Петар Ичко ( 17555 мај 1808) — македонско-српски и османлиски дипломат.[1]

Петар Ичко
Роден(а)~ 1755
Катраница, Кајларско, Егејска Македонија
Починал(а)5 мај 1808
Белград, Србија
НационалностМакедонец
Занимањедипломат и трговец
Познат(а) попретставник на бунтовниците во Првото српско востание; Ичков мир

Животопис уреди

 
Куќата во Земун во која престојувал Петар Ичко

Роден е околу 1755 г. во Катраница, Кајларско, јужна Егејска Македонија. Се преселил на север, ангажиран како продавач. Работел како претставник на Отоманската дипломатска мисија во Берлин (1797-1799), а веројатно и во Виена. Живеел како трговец во Белград, каде што кон крајот на XVIII век, бил старешина на трговците. По враќањето во Белград јаничарските дахии Петар во 1802 година се пресели во Земун, а тогаш пограничен хабсбургшки градот.

По 1804 година, за време на Првото српско востание се приклонил кон Србите понудувајќи ги своите дипломатски и трговски искуства. Водачите на востанието во 1806 година го испратиле Петар како претставник на српските бунтовници во Цариград, каде 1806-1807 година постигнал спогодна помеѓу Србија и Високата Порта, позната како Ичков мир. Се вратил во Белград, но наскоро, на 5 мај 1808 година бил отруен.

Поврзано уреди

Извори уреди

  1. Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, II том, Униврзитет Кирил и Методиј - Факултет за филозофско - историски науки, Скопје, 1981