Пиедра дел Кокуј (шпански: Piedra del Cocuy; португалски: Pedra do Cucuí; Кокујска Карпа) ― природен споменик во Венецуела, сместена во близина на тројната граница на земјата со Бразил и Колумбија во границите на сливовите на Амазон и Ориноко.[1] Пиедра дел Кокуј е издаденок направен од гранитна карпа, а неговиот врв се наоѓа на в. 450 м.н.в.[2]

Пиедра дел Кокуј
Пиедра дел Кокуј на карта

Карта

Највисока точка
Надм. вис.400 м
Координати1°14′8″N 66°49′10″W / 1.23556° СГШ; 66.81944° ЗГД / 1.23556; -66.81944
Географија
МестоАмазон, Венецуела

Тројна граница уреди

 
Бразилскиот војник и истражувач Кандидо Рондон и неговата екипа на врвот на Пиедра дел Кокуј. Проверка на Комисијата за гранична инспекција (1929-1930).

Административно Пиедра дел Кокуј се наоѓа во општината Рио Негро во државата Амазон во Венецуела. Тројната граница се наоѓа на 2 км западно од островот Сан Хосе во Рио Негро (Амазон). Соседните општини од колумбиска и бразилска страна се Инирида, Гвајнија и Сао Габриел да Кашоеира во државата Амазон.

Гранични градови уреди

Ла Гвадалупе, кој се наоѓа на колумбиска страна и на западните брегови на Рио Негро со население од околу 300 луѓе, претежно Домородни Американци.

Сан Симон дел Кокуј, од страната на Венецуела и источните брегови на Рио Негро.

Кукуи, во Бразил. Тоа е всушност воена пошта поврзана преку пат со градот Сао Габриел да Кашоеира.

Транспорт уреди

Рио Негро е најважниот воден пат.

Постои пат (BR-307) што ја поврзува граничната пошта Кукуи на бразилската страна со градот Сао Габриел да Кашоеира.

Економија уреди

Регионот е населен веќе илјадници години од страна на домородните групи, вклучувајќи Банива, Карупака (Курин), Кари (Карутама) кои припаѓаат на јазичното семејство Аравак. Главната економска активност е традиционално ископување на злато, што создавало судири меѓу домородното население и рударите (познати како гаримпеирос).

Наводи уреди

  1. „Monumento Natural Piedra del Cocuy“. Архивирано од изворникот на 2019-08-20. Посетено на 23 февруари 2021.
  2. Huber, Otto (2001). „Conservation and environmental concerns in the Venezuelan Amazon“. Biodiversity and Conservation. 10 (10): 1627–1643. doi:10.1023/a:1012042628406.