Полска гуска
Полска гуска
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Гусковидни
Семејство: Anatidae
Потсемејство: Anserinae
Племе: Anserini
Род: Anser
Brisson, 1760
Species

Taiga Bean-Goose Anser fabalis
Tundra Bean-Goose Anser serrirostris

Полската гуска живее во северна Европа и Азија. Има две варијанти од оваа гуска, едната живее во тајга, другата во тундра. Американскте орнитолози овие две ги сметаат за посебни видови, додека пак британските сметат дека станува збор за еден вид. Полската гуска е миграторна птица (преселница) и зимите ги поминува во јужна Европа или Азија. Ја има и во Македонија.

Опис уреди

Полската гуска е долга од 68 до 90 см, распонот на крилјата се движи од 140 до 174 см и тежи од 1,7 до 4 килограми.[2] Односно, мажјаците тежат просечно 3,2 килограми, а женките 2,84.[2] Клунот им е црн во основата и на врвот, а на средината имаат портокалова лента, нозете им се светлопортокалови.

Горниот дел од крилата им се темнокафени како кај обичната белочелна гуска (Anser albifrons) и малата белочелна гуска (A. erythropus), но разликата е во тоа што пердувите им се порабени со тенка бела линија.

Се огласуваат со гласно назално трубење, составено од два до три слога.

Сродната розовонога гуска (A. brachyrhynchus) има краток клун, блескаво розов на средината, а и нозете ѝ се розови; горниот дел од крилата се речиси исто модрикаво-сиви како дивата гуска. Во големината и структурата на клунот, таа е многу слична на Anser fabalis rossicus, која во минатото беше сметана за шести подвид на дивата гуска.

Таксономија уреди

Англискиот назив, како и латинскиот, биномен назив на дивата гуска (Bean - en, Faba - lat. - грав) произлегува од навиката на оваа птица, зиме, да пасе по стрништата на полињата од грав.

 
Полска гуска - тајга(Anser fabalis sensu stricto) во позадина, Полска гуска - тундра (Anser serrirostris) напред и Дива гуска (Anser anser) десно.
 
Anser fabalis
 
Јато полски гуски

Има 5 подвида, со комплексни варијации во големината на телото и клунот, како и во декорациите на перјето. Генерално, величината на гуската се зголемува од север кон запад и од запад кон исток. Некои орнитолози ги делат во два вида зависно од местото на гнездење - во тундра и во тајга (тунрични и тајгични полски гуски):

Полска гуска - тајга (Anser fabalis sensu stricto) (Latham, 1787)
  • A. f. fabalis (Latham, 1787). Од источна Скандинавија до Урал. Големи се, со долги зашилени клунови со широка портокалова лента; таа е една од видовите на кои се однесува Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици(AEWA);
  • A. f. johanseni (Delacour, 1951). Западно сибирска тајга; Голема е, долг зашилен клун, со тенка портокалова лента;
  • A. f. middendorffii (Severtzov, 1873). Источно сибирска тајга; Многу голема, со дебел, долг клун, со тенка портокалова лента;
Полска гуска - тундра (Anser serrirostris, ако се третира како посебен вид) (Swinhoe, 1871)
  • A. s. rossicus (Buturlin, 1933). Северна руска тундра, на исток до полуостровот Тајмур. Мала е, со краток, дебел клун и тенка портокалова лента; и оваа птица е заштитена со Договорот за заштита на африканско-евроазиски миграторни водни птици (AEWA);
  • A. s. serrirostris (Swinhoe, 1871). Источно сибирска тундра; Голема е, со долг и задебелен клун и тенка портокалова лента.

Распространетост и живеалиште уреди

Полската гуска живее во мочуришта, езера и реки, во планински и шумски места, или во делтите на поголемите реки обраснати со разни растенија. За време на гнездењето и одгледувањето на младенчињата живеат во пар, избегнувајќи формирање поголеми јата, но кога се во потрага по храна, може да се случи да направат колонија од стотина птици. Се хранат претежно со растенија. При преселбата во потоплите краишта, често се храни од нивите посеани со зрнести култури. Полските гуски се момогамни птици, кои полагаат од 3 до 8 бели, со жолтеникав или зеленикав сјај, јајца. Јајцата ги лежи само женката, од 27 до 29 дена, но мажјакот е постојано присутен, и тогаш и по испилувањето. Малечките се испилуваат доволно развиени за да можат да се движат и да се хранат самостојно. Тие и по периодот на размножувањето живеат заедно со целото семејство.

Наводи уреди

  1. Anser fabalis. IUCN Red List. Version 2012.2. International Union for Conservation of Nature. 2012. Посетено на 2012-10-26.
  2. 2,0 2,1 CRC Handbook of Avian Body Masses by John B. Dunning Jr. (Editor). CRC Press (1992), ISBN 978-0-8493-4258-5.

Надворешни врски уреди