Гај Плиниј Кекилиј Секунд (лат. Gaius Plinius Caecilius Secundus, 63 — ~113), попознат како Плиниј Помладиотримски правник, автор и природонаучник.

Плиниј Помладиот
Статуа на Плиниј Помладиот на фасадата на црквата Санта Марија Маџоре во Комо.
Роден61 н.е.
Комо
Починал~112 н.е.
Витинија, Мала Азија
ЗанимањеПолитичар и писател
РодителиЛукиј Кекилиј Килон и Плинија Маркела

Биограија уреди

Плиниј е роден во Комум, Италија, како син на земјопоседнк по име Лукиј Кекилиј и неговата жена Плинија. Плиниј Помладиот исто така бил внук (по мајчина линија) на Плиниј Постариот. Татко му умира млад; како резултат на тоа, Плиниј веројатно живеел со мајка си. Неговиот заштитник бил Лукиј Вергиниј Руф, познат по дигањето на бунт против Нерон. По првичното туторување дома, Плиниј допатувал до Рим каде го продолжил образованието и учел реторика кај големиот учител и автор Квинтилијан и Никет Сакердос од Смирна. Во ова време Плиниј се зближил со вујко му, Плиниј Постариот и кога постариот умрел при ерупцијата на Везув, неговиот имот му припаднал на младиот Плиниј. Во истиот документ стои дека вујко му го посвојува, чест обичај во римската култура.

Плиниј се сметал за скромен и умерен човек и се искачил низ ранговите на империјалните цивилни и воени позиции, курсус онорум (видете подолу). Тој бил пријател со историчарот Такит и го вработил биографот Светониј во неговиот персонал. Плиниј исто така се среѓавал со други познати личности од тоа време, како филозофите Артемидор и Еуфрат додека бил во Сирија.

Се оженил трипати, за првпат кога имал 18 години, по вторпат со ќерката на Помпеја Келерина и по третпат со Калпурнија, внука на Калпурниј Фабат од Комум. Последниот брак е зачуван во неговите писма, кадде тој ја искажува неговата приврзаност кон жена си и неговото жалење што не можат да имаат деца.

Плиниј умрел ненадејно за време на неговата служба во Витинија-Понт, околу 112 г.

Кариера уреди

Кариерата на Плиниј започнува на 18-годишна возраст и продолжила низ т.н. курсус хонорум.

~ 81 Еден од надгледните судии на центумвиратниот суд (decemvir litibus iudicandis)
~ 81 Стандардно назначен како дел од персоналот на Третата Галска легија во Сирија, веројатно во времетраење од шест месеци
80-ти Командант на коњанички ескадрон (sevir equitum Romanorum)
Доцни 80-ти Примен во Сенатот
88 or 89 Квестор при персоналот на царот (quaestor imperatoris)
91 Народен Трибун (tribunus plebis)
93 Претор
94-96 Префект на воената ризница (praefectus aerari militaris)
98-100 Префект на Сатурновата ризница (praefectus aerari Saturni)
100 Конзул заедно со Корнут Тертул
103-104 Јавно назначен Авгур
104-106 Управник на бреговите на Тибар (curator alvei Tiberis)
104-107 Трипати член на правосудниот совет на Цар Трајан
110 Амбасадор на царот (legatus Augusti) во Витинија-Понт

Плиниј бил активен во римското правосудство, особено во наследното право. Подоцна, тој бил добро познат како тужител (и бранител) на судењата на повеќе провинциски гувернери како Бебиј Маса, гувернер на Баетика, Мариј Приск, гувернер на Африка, Гај Кекил Класик, гувернер на Баетика, Гај Јулиј Бас и Варен Руф, двајцата гувернери на Витинија-Понт.

Плиниј нуди најдобро документирани примери за животот во Римското Царство. Плиниј практично ги прешол сите полиња на организацијата на раното Римско Царство. Ова било големо достигнување земајќи предвид дека тој морал да се справува со неколку сосема различни цареви, особено омразениот Доминицијан. И покрај сето ова тој успешно се издигал од ранг во ранг. Такит, во неговото дело Агрикола славно укажува на тоа дека „дури и со лоши цареви може да има велики луѓе“. Ова, меѓу другото, се однесувало и на Плиниј.

Дела уреди

 
Статуа на Плиниј во постари години

Како литерат, Плиниј почнал да пишува на возраст од 14 години со трагедија на грчки. През неговиот живот тој напишал доста поезија, од која најголемиот дел не е зачуван. Тој исто така бил знаменит оратор, и се прогласил за следбеник на Кикерон, но знаеме дека неговата проза била пофразирана и помалку директна отколку онаа на Кикерон. Единствениот негов зачуван говор е Panegyricus Trajani. Овој говор бил одржан во Сенатот во 100 г. и претставува опис на ликот и делото на Цар Трајан со ласкав тон, каде особено го претставувал како контраст на Доминицијан. Како и да е, ова е рлевантен документ кој ни овозможува добар увид во делата на царот на неколку полиња на неговите административни моќи како што се даноците, правото, воената дисциплина и трговијата. Плиниј ова дело го дефинирал како есеј за еден optimus princeps (совршен владетел). Во него, Плиниј го дели животот на три етапи: прва и втора младост и старост. Притоа, тој додава дека првите два периода му припаѓаат на царот, додека со третиот период, според римските закони, секој човек има право слободно да располага.[1]

Писма уреди

Најголемата целина од дела на Плиниј се неговите Писма (Epistulae), кој е серијал од пораки кон неговите пријатели и познаници. Овие писма се уникатни по нивното сведоштво за римската административна историја и секојдневен живот во I век. Нивниот стил драстично се разликува од стилот на Panegyricus и некои дури се имаат произјаснето дека Плиниј бил зачетникот на нов жанр: писмото напишано за издавање. Ова писмо претставува поинаков запис од историскиот; жанр кој не обраќа внимание на објективноста, но кој и покрај тоа оди во нејзина полза.

Писмата, во кои има многу детали за неговите вили на село се важни документи за историјата на градинарскиот дизајн. Тие претстаувваат најстар извор на светот за тоа како градините се користеле во античкиот свет и за тоа што сè се земало предвид при нивната изработка.

Писмата обично се третираат како две половини: писмата во книгите 1 до 9, кои Плиниј ги спремал за издавање, и писмата во Книга 10, кои се напишани до царот Трајан за време на неговото гувернерство во Витинија-Понт. Оваа последна книга не била планирана за издавање.

Книги 1-9 уреди

Од овие книги може да се истакнат писмата во кои се опушува ерупвијата на Везув и смртта на Плиниевиот вујко и ментор, Плиниј Постариот (VI.16). Првото писмо (I,1) за Гај Септикиј Клар е интересно заради тоа што ги содржи причините за собирање на писмата.

Содржианта на овој дел од писмата еволуирала през времето. Плиниевата кариера како младич е наполно опишана во овие писма, во кои тој оддава почит на познати лица како Марцијал, штитеникот на Плиниј (III.21). Тука исто така среќаваме совети за пријателите, разни споменувања на настани и личности, дискусии на тема политичка поддршка како и коментари на повеќе аспекти од римскиот живот со користење на утврден книжевен стил. Меѓутоа, веќе во последните две книги темата е поинтимна.

Хронолошки, се смета дека книгите 1 до 3 се напишани помеѓу 97 и 102, книгите 4 до 7 помеѓу 103 и 107, додека книгите 8 и 9 го покриваат периодот од 108 до 109 г. Овие книги веројатно била испрекинато издавани во 99 и 109 г.

Книга 10 уреди

Како што веќе споменавме, писмата од десеттата книга во целост се адресирани до царот Трајан и се смета дека тие се оригинални, од збор до збор. Како такви, тие удат уникатен увид во административните функции на една римска провинција во тоа време, како и интригите на римскиот систем на покровителство и пошироките културни обичаи во самиот Рим. Покрај тоа, тука можеме јасно да ја видиме и корупцијата и апатијата која се јавувала на разните нивоа на провинцијалниот систем. Од особено значење е писмото X.96, кое е најраното надворешно известие за христијанските обичаи и причините за погубувањето на христијаните.

За среќа, Трајановите одговори на прашањата на Плиниј исто така се објавуваат, сочинувајќи уште повредна антологија и поголема читливост. Така, писмата ни даваат прекрасен увид во карактерите на Плиниј и царот.

Стилистички гледано, десеттата книга е многу поедноставна од нејзините претходници заради тоа што не била предвидена за издавање. Денес се смета дека оваа книга била објавена по смртта на Плиниј. Светониј, кој бил член на Плиниевиот персонал, се смета за можен уредник.

Поврзано уреди

Бибилографија уреди

  • Simon Hornblower и Anthony Spawforth (ед.), уред. (2003) [1949]. Oxford Classical Dictionary (Трето издание. изд.). Oxford , England: Oxford University Press. стр. 1198. ISBN 0-19-860641-9.
  • Gaius Plinius Caecilius Secundus (1969) [1963]. The Letters of the Younger Pliny. превед. Betty Radice. Лондон, Англија: Penguin Books. ISBN 0-14-044127-1.

Наводи уреди

  1. Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 233.

Надворешни врски уреди