Плоштад Трафалгар

Плоштадот Трафалгар (англиски: Trafalgar Square) е плоштад кој се наоѓа во Лондон, Англија. Името на овој плоштад доаѓа од британската победа во Наполеоновите војни во истоимената битка од 1805 година. Во почетокот како друга варијанта за името на плоштадот била и Вилијам IV.

Плоштад Трафалгар
Trafalgar Square
Карта
Општи податоци
ГрадВестминстер, Лондон
ЗемјаАнглија, Велика Британија

Во 1820 година, принцот наредил на архитектот Џон Неш да започне со создавање на проект на овој реон. Сепак, денешната архитектуа на плоштадот е дело на Сер Чарлз Бари и истата е завршена во 1845 година. За последен пат плоштадот бил реконструиран во 2003 година.

Денес овој плоштад е еден од најголемите туристички атракции во Лондон, познат по место каде се собираат бели гулаби.

Поврзано уреди