Династија Петровиќ-Његош [белешка 1] била истакната духовна и световна фамилија (братство) [белешка 2] од црногорското племе Његоши во Катунската нахија. Таа дала повеќе истакнати духовни и световни водачи кој управувале или владееле со Црна Гора во текот на XVIII, XIX и почетокот на XX век.

Династија Петровиќ-Његош
Грб на династијата
Претходна династијаЦрнојевиќи
ЗемјаЦрна Гора
Основана17 век
ОсновачДанило I Петровиќ Његош
Последен владетелНикола I Петровиќ
Титули
  • владика
    * кнез
    * крал
ИмотЦрна Гора
Распад1918
Никола I со своето семејство
Крунисувањето на Никола I за крал
Кралскиот грб на Никола II

Власта на Османлиското Царство на територијата на Црна Гора била ограничена, особено во планинските предели на оваа земја. Кон крајот на 16 и почетокот на 17 век, султанот и Високата порта ја признале и прошириле автономијата на Црна Гора, а самоуправните органи добиле сè поголемо значење и биле признати за официјални престваници на Црногорците. Османлиите ја препуштиле власта на црногорскиот митрополит и владика. Во 1697 година, Данило I Петровиќ Његош од страна на Црногорското општо собрание бил избран за владика, а во 1700 година бил потврден од патријархот Арсеније III Црнојевиќ. Данило I бил првиот избран владика од куќата Петровиќ-Његош, а воедно и последен владика кој бил избран од Црногорското општо собрание, по неговиот избор за владика, станало традиција владичкото место да се наследува во куќата Петровиќ-Његош, од чичко на внук.

Владиците од куќата Петровиќ-Његош станале едни од главните предводници на борбата на Црногорците за целосна независнот. Кон крајот на 18 и почетокот на XIX век, се истакнал владиката Петар I Петровиќ Његош кој како сојузник на рускиот цар Александар I, особено жестоко постапувал со војниците на Наполеон, кој скитале низ Црна Гора. Прв голем претставник на куќата Петровиќ-Његош бил владиката Петар II Петровиќ - Његош, поет и деликатен политичар кој бил на власт во периодот помеѓу 1830 - 1851 година. Тој ја прифатил патриотската политика на своите претходници и отворено ги поддржувал сите востанија во Херцеговина и Албанија против Османлиското Царство.

Неговиот внук, Данило II не припаѓал на свештенството и во 1852 година со помош на Руското царство се прогласил за кнез на Црна Гора [1]., прв световен владетел од куќата Петровиќ-Његош. Данило започнал со модернизација на Црна Гора: го зацврстил својот авторитет, разбојништвото и крвната освета меѓу црногорските племиња биле забранети и објавил граѓански законик по француски модел. Во 1858 година, неговиот брат Мирко Петровиќ Његош кај Грахово ги поразил османлиските сили со што била зацврстена самостојноста на Црна Гора. Во 1860 година, Данило II бил убиен во Котор.

Внукот на Данило, Никола I бил малолетен и во негово име управувал неговиот татко Мирко Петровиќ Његош. Во 1863 година, османлиските власти во Црна Гора го испратиле Омер Паша со 60 000 војници за да ги скроти Црногорците. Османлискиот притисок бил жесток, меѓутоа благодарение на големите сили, Црногорците ја сочувале својата самостојност. Во 1875 година, за време на востанието во Босна и Херцеговина, Црногорците испартиле помош за востаниците, а полнолетниот Никола I склучил сојуз со српскиот владетел Милан Обреновиќ против Османлиското Царство. Со Берлинскиот конгрес од 1878 година, Црна Гора добила целосна независност. Никола I ги продолжил реформите на својот чичко, ја реорагизирал државната администрација, во 1905 година, донел устав, меѓутоа се истакнувал со својот автократизам. Својата најстара ќерка, Зорка ја омажил за Петар I Караѓорѓевиќ, Милица за големиот руски војвода Петар, Анастасија - првиот пат ја оженил за војводата Ѓорѓија од Лихтемберг, а подоцна за рускиот војвода Николај. Неговата пета ќерка, во 1897 година, станала сопруга на Франц Јосиф Батенберг. Четвртата ќерка, во 1896 година, Никола I ја омажил за принцот Виктор Емануел Савојски, син на италијанскиот крал Умберто I. На пеесетгодишнината од своето владеење, во 1910 година Никола I се крунисал за крал на Црна Гора, прв и последен од куќата Петровиќ-Његош. Никола I ја предводел Црна Гора во Балканските војни. Положбата на кралот Никола I и династијата Петровиќ-Његош се усложнила со започнувањето на Првата светска војна. Во февруари 1916 година во Битката кај Мојковец, црногорската армија била поразена од австроунгарските сили, Никола I се обидел да издејствува сепаратен мир со Австроунгарија со цел да ја одвои судбината на Црна Гора од Србија, меѓутоа под притисок на црногорските првенци, се качил на брод во Котор и заминал за Франција. Никогаш повеќе Никола I не се вратил во Црна Гора. Со Версајскиот мировен договор, Црна Гора престанала да постоие како независна држава и станала дел од Кралството СХС, под скипатарот на династијата Караѓорѓевиќ. Никола I починал во 1923 година, а на неговиот погреб не присуствувале неговите зетови: Виктор Емануел III и Петар I Караѓорѓевиќ. Династија Петровиќ-Његош повеќе не биле владетелска куќа на Црна Гора.

Во пролета 1941 година, Кралството Југославија било уништено од Хитлер, а кралството Црно Гора повторно било возобновено како италијански протекторат. Мусолини, црногорскиот престол му го понудил на кнезот Михајло, син на принцот Мирко, кој пак бил втор син на Никола I. Меѓутоа, кнезот Михајло го одбил овој предлог. Престолот му бил понуден на принц од Савојската куќа која имала наследни права на куќата Петровиќ-Његош преку италијанската кралица Елена, сопруга на Виктор Емануел III и ќерка на Никола I. Синот на Михаило Петровиќ Његош, Никола II Петровиќ кој роден во 1944 година во Франција е претендент на црногорскиот престол [2].

Потекло уреди

 
Данило I Петровиќ Његош
 
Црногорските племиња

Во периодот, помеѓу пропаѓањето на старите средновековни држави и воспоставувањето на Османлиското Царство, во Црна Гора и Балканскиот Полуостров се појавил вакуум кој создал услови за развој на сточарството од номадски и полуномадски тип. Сточарите со своите стада почнале да се населуваат од еден крај во друг. Токму во овој период на миграција, според едно предание, Петровиќите се населиле во Црна Гора од местото Зеница, Босна. Има претпоставки дека тие се населиле за време на владеењето на Иван Црнојевиќ (1471-1490). По пристигнувањето во Црна Гора, Петровиќите за постојано се населиле во Катунската нахија, каде подоцна се создало племето Његоши.

За потеклото и животот на Петровиќите пред нивното доселување во Црна Гора, има многу малку оскудни информации. Освен преданието кое пренесува дека тие кратко време претојувале во Требиње, а потоа на планина Његош, кај местото Мужевиц. Во 15 и 16 век, на територијата на тогашната Црна Гора од сточарските катуни настанала кнежинската организиција на чело со кнезови. Во Катунската нахија, во 16 век постоеле територијални едници (настанати од постарата катунска организиција), а овие територијални единици ги носеле имињата на подоцнежните племиња. Тие едници во турските дефтери биле нарекувани села и биле заосновани врз територијален принцип, а не крвен принцип. Меѓутоа внатре во тие територијални едници, постоеле крвни заедници: мали и големи семејства, родови, мали и големи братства. Тие биле носители на патријахалната демократија на родовско племенското друштво. По населувањето на Петровиќите во Катунската нахија, биле крвна заедница која живеела во кнежинската организација, од која подоцна настанало племето Његоши.

Кое било нивното име пред населувањето во Црна Гора не е позната и најверојатно поминале три или четири генерации, сè додека не се родил Радул (кој кога станал калуѓер и го зел името Петар) по кое семејната куќа или братството го добило своето име Петровиќи. Во XVIII век, започнале да се формираат црногорските племиња. Внукот на овој Петар, Шќепан Калуѓеровиќ - татко на владиката Данило бил кнез на Његошите. Шќепан Калуѓеровиќ често заминувал во странство кај патријархот во Пеќ и поради својата правичност стекнал големо почитување меѓу народот. Куќата Петровиќи успеало да се издигне над останатите во племето Његоши и да ја преземе власта. Во 1697 година, Данило Шќеповиќ од страна на општото црногорско собрание бил избран за владика, прв од куќата Петровиќ.

Владетели уреди

Куќата Династија Петровиќ-Његош на Црна Гора и дала седум владетели, пет од нив, истовремено биле и црковни поглавари - митрополити. Најпрво биле световни владетели, а подоцна го преземале високото црковно достоинство, со што се обединувала црковната и световната власт. Владиката Данило најпрво три години од народот бил избран за поглавар (старешина), а дури потоа го примил митрополитското достоинство. Помеѓу 1830 - 1833 година, владиката Раде (Петар II Петровиќ Његош) себеси се именувал како: „Со божја милост, јас ѓакон Петар II Петровиќ-Његош, господар Црногорски“, а дури шодоцна станал митрополит. Освен тоа, тие не се облекувале како црковни поглавари, туку носеле народна облека и оружје.

Семејно дрво уреди

  1. Петар Калуѓер(овиќ)
    1. Иван Петровиќ-Његош
      1. Иван Петровић-Његош
      2. Сава Петровић-Његош (роден околу 1700 - 1781), бил коадјутор 1719-1735, владика 1735-1781.
    2. Шќепан Калуѓеров Петровиќ-Његош, оженет со Сава.
      1. Радул Петровиќ-Његош, оженет со Владица
        1. Василије Петровиќ-Његош (1709-1766), владика 1750-1766.
        2. Ѓуро Петровиќ-Његош, оженет со Којача Вуковиќ
          1. Иван Петровиќ-Његош
          2. Нико Петровиќ-Његош, оженет со Стана
          3. Рафаило Петровиќ-Његош
      2. Данило Шќепчев Петровиќ-Његош (околу 1670-1781), владика 1697-1735.
      3. Петар Петровиќ-Његош
      4. Дамјан Петровиќ-Његош
        1. Иво Петровиќ-Његош, оженет со Ика Поповиќ
        2. Марко Петровиќ-Његош, оженет со Англина Мартиновиќ
          1. Саво Петровиќ-Његош, оженет со Мара Милиќ
            1. Ѓорѓе Петровиќ-Његош, оженет со Стана Гопчевиќ
            2. Машан Петровиќ-Његош, оженет со Јована Радониќ
            3. Вуко Петровиќ-Његош, оженет со Јока Суботиќ
            4. Ивана Петровиќ-Његош, омажена за Филип Радониќ
            5. Стана Петровиќ-Његош, омажена за Иво Бојковиќ
            6. Јована Петровиќ-Његош, омажена за Ѓуро Дољаница
            7. Гордана Петровиќ-Његош, омажена за Јоко Руцовиќ
          2. Томо Петровиќ-Његош, оженет со Ивана Пророковиќ
            1. Јоко Петровиќ-Његош
            2. Петар II Петровиќ Његош (1813-1851), владика 1830-1851.
            3. Перо Петровиќ-Његош, оженет со: Горда Врбица, Јована Ѓурашковиќ и Госпава Булајиќ
            4. Пиљо Петровић-Његош
            5. Марија Петровиќ-Његош, омажена за Андреј Перовиќ
            6. Ѓане Петровиќ-Његош, оженет со П. Ѓурашковиќ
          3. Петар I Петровиќ Његош (1747-1830), владика 1784-1830. Канонизиран како свети Петар Цетињски.
          4. Стјепо Петровиќ-Његош
            1. Митар Петровиќ-Његош
            2. Станко Петровиќ-Његош, оженет со Крстиња Врбица
              1. Стеван Петровиќ-Његош
              2. Мирко Петровић-Његош, оженет со Анастасија (Стана) Мартиновиќ
                1. Никола I Петровиќ (1841-1921), кнез 1861-1910, крал 1910-1918., оженет со Милена Вукотиќ (1847-1923).
                  1. кнегиња Зорка Петровиќ-Његош омажена за Петар I Караќорќевиќ
                  2. Милица Петровиќ-Његош, омажена за Петар Николајевич Романов
                  3. Анастасија Петровиќ-Његош, најпрво омажена за Георгије Романов-Лајтенберг, а подоцна за Николај Николајевич Романов
                  4. Марица Петровиќ-Његош
                  5. Данило Петровиќ-Његош, оженет за Јута Макленбург-Штерлиц
                  6. Елена Петровиќ-Његош, омажена за Виктор Емануел III
                  7. Ана Петровиќ-Његош, омажена за Франц Јосиф Батенберг
                  8. Софија Петровиќ-Његош
                  9. Мирко Петровиќ-Његош
                    1. Станислав Петровиќ-Његош
                    2. Михаило Петровиќ-Његош, оженет со Женевјев Прижан
                      1. Никола Петровиќ-Његош, оженет со Франциска Наваро
                        1. Алтинај Петровиќ-Његош
                        2. Борис Петровиќ-Његош
                    3. Павле Петровиќ-Његош
                  10. Ксенија Петровиќ-Његош
                  11. Вера Петровиќ-Његош
                  12. Петар Петровиќ-Његош, оженет со Виолета Вегкер
                2. Горде (Анастазија) Петровиќ-Његош, омажена за Сава Пламенац
                3. Марија Петровиќ-Његош,
              3. Данило Петровић-Његош (1826-1861), владика 1851-1852, кнез 1852-1861., оженет за Даринка Квекиќ
                1. Олга Петровиќ-Његош
              4. Роке Петровиќ-Његош, омажена за Перо Калуѓеровиќ
              5. Јоке Петровиќ-Његош, омажена за Иво Радовиќ
              6. Маке Петровиќ-Његош, омажена за Митар Јовичевиќ
              7. Јане Петровиќ-Његош, омажена за Риста Бошковиќ
            3. Јоко Петровиќ-Његош, оженет за Манде Булајиќ
          5. Непозната ќерка
          6. Непозната ќерка
      5. Лука Петровиќ-Његош, оженет за Мара
      6. Непозната ќерка
      7. Непозната ќерка

Галерија уреди

Белешки уреди

  1. Петровиќ доаѓа од братството Петровиќ кое било составен дел од племето Његоши
  2. Црногорските племиња се состоеле од крвни заедници: мали и големи семејства, родови, мали и големи братства. Во текот на процесот на создавање на црногорските племиња, оделни моќни братства ги обединувале останатите крвни заедници околу себе. Братсвото Петровиќ успеало да се издигне над останатите во племето Његоши

Извори уреди

  1. Guy Gauthier, Les Aigles at les Lions, Histoire des monarchies balkaniques, Éditions France-Empire, 1996
  2. Ко је ко у Црној Гори, II издање 1999. АМЦ – Золак & Золак, Архе Будва

Литература уреди

Надворешна врска уреди