Плескавица  — вид сплескано ќофте од мелено месо со зачини, испечено на скара[1]. Плескавицата е популарна во земјите од Централен и Источен Балкан особено во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Македонија. Може да се нарача во секое населено место во ресторан, кафеана, но нејзината популарност се шири и во другите земји на Европа, каде што живеат Балканци, особено во Австрија и Германија.

Плескавица
Плескавица со прилози
Дел од оброкотглавен оброк
РегионБалкан
Температура на послужувањетопло
Главни состојкимесо
Варијантишарска плескавица, гурманска плескавица

Во Македонија популарна е „шарската плескавица“, а во Србија најпозната е „лесковачката плескавица“ како дел од традиционалната лесковечка скара. Според обичаите таа е луто зачинета и се подготвува од свинско или говедско месо. Лесковачкото месо за скара во 2007 година станало заштитен српски бренд, а сертификат добило и од српскиот Институт за јавна дипломатија со седиште во Брисел и Париз.[2]

Методот на подготовка варира од местото каде што се прави плескавицата.

Пред печење, меленото месо се меша со сечкан кромид, лута пиперка, црн пипер и останати зачини. Кога е готова, плескавицата традиционално се служи со ситно сечкан кромид или кајмак, и во последно време со француски помфрит. Со плескавици се прават хамбургери кои се многу вкусни со голем број на прилози, како домати, кромид, павлака, зелка, кечап, мајонез, сенф, како и со зеленчук, (краставица, цвекло или зелена салата.)

Видови уреди

Видот на плескавицата зависи од местото каде се приготвува. Често врз основа на ова го добиваат и името. И покрај тоа, плескавицата станува заштитен српски бренд.

Традиционално и оригинално, во Македонија и Србија, плескавицата се прави од мешано мелено месо од говедска плешка и свински врат.

Во Босна и Херцеговина плескавицата се прави исклучиво од говедско месо, со оглед на тоа дека припадниците на муслиманската заедница не јадат свинско месо, додека во Хрватска главни состојки на плескавицата се говедско, свинско и јагнешко месо.

Во балканскиот регион плескавицата се подготвува врз основа на личен вкус со прилози по сопствен избор. Се смета за одлична храна која не го остава рамнодушен никого.

Поврзано уреди

Наводи уреди

Надворешни врски уреди