Петар II Алексеевич (23 октомври 1715 - 29 јануари 1730; руски: Пётр II Алексеевич) бил император на Русија во периодот од 1727 до 1730 година. Починал на петнаесетгодишна возраст и неговото управѕвање со земјата било проследено со големото соперништво меѓу влијателните луѓе во царскиот дворец.

Петар II
Руски император
На престол18 мај 1727 – 30 јануари 1730
Крунисување25 February 1728
ПретходникCatherine I
НаследникAnna
Роден(а)23 октомври 1715
Санкт Петербург , Руска Империја
Починал(а)29 јануари 1730
Москва , Руска Империја
Почивалиште
Полно име
Петар Алексеевич Романов
ДинастијаДинастија Романови
ТаткоАлексеј Петрович
МајкаШарлота фон Брауншвајг
Вероисповедправославие

Рани години уреди

 
Раѓањето на Петар II

Петар Александрович бил единствениот син на Алексеј Петрович, кој пак од своја страна бил единствен син на императорот Петар Велики. Мајка му Шарлота фон Брауншвајг била сестра на омаженаата за Карло VI, цар на Светото Римско Царство. Три години по раѓањето на Петар Алексеевич татко му бил убиен по наредба на Петар Велики, по што тој бил држен во изолација од дворот. Тоа продолжило и во управувањето на втората сопруга и наследничка на Петар I, Катерина I.

Владеење уреди

Со помош на царицата Катерина I, Петар Алексеевич бил венчан за Марија, ќерката на највлијателниот политичар во дворот и близок пријател на Петар Велики, Александар Меншиков. По смртта на Катерина во 1727, со помош на Меншиков, кој го прибирал во својот дворец, Петар Алексеевич бил прогласен за император. Само неколку месеци подоцна, во септември 1727, Петар II, со поддршка од својот учител Андреј Остерман, го отстранил Меншиков од власта.

Откако бил сменет, Меншиков бил испратен на заточение, а неговото место било зафатено од Василиј Долгоруков. Тој го одвел императорот во Москва и сакајќи да го венча за својата внука Катерина Долгорукова. Свадбата била закажана за 30 јануари 1730, но еден ден пред тоа императорот починал.

Со смртта на Петар II се прекинала директната машка линија на династијата Романови. Тој бил наследен од Ана Ивановна, ќерка на Иван V, полубрат на Петар Велики.

Руски владетели
Руски кнезови и цареви (1283–1547) Даниел МосковскиЈуриј IIIИван IСимеонИван IIДмитриј ДонскиВасилиј IВасилиј IIИван IIIВасилиј IIIИван IVФјодор IБорис ГодуновФјодор IIЛажен Дмитриј IВасилиј IVМихаил РомановАлексеј IФјодор IIIИван VПетар I  
Императори на Русија (1721–1917) Петар IКатерина IПетар IIАна ИвановнаИван VIЕлисавета ПетровнаПетар IIIКатерина IIПавле IАлександар IНиколај IАлександар IIАлександар IIIНиколај II  
Лидери на Советскиот Сојуз (1917–1991) Владимир ЛенинЈосиф СталинГеоргиј МаленковНикита ХрушчовЛеонид БрежневЈуриј АндроповКонстантин ЧерненкоМихаил Горбачов  
Претседатели на Русија (1991–) Борис Елцин • Владимир Путин  • Дмитриј Медведев • Владимир Путин