Пепе (фудбалер 1983)

Кеплер Лаверан Лима Фереира (португалски: Képler Laveran Lima Ferreira ), (Масејо, 26 февруари 1983) попознат како Пепепортугалски фудбалер. Својата фудбалска кариера ја започнал со Коринтијанс, локален тим. Таму и го добил прекарот Пепе.

Пепе (фудбалер 1983)
Пепе на Купот на Конфедерации во Русија 2017 година
Лични податоци
Полно име Кеплер Лаверан Лима Фереира
Роден на 26 февруари 1983(1983-02-26)(41 г.)
Роден во Масејо, Бразил
Висина 1,88 м
Позиција Централен одбранбен играч
Клупски податоци
Сегашен клуб Реал Мадрид
Број 3
Младинска кариера
1995–2001 Спорт клуб Коринтијанс Алагоано
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2001–2002 Маритимо Б 14 (1)
2002–2004 Маритимо 63 (3)
2004–2007 Порто 64 (6)
2007–2017 Реал Мадрид 229 (13)
2017- Бешикташ 23 (2)
Репрезентација
2007– Португалија 79 (4)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 16:08, 8 април 2017 (UTC)
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 25 март 2017

Иако имал тешкотии при приспособувањето на островот Мадејра, каде го фатила носталгија, Пепе брзо напредувла. Неговиот раст во Маритимо не поминал незабележано од големите европски гиганти, меѓу кои и Порто, за кој Пепе се одлучил. После заминувањето на Жозе Мурињо и доаѓањето на Ко Адријансе ја достигнува својата целосна афирмација. Во Реал Мадрид преминува во 2007 година.[1]

Клупска кариера уреди

Маритимо уреди

Пепе заедно со еден соиграч од Коринтијанс Алагоаноа, со само 18 години потпишал за португалскиот прволигаш Маритимо. Својата прва сезона во Португалија ја поминал во Б тимот на Маритимо.

Во сезоната 2002/2003 Пепе настапува за првиот тим на Маритимо на повеќе позиции, од заден играч за врска, до полушпиц. Следната сезона добил дозвола да оди на проба во Спортинг. Пепе ја поминал пробата, но двата клуба не можеле да се договорат околу отштетата, па Пепе останал во Маритимо и му помогнал на клубот да обезбеди настап во Лига Европа за идната сезона.

Порто уреди

Во текот на летото во 2004 година, Пепе потпишал за Порто. Трансферот бил вреден милион евра, со тоа Маритимо од идниот трансфер да добие 20%. Исто така добиле и неколку играчи.

Во првата сезона Пепе бил користен како замена на двајцата ветерани, Педро Емануел и Жорхе Коста. Во следните сезони под водство на Ко Адријансе, Пепе добива повеќе прилики и го искажува цел свој потенцијал.

Реал Мадрид уреди

На 10 јули 2007 година, Пепе потпишува договор со Реал. Трансферот е вреден 30 милиони евра.

Во текот на сезоната 2008/09, Пепе бил постојано повредуван, а на 21 април 2009 година заради намерно удирање на противнички играч казнет е со десет натпревари суспензија.[2]

Во текот на сезоната 2009/10, Пепе се вратил во почетните единаесетмина и на натпреварот со Севиља, го постигнал својот првенец за Реал. На 12 декември на натпревар против Валенсија, изнесен е од теренот. После се дознале дека имал руптура на десното колено заради што во прашање го довел својот настап на Светското првенство во фудбал во Јужноафричката Република во 2010 година.[3]

На почетокот на сезоната 2010/11 во клубот е доведен Рикардо Карваљо со кој Пепе ќе го сочинува стоперскиот тандем на кралскиот клуб. За тренер е поставен Жозе Мурињо. На почетокот на есента се појавиле гласови дека Пепе сака да го напушти Реал, наводно незадоволен со својата плата од 1,8 милиони евра годишно.[4] Во игра била и понудата на Челси кој барал замена за Карваљо.[5]

Репрезентација уреди

Пепе никогаш не играл за бразилската репрезентација во ниедна категорија, па во август 2007 година, добил португалско државјанство, а на 30 истиот месец бил повикан да игра за Португалија.[6]

Дебитирал на 21 ноември 2007 година во натпревар против Финска. Првиот гол го постигнал против Турција во групата на Европското првенство во фудбал – Австрија и Швајцарија 2008 година.[7]

Селекторот на Португалија во текот на квалификациите за СП во Јужна Африка го користел на позиција на последен играч за врска, но после неговата тешка повреда на коленото додека настапувал за клубот, играњето на СП било под знак прашање. Сепак Пепе настапил на два натпревари, против Бразил и против Шпанија.

Во мај 2016 година, португалскиот селектор го објавил списокот на играчи за Европското првенство во Франција на кој список се наоѓал и Пепе.[8]

Статистика уреди

Клуб Сезона Лига Куп Европа Вкупно
Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови
Маритимо 2001–02 4 0 0 0 0 0 4 0
2002–03 29 2 1 0 30 2
2003–04 30 1 2 0 32 1
Вкупно 63 3 3 0 0 0 66 3
Порто 2004–05 15 1 1 0 5 0 21 1
2005–06 24 1 4 0 5 2 33 3
2006–07 25 4 1 0 8 0 34 4
Вкупно 64 6 6 0 18 2 88 8
Реал Мадрид 2007–08 19 0 0 0 3 0 22 0
2008–09 26 0 0 0 3 0 29 0
2009–10 11 1 1 0 6 0 18 1
2010–11 10 1 1 0 4 0 14 1
Вкупно 66 2 2 0 16 0 86 2
Вкупно во кариерата 193 11 11 0 34 2 238 13

Трофеи уреди

Реал Мадрид уреди

Наводи уреди

  1. Пепе потпиша за Реал
  2. Суспензија
  3. Повреда против Валенсија
  4. Пепе сака да си оди од Реал
  5. Челси го сака Пепе
  6. Пепе повикан во португалската репрезентација[мртва врска]
  7. Пепе ѝ дал гол на Турција
  8. „Euro 2016: Full squads for every country“. bbc.com.

Надворешни врски уреди