Пенушка или пен[1] — долен дел од дрво заедно со корењата останато по сечење. Пенушките тешко се вадат од земја. Или се ископуваат или се отстрануваат со мелачка за пенушки.

Пенушка

Пенушките понекогаш се во можнос да се регенерираат во ново дрво. Често едно исечено листопадно дрво повторно никнува на повеќе места околу работ на пенушката или од корењата. Ова може да биде пожелно или непожелно, зависно од тоа дали дрвото трајно се остранува или пак шумата се чека да се обнови. Новите фиданки некогаш стануваат дрва сами за себе заради веќе постоечкиот коренски систем; меѓутоа исечениот дел од пенушката може да ги ослаби фиданките и да им доведе болест.

Пенушките се употребуваат за читање на прстените (годовите), т.е. староста на едно дрво. Оваа наука се нарекува дендрохронологија.

Наводи уреди