Пиндско-македонско Кнежевство

Пиндско-македонско Кнежевство (грчки: Πριγκιπάτο της Πίνδου; италијански: Principato del Pindo; влашки: Printsipat di la Pind) — автономна држава создадена и под контрола на фашистичка Италија, во северозападниот дел на Грција во регионите на Епир, Тесалија и западна Егејска Македонија за време на Втората светска војна[1]. државата формирана во 1941 година била замислена како држава на Власите, но никогаш не успеала да ги „потчини“ локалните власти, и како таква опстојувала до 1944 г.[2] Главен град бил Мечово, додека седиштето на управата се наоѓало во Трикала. Кнежевството имала и свое државно знаме.

Пиндско-македонско Кнежевство
Πριγκιπάτο της Πίνδου
Printsipat di la Pind
Principato del Pindo
Италија

1941 – 1944


Знаме

Главен град Мечово
Уредување Кнежевство
Кнез
 -  1941-42 Алкивијад Дијаманди Самарински
 -  1942-43 Никола Матуши (намесник)
Војвода
 -  1943 Ѓула Чеснечки Милвањски
Историски период Втора светска војна
 -  Основана 1941
 -  Замрела 1944

Оваа држава имала чисто антигрчка политика, но не и антиеврејска, иако нејзин главен покровител била Италија. На чело на оваа држава бил војводата Алкивијад Дијаманди Самарински - кој царувал цели 3 години, а потоа бил заменет со грофoт од унгарско потекло Ѓула Чеснечки Милвањски, а по него на власт дошол неговиот брат Михајло.

Димитар Влахов им ветувал подоцнежно создавање на автономија по советски модел, а новата СР Романија требала да го возобнови финансирањето на месните училишта.

Наводи уреди

  1. Poulton, Hugh. 2000. Who are the Macedonians? Indiana University Press. Pp. 111
  2. Капитулацијата на Италија Архивирано на 12 октомври 2014 г. од Ризоспастис, 7 септември 2003 г. (грчки)

Надворешни врски уреди