Пештера на Патријарсите

Пештерата на Патријарсите или пештерата Махпела (хебрејски: מערת המכפלה), позната кај муслиманите како Светилиштето на Аврам или Ибрахимовата џамија (арапски: الحرم الإبراهيمي‎) — серија од подземни пештери кои се наоѓаат во стариот дел од градот Хеврон, Западен Брег, Палестина.

Пештера на Патријарсите
מערת המכפלה
الحرم الإبراهيمي‎
Карта
Општи податоци
ГрадХеврон, Западен Брег
ЗемјаПалестина
Гробот на Аврам
Гробот на Аврам

Според верувањата а евреите, муслиманите и христијаните, овде се наоѓа гробот на пророкот Аврам.

Комплексот претставува второто најсвето место на Евреите (по Храмовата Гора во Ерусалим), а во исто време претставува и свето место за муслиманите и христијаните. Според верувањата, овде биле погребени три значајни библиски двојки: Авраам и Сара, Исак и Ревека и Јаков и Лија. Според еврејските извори, овде бил погребан и Исав, син на Исак, а според некои муслимански пак извори, овде се наоѓа и телото на Јосиф, син на Јаков.

Историја уреди

Според библиското Битие на Мојсеј (23:2-16), Сара починела во Киријат Арва, односно во Хеврон, во Ханаанската Земја и Авраам жалел за Сара и тажел по неа.

Првобитната градба од пештери и нивно заштитување била изградена во времето на Ирод Велики.[1]. Во времето на Византија, на југоисточниот дел од комплексот била изградена мала базилика. Целиот комплекс бил покриен, освен можниот гроб на Аврам. Во текот на 614 година, овие простори биле освоени од страна на Персија. Црквата била уништена, оставајќи ја во урнатини. Во 637 година областа била освоена од страна на муслиманите. По ова, зградата била реконструирена и претворена во џамија.

Во текот на својата историја, комплексот бил постојано прошируван и надоградуван. Местото познато како Калах или замок било изградено исто така во тоа време на југозападната страна. Според верувањата, овде било местото каде бил пограбан пророкот Јосиф.

Во текот на 12 век, градот бил освоен од крстоносците, а комплексот веднаш бил претворен во црква. На муслиманите им било забрането да влегуваат во верскиот објект. Во текот на крстоносниот период, овој комплекс повторно бил реновиран. Во 1188 година, Саладин го освоил местото, па храмот повторно бил претворен во џамија, но на христијаните им било дозволено да влегуваат. Во времето на Саладин биле изградени и минариња[1], од кои само две денеска постојат.

Храмот денес уреди

До 1967 година, на евреите им било забрането влегување во комплексот. Но по победата на Израел во Шестдневната војна, областа се вратила под контрола на евреите, за првпат по 2.000 години и 1.400 години ограничување за влез на евреите во компексот.

Во следните години, во реонот на храмот се случиле голем број на немири и убиства. Така, во 1968 година од рачна граната биле повредени 47 Израелци, од кои 8 биле сериозно[2]. Кон крајот на истата година, во голема експлозија исто така биле повредени неколку евреи[3]. Во пресрет на празникот Јом Кипур, празник на помирувањето, на покајанието и на простувањето, во 1976 година неколку арапи уништиле неколку свитоци од еврејската Тората и молитвени книги кои се наоѓале во гробот[4] . Во мај 1980 година еврејските верници биле нападнати, враќајќи се од моливта, по кое 6 луѓе загинале а 17 биле повредени[5].

Тензиите се зголемиле откако израелската влада потпишала договор во Осло во 1993 Наслов на врскагодина според кој била ограничена автономијата на ПЛО во Западниот Брег и Газа[6]. Градот Хеврон во првичниот договор не бил вклучен во списокот.

Во 1994 година, американскиот евреин Барух Голдштејн влегол во делот на џамијата и убил 35 верници, а голем број повредил. По ова истиот бил убиен од страна од муслиманските верници кои се наоѓале во храмот.

Поради големата чувствителност на ова место, во 1996 година бил потпишан договор, како дел од Арапско-израелските конфликти според кој бил ограничен пристапот на евреите и муслиманите во комплексот. Како дел од овој договор, вакаф контролира 81% од објектот. Како резултат на ова, на евреите не им е дозволено пристап до пештерата на Исак и ребека, која целосно лежи во југоисточниот дел.

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Biblical Archaeology Review, Patriarchal Burial Site Explored for First Time in 700 Years, May/June 1985
  2. Hoberman, Haggai (2008). Against All Odds (хебрејски) (1. изд.). Sifriat Netzaim.
  3. Esther Rosalind Cohen (1985). Human rights in the Israeli-occupied territories, 1967-1982. Manchester University Press ND. стр. 215. ISBN 9780719017261. Посетено на 14 October 2010.
  4. Mati Alon (2003). The Unavoidable Surgery. Trafford Publishing. стр. 160. ISBN 9781412010047. Посетено на 14 October 2010.
  5. Ervin Birnbaum (1990). In the shadow of the struggle. Gefen Publishing House Ltd. стр. 286. ISBN 9789652290373. Посетено на 14 October 2010.
  6. William Quandt, Peace Process3rd edition, (Brookings Institution and University of California Press, 2005): 321-329.