Пожарски Бањисело во Егејска Македонија.

Пожарски Бањи
Λουτρά Λουτρακίου
Водопад во Пожарски Бањи
Водопад во Пожарски Бањи
Пожарски Бањи is located in Грција
Пожарски Бањи
Пожарски Бањи
Координати: 40°58′N 21°55′E / 40.967° СГШ; 21.917° ИГД / 40.967; 21.917
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостол
Надм. вис.&10000000000000212000000212 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно0
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба уреди

Селото Пожарски Бањи се наоѓа помеѓу планинските масиви Кожуф и Кајмакчалан, сместено на 212 метри надморска височина.

Историја уреди

Под селото Долно Пожар, меѓу планините Кожув и Кајмакчалан, на надморска височина од 420 метри уште од стари години постојат минерални топли бањи, чија експлоатација започнала по 1935 година и наскоро станале познати по својата лековитост, но и како пријатно летувалиште на поимотните семејства од Солун и од други градови, за која цел биле подигнати и специјални хотели.[2].

Бањите, посебно објектите, за време на Втората светска војна и Граѓанската војна ги користеле партизаните и воопшто силите на отпорот, посебно за лекување на ранетите, но и за рекреација и мал одмор на изморените борци. Бањите почнаа повторно да функционираат по нормализирањето на ситуацијата, па дури се водат како посебна населба која влегува во составот на општината Долно Пожар.[2]

Население уреди

Во пописот од 1961 година, Пожарските Бањи се водат со 13 жители, во пописот од 1971 година нивниот број е пресметан во составот на жителите од селото Долно Пожар, додека во 1981 година е евидентиран само еден, а во 1991 година 2 житела.[2]

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 Симовски Христов, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија. 1. Скопје: Здружение на децата бегалци од егејскиот дел на Македонија. ISBN 9989-9819-4-9.

Надворешни врски уреди