Пелистер (Грција)

планински венец во Епир

Пелистер или Лакмос (грчки: Περιστέρι, Λάκμος) — планина венецот Пинд, сместена во источна Јанина во Епир и западна Трикала во Тесалија. Нејзиниот највискиот врв, исто така Пелистер, се издига на 2 295 метри надморска височина.[1] Се протега во должина од 20 км, од селата Големо и Мало Готишта на запад, па речиси до Мечово на исток. Најблиски околни планини се Џумерка (Атаманика, Ѕумерка) на југ, Лигос на север и Мечкели на запад. Планината се одводнува од реката Мечовица и нејзините притоки на север, запад и југ, како и Ахелоос на исток. Мечовица потоа тече на југ и откако ќе прими извесни притоки ја образува Арахтос.

Пелистер
Περιστέρι / Λάκμος
Пелистер
Највисока точка
Надм. вис.2 295 м [1]
Координати39°41′02″N 21°07′23″E / 39.684° СГШ; 21.123° ИГД / 39.684; 21.123
Географија
Пелистер на карта

Карта

Најблиското гратче е Мечово, сместено на североисточниот крај. Други населени места на планината се Лепеница (Антуса) во југоисточниот, Дервендишта (Антохори) во северниот, Големо Готишта (Мегали Готиста) во западниот и Провала (Ватипедо) во југозападниот дел. Автопатот „Егнатија“ (А2) (Игуменица - Јанина - Кожани - Солун - Дедеагач) поминува северно од планините.

Поврзано уреди

Наводи уреди

Надворешни врски уреди