Пилаво (Бурилчево)

археолошко наоѓалиште во Македонија
(Пренасочено од Пилаво)
Пилаво


Карта

Местоположба 41°50′49″N 22°16′52″E / 41.84694° СГШ; 22.28111° ИГД / 41.84694; 22.28111
Основни податоци
Место Бурилчево
Тип

 населба


Период бакарно време
праисторија
Портал „Археологија“

Пилавоархеолошко наоѓалиште сместено на возвишение на левиот брег на Брегалница, во близина на селото Бурилчево, Општина Чешиново-Облешево.

Историја уреди

Станува збор за истражена населба од бакарно време (енеолит) или преодниот период од каменото во металното време. Според анализите вршени со методот Ц14 (правени врз карбонизирано жито најдено на локалитеот), населбата била активна во средината на V милениум п.н.е.

Во овој период борбено настроените племиња своите населби ги сместиле на возвишени платоа, тумби, тешко достапни, природно заштитени и погодни за одбрана. Во близина на населбите имало реки или извори за вода, заради обезбедување на неопходните услови за живот. Токму таква местоположба има Пилаво, кој се издига на едно израмнето плато, неколку десeтини метри од вливот на реката Злетовица во Брегалница.

Артефакти уреди

Ова наоѓалиште изобилува со керамика во најразновидни форми и начини на украсување со врежување на брановидни линии, а за издвојување се графитно сликаните садови. Богатството на духовната култура кај населението од тој период може да се следи преку бројната ситна пластика на зооморфни и антропоморфни претстави, при што кај антропоморфните има нагласена стеатопигија, а украсени се со врежани брановидни линии.

При археолошките ископувања на наоѓалиштето е откриена претстава на женска фигурина, теракота, на која ѝ недостасува горната половина. Сочуваната долна половина украсена е со ритмички шари: врежани концентрични кругови, точки, брановидни и аглести линии. Интересно е што во ова наоѓалиште се откриени неколку вакви претстави кои наликуваат едни на други, што ни наведува на претпоставка дека тогашните жени по повод одреден ритуал се украсувале на овој начин, а тоа е пренесено и на теракотните фигурини. Димензиите на фигурината се 7х11 см.

Покрај тоа, во наоѓалиштето присутни се голем број коскени и камени алатки и накит.

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди