Плиниски избув

вид вулкански избув

Плиниски избув или плиниска ерупција — вид вулкански избув карактеристичен по сличноста со избувот на Везув од 79 година од нашата ера, кој го опишал Плиниј Помладиот. Плиниските избуви се одликуваат со столбови гас и вулканска пепел кои се протегаат до стратосферата. Главни особини се исфрлање на големи количини на пемза и многу снажни и континуирани избуви на експлодирачки гас.

Дијаграм на плиниски избув. 1: Облак од пирокластичен материјал, 2: Довод на магма, 3: Паѓање на пирокластичниот материјал, 4: Слоеви на лава и вулкански пепел, 5: Слој, 6. Магматско огниште

Кратките озбуви може да се завршат и за еден ден, но подолгите избуви може да потраат од неколку дена до неколку месеци. Подолгите избуви почнуваат со образување облаци од вулканска пепел, понекогаш со пирокластични потоци. Количината на исфрлената магма може да биде толку голема па врвот на вулканот да колабира, со што настанува калдера. Финозрнестиот пепел може да се протега на голема површина околу вулканот. Плиниските избуви обично се проследени со голема бучава, како што бил случајот во текот на избувот на вулканот Кракатау.

Вообичаено лавата е со риолитски состав и е богата со силикати. Базалтна лава не е вообичаена за овој вид на избув.

Поврзано уреди

Литература уреди

  • Schmincke, H. U. 2004. Volcanism. New York: Springer. ISBN 978-3-540-43650-8
  • Ђорђевић В., Ђорђевић П., Миловановић Д. 1991. Основи петрологије. Београд: Наука