Песочани

село во Општина Дебрца

Песочани — село во Општина Дебрца, во областа Дебрца, во околината на градот Охрид.

Песочани

Крстот во селото

Песочани во рамките на Македонија
Песочани
Местоположба на Песочани во Македонија
Песочани на карта

Карта

Координати 41°19′35″N 20°47′30″E / 41.32639° СГШ; 20.79167° ИГД / 41.32639; 20.79167
Регион  Југозападен
Општина  Дебрца
Област Дебрца
Население 74 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6344
Повик. бр. 046
Шифра на КО 19036
Надм. вис. 853 м
Песочани на општинската карта

Атарот на Песочани во рамките на општината
Песочани на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Селото Песочани се наоѓа во областа Дебрца, Охридско. Селото се наоѓа на јужното подножје на Славеј Планина. Низ селото тече реката Песочица.

Соседни села на селото Песочани се: од југозапад селото Црвена Вода, од запад селото Присовјани, од југ селото Ново Село, од север селото Лактиње, и од североисток селото Издеглавје.

Поедини места во атарот на селото ги носат следните имиња: Краста, Кокошарник, Стражник, Кучитас, Равен, Конац, Калдрма, Бариште, Манастириште, Кула, Пески, Буков Дол, итн.

Историја уреди

Во XIX век, Песочани се наоѓало во Охридската каза, нахија Дебрца, во Отоманското Царство.

При задушувањето на Охридско-дебарското востание во 1913 година во селото Песочани биле убиени 107 муслимани од страна на српската војска.[2]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948294—    
1953358+21.8%
1961355−0.8%
1971268−24.5%
1981159−40.7%
ГодинаНас.±%
1991126−20.8%
1994106−15.9%
200295−10.4%
202174−22.1%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Песочани имало 360 жители, сите Албанци муслимани.[3]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Песочан е претставено како чисто албанско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 60 куќи.[4]

Според пописот од 2002 година, во селото Песочани живееле 95 жители, сите Македонци.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 74 жители, од кои 57 Македонци и 17 лица без податоци.[6]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 360 294 358 355 268 159 126 106 95 74
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови уреди

Песочани е македонско православно село. Во селото нема староседелски родови, бидејќи селото во првата половина од XIX век било населено со муслиманско албанско население, кое потекнувало од околината на Дебар. Кога Албанците се населиле во Песочани, тие ги раселиле и некои села во Песочанската Долина кои постоеле, како селото Радомирово, кое имало околу 300 домаќинства и селото Влашки Ќуки, кое било населено со Власи. Иселеници од македонското село Радомирово има во селото Лешани, таму се Грбаковци (30 к.). Од нивното населување па сѐ до протерувањето во 1922 година селото било муслиманско, со што Песочани било единствено муслиманско село во Дебрца. Но, во 1922 година селото било уништено и муслиманите биле растерани. Тие избегале во Охрид и Струга, потоа албанските струшки села Корошишта и Делагожда, кичевското село Другово, како и во Турција. Набрзо по нивното раселување во Песочани се населуваат Македонци од околните села.

Доселениците во селото ги носат имињата на селата од кои се доселени: Црвеноводчани (20 к.) доселени се од селото Црвена Вода; Годивјанци (12 к.), доселени се од селото Годивје; Лактинци (10к.), доселени се од селото Лактиње; Врбјанци (5 к.), доселени се од селото Врбјани и Арбиновци (1к.), доселени се од селото Арбиново. Сите наведени доселеници имаат роднини во селата од кои се доселени.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1948 година, родови во селото Песочани се:

Македонци: Наумовци (5 к.) доселени се од селото Врбјани во периодот од 1921-1928 година, каде припаѓале на родот Митревци; Ѓаковци или Ѓоковци (2 к.) доселени се од селото Годивје во 1923 година, каде припаѓале на исотимениот род; Ќубезијовци или Копиљаковци (5 к.) доселени се во 1923 година од селото Лактиње, каде припаѓале на родот Вељановци; Кисковци или Дуковци (3 к.) доселени се во 1928 година од селото Лактиње, каде припаѓале на родот Дуковци; Балазовци (3 к.) се делат на Димовци и Дојчиновци, доселени се од селото Лактиње во 1928 година, каде припаѓале на истоимениот род; Куртовци или Ѓурчиновци (1 к.) доселени се во 1928 година од селото Годивје, таму припаѓале на родот Куртовци; Трајановци (9 к.) се делат на Таневци, Никодиновци, Петревци, Неделковци и Филчевци, доселени се во периодот од 1926 до 1937 година од селото Црвена Вода, каде припаѓале на родот Трајановци; Апостоловци (2 к.) доселени се во 1927 година од селото Годивје, каде припаѓале на истоимениот род; Шијаковци (6 к.) се делат на Китановци, Костадиновци, Несторовци, Мицковци, Вељановци, доселени се во периодот од 1927 до 1947 година од селото Црвена Вода, таму припаѓале на родот Шијаковци; Балтаковци (1 к.) доселени се во 1928 година од селото Црвена Вода, а таму се доселиле од селото Брежани во првата половина на XIX век; Мацковци или Ѓурковци (1 к.) во селото се познати и како Петревци. Доселени се во 1928 година од селото Црвена Вода, каде припаѓале на истоимениот род; Коњаровци (1 к.) во селото се познати и како Јолевци. Доселени се во 1931 година од селото Арбиново, каде припаѓале на истоимениот род.

Албанци: Џеловци (1 к.) во периодот од 1921 до 1929 година живееле во селото Поум, па се вратиле назад во Песочани; Лимановци (1 к.) во периодот од 1921 до 1930 година живееле во Кичево, па се вратиле назад; Веселовци (1 к.) во периодот од 1921 до 1943 година живееле во селото Делогожди, па и они се вратиле назад.[11]

Самоуправа и политика уреди

Селото влегува во рамките на проширената Општина Дебрца, која настанала со спојување на поранешните општини Белчишта и Мешеишта по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото претставувало седиште на некогашната Општина Белчишта.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Охрид. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Белчишта.

Во периодот 1952-1955, селото влегувало во рамките на тогашната Општина Белчишта, во која покрај селото Песочани, се наоѓале и селата Белчишта, Ботун, Брежани, Велмеј, Горно Средоречие, Грко Поле, Долно Средоречие, Злести, Лешани, Ново Село и Црвена Вода. Во периодот 1950-1952 година, селото Песочани се наоѓало во некогашната Општина Ново Село, во која влегувале селата Ботун, Ново Село, Песочани и Црвена Вода.

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1317 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 76 гласачи.[13]

Културни и природни знаменитости уреди

Цркви[14]
Археолошки наоѓалишта
  • Кула — утврдена населба од доцноантичко време и средниот век
  • Манастириште — црква и некропола од средниот век
Реки

Личности уреди

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Виктор Цветаноски, „Албанците - нивното минато, потеклото и обичаите (20)“ Архивирано на 8 април 2017 г., „Утрински весник“, 13.12.2009.
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 253.
  4. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 32.
  5. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 октомври 2016.
  6. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. Русиќ, Бранислав. Дебрца-Песочани. Архивски фонд на МАНУ АЕ 89/1.
  12. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  13. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски уреди