасторала во која Маларме пронашол оддишка за своите мажествени заноси. Во книжевен поглед, оваа поема ја открива неговата сродност со барокната уметност, но истовремено таа го наговестува и делото на Пол Валери. Маларме работел на поемата многу долго и со години нешто поправал, бришел, допишувал и менувал. Во 1874 година, Маларме му го понудил делото на уредникот на книжевното списание „Современ Парнас“, но поемата била одбиена. Најпосле, делото било објавено во 1876 година, во луксузно издание со цртежи на Едуар Мане. Подоцна, откако врз основа на ова дело, Клод Дебиси ја компонирал својата фантазија за флејта и оркестар и по кореографската обработка на Нижински, делото се стекнало со голема популарност.[1]

Наводи уреди

  1. Коља Мићевић, „Стефан Маларме“, во: Стефан Маларме, Песме. Београд: Култура, 1970, стр. XXVI-XXVIII.