Полјани (Воденско)

село во Меглен, Воденско, Егејска Македонија

Полјани (грчки: Πολυκάρπη, Поликарпи; до 1925 г. Πόλιανη, Полјани[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Меглен на Постолскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.049 жители (2011). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци.[3]

Полјани
Πολυκάρπη
Полјани is located in Грција
Полјани
Полјани
Местоположба во областа
Полјани во рамките на Меглен
Полјани
Местоположба на Полјани во Постолскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°55.34′N 22°0.58′E / 40.92233° СГШ; 22.00967° ИГД / 40.92233; 22.00967Координати: 40°55.34′N 22°0.58′E / 40.92233° СГШ; 22.00967° ИГД / 40.92233; 22.00967
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостолски
ОпштинаМеглен
Општ. единицаС’ботско
Надм. вис.&10000000000000160000000160 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно1.049
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија уреди

Селото е сместено во западниот дел на котлината Меглен, на 7 км југозападно од С’ботско и 16 км северно од Воден.[3]

Историја уреди

Во Османлиското Царство уреди

Селото имало значајно македонско муслиманско население кое во немирни времиња го примило исламот за да обезбеди сигурен опстанок.[3] Во XIX век Полјани било село во Воденската каза. Според хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ кон крајот на XIX век Полјани (Полјане) било село сочинето од Македонци-христијани и Македонци-муслимани. со вкупно машко население од 443 лица (131 домаќинство).[4][5]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Полјани (Polyani) било село во Воденската каза со 225 куќи, и тоа 140 Македонци-христијани и 715 Македонци-муслимани.[4][6] Согласно статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Полјани било верски мешано македонско село, со 150 Македонци-христијани и 1.100 Македонци-муслимани.[4][7]

Христијанското население на Полјани потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Полени (Poleni) имало 200 Македонци под егзархијата.[8] Во 1909 г. во бугарска пропаганда отворила училиште.[9]

Во Грција уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 1.439 жители.[3] Во овој период Боривое Милоевиќ го завел со 260 куќи (погрешно сметајќи ги сите за муслимански). Во 1920 г. населението се намалило на 1.178 жители,[3] веројатно поради војните. Во 1924 г. сето муслиманско население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доселени 953 грчки дојденци од Мала Азија.[3] Во 1925 г. селото е преименувано во Поликарпи. Според пописот од 1928 г. селото било етнички мешано (во огромна полза на дојденците), со вкупно 301 семејства и 1.123 лица.[10] Во 1940 г. е забележано дека Полјани броело 1.553 жители, од кои само 120 Македонци.[3] Во текот на следните периоди селото бележи пад поради иселувањето во градовите, а делумно и во странство.

Население уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 1.553 1.264 1.348 1.155 1.046 1.141 1.071 1.049
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство уреди

Селото лежи во рамничарски предел кој добро се наводнува и дава големи количества овошје, десертно грозје, индустриски пиперки, тутун, жито и други земјоделски производи.[3]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Πόλιανη -- Πολυκάρπι
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 96–97.
  4. 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Райчевски, Стоян (2004) [1998]. „ГЕОГРАФСКИ ПРЕДЕЛИ – Македония“. Българите мохамедани (второ издание. изд.). София: Национален музей на българската книга и полиграфия. стр. 123. ISBN 954-9308-51-0.
  6. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 156 - 157.
  7. Кънчов, Васил. „Воденска Каза“. Македония. Етнография и статистика. София: Българско книжовно дружество в София. стр. 150.
  8. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 190-191.
  9. Илюстрация Илинден, година 9, книга 9 (89), ноември 1937, стр. 2.
  10. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.