Пир Мухамед (околу 1374 - 22 февруари 1407) бил внук и назначен наследник на Тамерлан. Тој бил син на Џахангир. Во 1392 бил гувернер на Кандахар. Неговата територија се проширила западно од Хинду Куш до реката Инд. Во есента 1397 тој го водел првиот освојувачки бран на Тимуридите во Индија. На својата смртна постела, Тамерлан го именувал Пир Мухамед за свој наследник. Тамерлан сметал дека ниту еден од неговите синови не биле способни за управување со Тамерлановото царство. Меѓутоа, по смрта на Тамерлан никој не го поддржувал Пир Мухамед. Тој не можел да се наметне во Самарканд и бил убиен од неговиот везир во 1407 година.