Пејте со нас (филм од 2016)

Пејте со нас (англиски: Sing), познат и како Натпревар во пеење — американско-британско-јапонски анимиран филм од 2016 година, во режија на Кристоф Лурделе и Гарт Џенингс. Гласовите на анимираните ликови ги позајмуваат: Метју Меконахи, Риси Витерспун, Скарлет Јохансон, Сет Макфарлан, Тарон Егертон, Тори Кели итн.[1] Филмот бил номиниран за наградата „Златен глобус“ во две категории: најдобра оригинална песна за филм и најдобар анимиран филм.[2]

Содржина уреди

Дејството на филмот се случува во еден измислен град на животни. Коалата Бастер Мун (гласот на Меконахи) е сопственик на театар којшто во минатото бил многу успешен, но сега се наоѓа во тешка финансиска состојба. За да го оживее театарот, тој има намера да направи нова претстава, за која распишува аудиција. По грешка, неговата секретарка пишува дека првата награда на аудицијата изнесува 100.000 долари, така што голем број жители се пријавуваат на аудицијата. Меѓу нив се наоѓаат: глушецот Мајк (гласот на Сет Мекферлејн), кој по секоја цена сака да победи, свињата Розита (гласот на Витерспун), горилата Џони (гласот на Тарон Егертон), ежицата Еш (гласот на Јохансон) и слоницата Мина (гласот на Тори Кели). За да обезбеди финансиска поддршка, Бастер Мун ја повикува старата некогашна голема ѕвезда Нана (гласот на Џенифер Сандерс), но сè се распаѓа, зашто група мечки влегуваат во театарот, барајќи ги парите што им ги должи Мајк, и во тој миг театарот целосно се урива. Така, се чини дека потполно се урива сонот на Бастер Мун, но набргу, учесниците во шоуто се собираат и одржуваат претстава под ведро небо. На почетокот присуствуваат само нивните најблиски, но постепено пред разурнатиот театар се собира цел град. Тогаш, Нана му дава пари на Бастер Мун и театарот е повторно обновен.[1]

Заработка уреди

До 9 февруари 2017 година, Ајде да пееме остварил заработка од 263.7 млиони долари во САД и Канада и уште 224.9 милиони во другите територии за вкупна заработка од 488.6 милиони долари во светски рамки, наспроти буџетотот од 75 милиони долари.

Во Северна Америка, филмот започнал да се прикажува заедно со филмовите Патници и Асасинс Крид, и се очекувало да заработи околу 70 милиони долари од 4022 кина во првите шест дена на прикажување.[3] Филмот заработил 1.7 милиони долари од ноќното прикажување на денот пред премиерата.[4] Филмот поминал подобро од очекувањата и во првите шест денови на прикажување заработил 75.5 милиони долари, завршувајќи втор, зад Роуг 1: Приказна од Војна на ѕвездите.[5]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 IMDb, Sing (2016) (пристапено на 12.1.2017)
  2. IMDb, Sing (2016) Awards (пристапено на 12.1.2017)
  3. „Will 'Rogue One' Vanquish The Christmas B.O. Competition?“. Deadline.com.
  4. 'Sing's' Box-Office Debut Tops 'Assassin's Creed,' 'Passengers' in Tuesday Night Previews“. The Hollywood Reporter.
  5. „With 'Fences,' 'La La Land' Enter Top 10 As 'Rogue One' & 'Sing' Rule Holiday – Monday AM Update“. Deadline.com.

Надворешни врски уреди