Повикување на Матеј (Караваџо)

Повикување на Матеј е ремек-дело од Микеланџело Мериси да Караваџо, прикажувајќи го моментoт во кој Исус Христос го повикува Метј да го следи. Завршена е во 1599–1600 година за капелата Контарели во црквата на француското собрание, Црква Сан Лујџи дел Франчеси во Рим, каде што е и денес. Покрај неа се уште две слики на Караваџо, „ Мачеништвото на Свети Матеј “ (насликано во исто време и „Вдахновението на Свети Матеј“(1602).[1].

Повикување на Матеј
Vocazione di San Matteo
италијански: Vocazione di San Matteo
[[File:
|300px|alt=]]
Творец Микеланџело Караваџо
Година 1599–1600
Димензии 322 см × 340 см
Место Црква Сан Лујџи дел Франчеси, Rome

Денес ова дело се вбројува меѓу најпознатите на Караваџо. Воедно според композицијата и севкупната ликовна атмосфера, ова дело е едно од најснажните негови творби[2].

Опис уреди

Караваџо, најчесто, најзначајните свои дела ги реализирал во своето ателје. Неговата приврзаност кон ентериерот, му овозможувала, студиозно, сконцентрирано, во сликарската тишина, да ги опфати сефкупните негови ликовни размислувања и постапки. Тој е исклучителен мајстор на светло - темното, сликар на посебното осветлување кое на некој начин содржи и своевидна театрална наративност и амбиент со што драматиката и драматичноста на своите дела ја донел до една специфична сликарска снага и значење. На сликата е прикажан мотивот од Евангелието според Матеј (Матеј 9: 9): „Исус виде човек по име Матеј кој што седеше во својада куќа и му рече:„ Појди со мене “, а Матеј стана и го тргна по него“. Караваџо го прикажува Метеј, кој седи на маса со уште четворица мажи. Исус Христос и Свети Петар влеговаат во собата, а Исус покажува кон Метеј. Светлосениот зрак ги осветлува лицата на мажите на масата кои гледаат во Исус Христос.[3].

Стил уреди

Сликата ги содржи основните стилски одлики на овој голем автор. Чувство за реалистички детали. Перспектива. Прецизност. Неверојатна игра и доловување на светлината. Драматично чувство за атмосферата . Преокупираност со библиски сцени особено од Новиот завет како и одредени митолошки сцени. Неговиот стил е своевиден доцен барок во кој се насетуваат некој елементи на подоцнежниот класицизам и специфичен историски реализам. [4].

Техника на сликање уреди

Караваџо спаѓа меѓу авторите кои го довеле до совршенство масленото сликарство. Бројните проучувања меѓу кои спаѓаат и ренгенски скенирања, и не само за ова негово дело, откриле употреба на чисти и добро обработени пигменти, точна и мајсторска употреба на врзива, масло, лак и други технолошки елементи кои најверојатно Караваџо, самиот ги приготвувал според сопствените истражувања и потреба во ликовниот израз. Во ликовната постапка, покрај инсистирањето на реалниот приказ, точен и прецизен до еден совршен реалистички метод, Караваџо инсистирал и на специфична употреба на светло темното, односно специфичната претстава на светлината, што зборува дека користел метод на лазурно поставување на колоритот во неколку транспарентни слоеви, со што постигнувал длабочина, специфична колористичка гама и педантност во изработката најверојатно првично подлогата ја припремал со густи наслаги на битумен, а врз него употребувал окер, оловно бела и нијанси на згасито жолта со што правел истакнати граници помеѓу темното – мракот и светлината која најчесто извирала од еден извор и била фокусирана во осветлувањето на ликовите и портретите[5].

Влијание уреди

Во рамките на историјата на уметноста Караваџо ги продолжува чистите сликарски традиции, особено во барокот индиректно тој ќе повлијае врз сликарската постапка на Рембрант ван Рајн, неговата улога и влијание особено ќе биде присутна кај сликарите кои ќе се изразуваат во класичниот и романтичниот стил (Жак-Луј Давид, Жан Огист Доминик Енгр, Ежен Делакроа)[6].

Библиографија уреди

Надворешни врски уреди

Наводи уреди

  1. Vocazione di San Matteo di Caravaggio
  2. Vocazione di San Matteo di Caravaggio: analisi completa del quadro
  3. „La vocazione di San Matteo è un quadro dipinto tra il 1599 e il 1600“. Архивирано од изворникот на 2017-03-26. Посетено на 2020-12-22.
  4. [http:// https://chroma2017.wordpress.com/2018/12/23/caravaggio-vocazione-di-san-matteo/ CARAVAGGIO: VOCAZIONE DI SAN MATTEO]
  5. Michelangelo Merisi da Caravaggio 1599-1600
  6. LA VOCAZIONE DI SAN MATTEO DI CARAVAGGIO IN SAN LUIGI DEI FRANCESI