Петрово

село во Општина Гевгелија, Македонија

Петрово — село во Општина Гевгелија, во областа Бојмија, во околината на градот Гевгелија.

Петрово

Зграда во селото

Петрово во рамките на Македонија
Петрово
Местоположба на Петрово во Македонија
Петрово на карта

Карта

Координати 41°17′46″N 22°22′59″E / 41.29611° СГШ; 22.38306° ИГД / 41.29611; 22.38306
Регион  Вардарски
Општина  Гевгелија
Област Бојмија
Население 121 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1489
Повик. бр. 034
Шифра на КО 06021
Надм. вис. 350 м
Петрово на општинската карта

Атарот на Петрово во рамките на општината
Петрово на Ризницата

Географија и местоположба уреди

 
Стара куќа во селото

Селото се наоѓа во областа Бојмија, во северниот дел на територијата на Општина Гевгелија, од десната страна на реката Вардар, чијшто голем атар нашироко се допира со подрачјето на општините Демир Капија и Кавадарци.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 350 метри. Од градот Гевгелија е оддалечено 30 километри.[2]

Селото се наоѓа на источните падини на планината Кожуф. Водата за пиење во селото се обезбедува од сопствени бунари.[3]

Историја уреди

Во селото во периодот 1895–1896 бил основан комитет на ВМОРО.[4]

Вкупно 6 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[5]

Стопанство уреди

Има мошне голем атар, што зафаќа површина од 57,8 км2. На него преовладуваат шумите со површина од 5.504 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 154 хектари, а на пасиштата само 5 хектари.[2]

Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција. Во минатото, во него работела земјоделска задруга и поседувало услужни објекти.[2]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948394—    
1953430+9.1%
1961410−4.7%
1971431+5.1%
1981352−18.3%
ГодинаНас.±%
1991268−23.9%
1994269+0.4%
2002206−23.4%
2021121−41.3%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Петрово имало 250 жители, сите Македонци.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Петрово имало 288 жители.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[8]

Петрово преминало од средно по големина, во мало село. Така, во 1961 година селото броело 410 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 269 жители, при што и во двете години, во Петрово живеело и живее исклучиво македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Петрово имало 206 жители, од кои 204 Македонци, 1 Србин и 1 Бошњак.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 121 жител, од кои 110 Македонци, 1 останат и 10 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 250 288 394 430 410 431 352 268 269 206 121
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]


Општествени установи уреди

 
Поранешен дом на културата, денес гласачко место
  • Поранешен дом на културата
  • Месна заедница

Самоуправа и политика уреди

Во XIX век, Петрово било село во Гевгелиската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Гевгелија, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Миравци. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Миравци.

Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Гевгелија. Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.

Во периодот 1950-1955, селото било дел од некогашната општина Миравци, во која влегувале селата Габрово, Давидово, Миравци, Милетково и Петрово.

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 365 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на младински дом.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 142 гласачи.[16] На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 129 гласачи.[17]

Културни и природни знаменитости уреди

 
Главната селска црква „Вознесение Христово“
Археолошки наоѓалишта[18]
Цркви[19]
Манастири

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). на селата во Република Македонија.pdf Енциклопедија на селата во Република Македонија Проверете ја вредноста |url= (help) (PDF). Скопје: Патрија. стр. 233. Посетено на 9 октомври 2021.
  3. „Ветерен парк Петрово“ (PDF). Министерство за животна средина и просторно планирање. 2021. Посетено на 4 октомври 2021.
  4. „Борбите в Македония – Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 53, ISBN 954-9514-56-0
  5. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  6. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 152.
  7. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 194-195.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 9 октомври 2021.
  10. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  17. „Предвремени избори за пратеници 2020“. Посетено на 9 октомври 2021.
  18. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 104. ISBN 9989-649-28-6.
  19. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди