Полка

Вид на музика и танц со боемско потекло

Полка е брз средноевропски танц, кој е популарен во Европа и Америка. Настанал во средината на XIX век во денешна Чешка. Полката се игра во многу земји меѓу кои се: Литванија, Чешка, Полска, Хрватска, Словенија, Германија, Австрија и други. Некој варијанти на полка се играат во нордиските земји, Британија и Мексико.

Улични музичари во Прага свират полка

Во класичната музика, полки компонирале Јохан Штраус постариот и Јохан Штраус помладиот. Името „полка“ доаѓа од чешкиот збор „пулка“, што значи мала половина, што се однесува на кратките получекори кои се користат во танцот.[1] Заради зборот полка често луѓет мислат дека овој танц е измислен од Полска.

Полката како тема во уметноста и во популарнат акултура уреди

  • „Полка од гробиштата“ (Cemetery Polka) - песна на американскиот музичар Том Вејтс (Tom Waits) од 1985 година.[2]

Наводи уреди