Полиен

Македонски автор

Полиенмакедонски автор од вториот век најмногу познат по единственото зачувано дело од осум книги, „Стратегии“ (Стратагемата), (грчки: Στρατηγήματα). Во византискиот лексикон „Суда“ од десеттиот век, тој се споменува и како реторичар.

Тој своите таканаречени „Стратагеми“ односно на македонски јазик „Стратегии“ им ги посветил на Марко Аврелиј и Луциј Вер за време на Партиската војна (162-165) односно околку 163 година. Во тој период Полиен бил премногу стар за да им се придружи во нивните воени походи.

Полиен за оваа ситуација во својата прва книга напишал:[1]

"Јас кој по раѓање сум Македонец, и со тоа го имам националното право на победа врз Персијците, одлучив сега да не бидам целосно бескорисен.

Да беше моето тело стабилно и здраво како некогаш, немаше да има потреба да ви го докажувам мојот македонски етос"

Полиен, Стратегии во војна, 1821

Стратегии уреди

Неговото дело е поделено во осум книги, во првите шест тој пишува за стратегии на славни антички генерали, од кои седуммина од нив биле странци, а осуммина Римјани. Шестата и седмата книга се изгубени, па затоа од деветстотините (900) стратагеми на Полиен, зачувани се 833.

Книгата е зачувана во еден единствен примерок од XIII век која некогаш била сопственост на Михаил Апостолиос и сега се наоѓа во Лаурентинската библиотека во Фиренца.

Полиен за првпат е испечатен на латински во Базел во 1549 година од страна на Јустус Вултеиус. Првата едиција на грчки пак била објавена од Исак Касаубон во Лион во 1589 година, а наредната во 1690 година од страна на Панкратис Масвикиус во Лајден, третата од страна на Самуел Мурсина во Берлин во 1756 година и четвртата од Кореј во Париз, 1809 година. Делото е преведно на англиски од страна на Р. Шепард во Лондон во 1793 година, на германски од Сејболд во Франкфурт 1793-94 година и од Блум во Штутгарт во 1834 година.

Други дела уреди

Полиен исто така пишува неколку други дела од кои ниедно не е зачувано. Во Суда се зачувани два наслови - „За Теба“ и „Taктика“ во три книги додека пак собирачот на дела, Јоан Стобеј од Стоби го цитира Полиен од неговото дело „За Македонската лига“, (англиски: For the koinon of Macedonians, грчки: "Ὑπὲρ τoῦ κoινoῦ τῶν Mακεδόνων") како и од делото „Во корист на Судот“ (англиски: "The Court's favor" грчки: "Ὑπὲρ τoῦ Συνεδρίoυ").

Дополнителна литература уреди

  • Bayle, Pierre (1740). „Polyænus“. Dictionnaire historique et critique. Amsterdam.[мртва врска][мртва врска]
  • Brodersen, Kai, уред. (2010). Polyainos. Neue Studien. Polyaenus. New Studies. Berlin: Verlag Antike. ISBN 978-3-938032-39-8.
  • Brodersen, Kai (2017). Polyainos: Strategika (грчки и германски). Berlin & Boston: De Gruyter. ISBN 978-3-11-053664-5.
  •   Chisholm, Hugh, уред. (1911). „Polyaenus“ . Encyclopædia Britannica. 22 (11. изд.). Cambridge University Press. стр. 17.
  • Dain, A. „Les Cinq adaptations Byzantines de les Stratagèmes de Polyen“. Revue des études anciennes: 321–346.
  • „Polyen: Ruses de guerre“. Site de Philippe Remacle (француски). Посетено на 9 October 2018. — Gui-Alexis Lobineau (traducteur), Paris, (1840)
  • Seyffert, Oskar (1894). „Polyænus“. Dictionary of Classical Antiquities. Архивирано од изворникот на 2012-09-21. Посетено на 2019-06-27.
  1. Smith, Andrew. „Polyaenus: Stratagems - Book 1 (a)“. www.attalus.org. Архивирано од изворникот на 2017-03-23. Посетено на 2017-04-08.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)