Перихел — точка во орбитата на астрономскиот објект, каде што тој е најблиску до својот орбитален фокус.

Перихел и афел се најблиската и најдалечната точка (апсида) на директната орбита на астрономскиот објект околу Сонцето.

Според Првиот Кеплеров закон, сите планети, комети и астероиди во Сончевиот Систем имаат приближно[а] елиптични орбити околу Сонцето.[1] Оттука, објектот којшто орбитира има најблиска и најдалечна точка од објектот околу кој се движи. Секоја екстремна вредност е позната како апсида. Орбиталното занесување ја мери сплесканоста на орбитата, односно отстапувањето од совршен круг.

Потекло на поимот уреди

Поимот „перихел“ потекнува од старогрчките зборови περί (пери), со значење „блиску“, и Ἥλιος (хелиос), со значење „Сонце“.

Основни формули уреди

Полупречникот на перихелот се пресметува со помош на формулата:

 ,

каде:

a — голема полуоска; и
е — орбитално занесување.

Брзината во перихелот се пресметува со формулата:

 ,

каде:

G — гравитациска константа;
М — Сончева маса;
a — голема полуоска; и
е — орбитално занесување.

Сончев Систем уреди

Земја уреди

Перихелот на Земјата се случува на растојание од 147.098.291 км од Сонцето, што е на околу 2,5 милиони км помалку од средното растојание до Сонцето. Земјата се наоѓа во перихел на 2-3 јануари, во просек 13 дена по краткодневицата.[2]

Други планети уреди

Перихелот и останатите планети во Сончевиот Систем согласно информациите на НАСА се случува на следните растојанија:[3]

Прецесија на перихелот уреди

Шема на процесија на меркуровата орбита

Параметрите на орбитите на планетите во Сончевиот Систем со тек на време претрпуваат бавни измени како последица на заемодејството на планетите. Впрочем, оската на орбитата постепено се ниша (во орбиталната рамнина) на страната на орбиталното движење и со тоа се поместува и перихелот. Ваквата појава се нарекува „прецесија на перихелот“ (видете на анимицијата десно). Перихелот на Меркур се враќа во почетната состојба на секои 260 илјади земјени години, додека истиот период за Јупитер изнесува околу 300 илјади години.[4]

Во средината на 19 век, астрономите откриле дека укажаното поместување на перихелот на Меркур се случува нешто побрзо отколку што е предвидено со Њутновиот закон за гравитацијата. Подоцна, слична аномалија била откриена и во движењето на други небесни тела. Причината за оваа аномалија се објаснува со општата теорија за релативноста, при што од равенството за релативноста произлегува поместувањето коешто фактички се набљудува. Дополнително поместување, т.е. „релативна поправка“, била пресметана и утврдена и за други планети и астероиди.[5]

Поврзано уреди

Белешки уреди

  • а Се вели дека орбитата на астрономскиот објект е „приближно“ елиптична, затоа што орбиталното движење не завршува онаму каде што започнало поради прецесија.

Наводи уреди

  1. „Introductory Astronomy: Ellipses“. Washington State University.
  2. „Датуми на рамнодневица, сонцестој, перихел и афел на Земјата во периодот 2000—2020“. Архивирано од изворникот на 2007-10-13. Посетено на 2017-01-28.
  3. „Solar System Exploration: Planets: Comparison Chart“. Архивирано од изворникот на 2015-01-14. Посетено на 2017-01-28.
  4. Субботин М. Ф. Введение в теоретическую астрономию. — М.: Наука, 1968. — С. 65.
  5. Kevin Brown (2012). „Anomalous Precessions“. Reflections on Relativity (англиски). Посетено на 14 април 2014.

Литература уреди

  • Богородский А. Ф. Всемирное тяготения. — Киев: Наукова думка, 1971. — 351 с.
  • Роузвер Н. Т. Перигелий Меркурия. От Леверье до Эйнштейна = Mercury's perihelion. From Le Verrier to Einstein. — М.: Мир, 1985. — 244 с.
  • Субботин М. Ф. Введение в теоретическую астрономию. — М.: Наука, 1968. — С. 58—67.