Пласман за млад возач на Тур де Франс


Пласман за млад возач на Тур де Франс — еден од пласманите на велосипедската трка Тур де Франс, кој постои од 1975 година. Освен во периодот 1989-1999, предводникот на пласманот за млад возач ја носел белата маичка. Условите за да можеш да учествуваш во пласманот за млад возач се менувале низ текот на годините, но секогаш биле такви да искусните велосипедисти не можат да учествуваат, понекогаш исклучувајќи ги велосипедистите по одредена возраст, велосипедисти кои претходно настапиле на Тур де Франс или велосипедисти кои биле професионалци повеќе од две години. Во поново време, само велосипедисти под 26-годишна возраст смеат да учествуваат во пласманот.

Пласман за млад возач
Детали за наградата
СпортДрумски велосипедизам
НатпреварувањеТур де Франс
Доделена занајдобар млад возач
Локално имеMaillot blanc (француски)
Историја
Прва награда1975
Изданија45 (до 2019)
Прв победник Франческо Мозер (ИТА)
Најмногу победи Јан Улрих (ГЕР)
 Анди Шлек (ЛУК)
3 пати
Најнов победник Еган Бернал (КОЛ)

Историја уреди

Од 1968 до 1975, се доделувала белата маичка на Тур де Франс за предводникот во комбинираниот пласман (најдобар возач во генералниот, бодовниот и планинскиот пласман). Во 1975 година, овој пласман бил отстранет и заменет со пласманот за најдобар млад возач. Секој нов професионалец (помалку од три години професионално возење) учествувал во овој пласман, кој бил пресметуван користејќи ги резултатите од генералниот пласман.[1] Предводникот во пласманот за млад возач ја носел белата маичка.

Правилата за пласманот за млад возач се измениле во 1983 година, кога пласманот бил отворен само за натпреварувачите кои возат по првпат, но во 1987 година било изменето и им бил дозволено учество на сите велосипедисти помлади од 26 години до 1 јануари истата година како трката.[2] Во периодот 1989-1999, белата маичка повеќе не се доделувала, иако пласманот бил сè уште пресметуван. Од 2000, белата маичка повторно била доделувана, отворена за сите велосипедисти помлади од 26 години до 1 јануари истата година како трката. Во 1997 година, името на пласманот било официјално променето во „Сувенир Фабио Казартели“.[3] Чешкиот автомобилски производител Шкода е спонзор на белата маичка откога го преземал спонзорството на Тур де Франс од ФИАТ во 2003.

Победници уреди

Откако бил воведен пласманот за млад возач во 1975 година, бил освоен од 29 различни велосипедисти. Од нив, шест велосипедисти, исто така, ја освоиле жолтата маичка во текот на нивните кариери (Фињон, Лемонд, Пантани, Улрих, Контадор и Шлек). Во четири случаи, велосипедист кој го освоил пласманот за млад возач, го освоил и генералниот пласман во истата година — Фињон во 1983, Улрих во 1997, Контадор во 2007 и Шлек 2010. Единствениот велосипедист кој го освоил пласманот за млад возач и планинскиот пласман во истата година е Наиро Кинтана во 2013 година. Единствените велосипедисти кои го освоиле пласманот за млад возач повеќепати се Марко Пантани (двапати), Улриј (трипати — исто така завршувајќи прв или втор во генералниот пласман на сите овие трки) и Анди Шлек (трипати).[4]

Година Велосипедист Екипа Место во ГП
1975   Франческо Мозер (ИТА) Филотекс 7.
1976   Енрике Мартинес-Ередија (ШПА) Кас-Кампањоло 23.
1977   Дитрих Турау (ГЕР) ТИ-Рали 5.
1978   Хенк Лубердинг (ХОЛ) ТИ-Рали 8.
1979   Жан-Рене Бернодо (ФРА) Рено 5.
1980   Јохан ван дер Велде (ХОЛ) ТИ-Рали 12.
1981   Петер Винен (ХОЛ) Капри Зоне 5.
1982   Фил Андерсон (АВС) Пежо 5.
1983   Лорен Фињон (ФРА) Рено 1.  
1984   Грег Лемонд (САД) Рено 3.
1985   Фабио Пара (КОЛ) Кафе де Колумбија 8.
1986   Ендру Хемпстен (САД) Ла Вие Клер 4.
1987   Раул Алкала (МЕК) 7-11 9.
1988   Ерик Брекинк (ХОЛ) Панасоник 12.
1989   Фабрис Филипо (ФРА)[5] Тошиба 24.
1990   Жил Делион (ФРА) Хелветија 15.
1991   Алваро Мехија (КОЛ) Ријалко 19.
1992   Еди Бувманс (ХОЛ) Панасоник-Спортлајф 14.
1993   Мартин Веласко (ШПА) Амаја Сегурос 12.
1994   Марко Пантани (ИТА) Карера Џинс-Тасони 3.
1995   Тур де ФрансMarco Pantani (ITA) Карера Џинс-Тасони 13th
1996   Јан Улрих (ГЕР) Тим Телеком 2.
1997   Јан Улрих (ГЕР) Тим Телеком 1.  
1998   Јан Улрих (ГЕР) Тим Телеком 2.
1999   Беноа Салмон (ФРА) Казино-Аг2р Превојанс 16.
2000   Франсиско Мансебо (ШПА) Банесто 9.
2001   Оскар Севиља (ШПА) Келме-Коста Бланка 7.
2002   Иван Басо (ИТА) Фаса Бортоло 11th
2003   Денис Мењшов (РУС) иБанесто.com 11.
2004   Владимир Карпетс (РУС) Илес Балеарс-Банесто 13.
2005   Јарослав Попович (УКР) Дискавери Канал 12.
2006   Дамијано Кунего (ИТА) Лампре-Фондитал 12th
2007   Алберто Контадор (ШПА) Дискавери Канал 1.  
2008   Анди Шлек (ЛУК) Тим ЦСЦ Саксо Банк 12.
2009   Анди Шлек (ЛУК) Тим Саксо Банк 2.
2010   Анди Шлек (ЛУК) Тим Саксо Банк 1.  
2011   Пјер Ролан (ФРА) Тим Јуропкар 10.
2012   Тиџеј ван Гардерен (САД) Аксент.џобс-Вилемс Веранда 5th
2013   Наиро Кинтана (КОЛ) Мовистар Тим 2.  
2014   Тибо Пино (ФРА) FDJ.fr 3.
2015   Наиро Кинтана (КОЛ) Мовистар Тим 2.
2016   Адам Јејтс (ВБР) Орика-БајкЕксчејнџ 4.
2017   Сајмон Јејтс (ВБР) Орика-Скот 7.
2018   Пјер Латур (ФРА) АГ2Р-Ла Мондијал 13.
2019   Еган Бернал (КОЛ) Тим Скај 1.  
  • ГП = Генерален пласман

По националност уреди

Победници на пласманот за млад возач по националност
Држава Бр. на велосипедисти Бр. на победи
  Франција 8 8
  Италија 4 5
  Холандија 5 5
  Шпанија 5 5
  Колумбија 4 5
  Германија 2 4
  Луксембург 1 3
  САД 3 3
  Обединето Кралство 2 2
  Русија 2 2
  Австралија 1 1
  Мексико 1 1
  Украина 1 1

Наводи уреди

  1. Cycling Revealed
  2. Одредби за трката 2011
  3. http://www.cvccbike.com/tour/eddy/xtra_bestanden/white.htm
  4. http://autobus.cyclingnews.com/road/2009/tour09/?id=/results/history/tdfhistory#youth
  5. Филипо завршил 24. на овој Тур, четири места зад 24-годишниот Алберто Луис Камарго, кој би го освоил пласманот за млад возач, ако неговиот спортски директор го пријавел за пласманот