Пирот

град во Пиротскиот округ

Пирот — град во Пиротската област. Според пописот од 2011 година на територијата на градот со околните населби живееле 57.928, додека во самиот град имало 38.785 жители[2] (според пописот од 2002 г. имало 40.678 жители).

Пирот
Град Пирот
Град
Град Пирот
Панорама на Пирот
Панорама на Пирот
Грб на Пирот
Местоположба на Пирот во Србија
Местоположба на Пирот во Србија
Држава Србија
РегионЈужна и Источна Србија
ОкругПиротски
City statusмарт 2016 (2016-03)
Населени места72
Управа
 • ГрадоначалникВладан Васиќ
Површина[1]
Ранг5-ти
 • Град29,53 км2 (1,140 ми2)
 • Општина1.232 км2 (476 ми2)
Надм. вис.&10000000000000367000000367 м
Население (попис 2011)[2]
 • Град38.785
 • Град густина13/км2 (34/ми2)
 • Општина57.928
 • Општина густина47/км2 (120/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Поштенски број18300
Повикувачки број+381(0)10
ТаблициPI
Мреж. местоpirot.rs

Географски одлики уреди

Пирот се граничи со четирите српски општини: Димитровград, Књажевац, Бела Паланка и Бабушница, како и со Бугарија во должина од 65 километри.

Во околината на Пирот се наоѓаат бројни познати планини, како што се се Стара планина, Влашка планина, Белава планина, Сува планина, итн. Низ градот Пирот течат реките Нишава, Јерма, Расничка, Темштица и Восичица. Во општината има три езера Завојско езеро, Крупачко езеро и Суковско езеро.

Општината Пирот има површина од 1.235 км2, во неа се наоѓаат повеќе од седумдесет населени места, 

Стопанство уреди

 
Завојското езеро

Пирот се наоѓа во пограничниот простор на Србија према Бугарија, располага со бројни и различни туристички вредности. Природата доминира над културните и историските споменици, но при туристичка валоризација треба да важи принципот на комплементарност со што туристичките потенцијали би се прикажале целосно.

Култура уреди

 
Старата куќа во Пирот

Пирот е исто така е богат со културни настани, почнувајќи од најголемите како „Пиротско културно лето“ кој се одржува секое лето и кој е преполн со различни случувања како моторски собири, меѓународни фолклорни фестивали и разни концерти на локални и домашни изведувачи.

Наводи уреди

  1. „Општини во Србија, 2006 г.“. Републички завод за статистика на Србија. Посетено на 28 ноември 2010.
  2. 2,0 2,1 „Попис на население, домаќинства и станови 2011: Споредбен преглед на бројот на жители во 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 2002 and 2011, податоци по населени места“ (PDF). Републички завод за статистика на Република Србија, Белград. 2014. ISBN 978-86-6161-109-4. Посетено на 2014-06-27.