Пелеански избув

(Пренасочено од Пелеанска ерупција)

Пелеанска  ерупција е вид на вулканска ерупција која се одликува со брзо движење на пирокластични текови или бранови кои опожаруваат сè што ќе им се најде на патот[1]. Притоа од вулканот големи количини на прашина, карпи и гас се исфрлаат од вулканот, кои потоа се спуштаат по падините како пирокластични потоци. Ваквата ерупција може да се случи кога магмата е многу вискозна, обично од риолитски или андезитски тип и истата дели сличности со вулканолошкиот тип на ерупција.

Пелеанска ерупција: 1 Облак од пепел, 2 Падната вулканска пепел, 3 Лавина купола, 4 Вулканска бомба, 5 Пирокластичен проток, 6 Слоеви на лава и пепел, 7 Стратум 8 Магматски канал, 9 Магматска комора 10 Дига

Особености уреди

Најважната одлика на пелеанската ерупција е присуството на блескава лавина на топла вулканска пепел, таканаречениот „зажарен облак“[2] односно пирокластичниот тек како и формирањето на лавини куполи. Исто така е забележливо дека кратките текови на пепел создаваат конуси од пемза.

Почетната фаза на ерупција се одликува со пирокластичен тек. Талозите од тефра имаат помал обем и опсег од соодветните плиниски и вулкански ерупции. Вискозната магма потоа формира стрмни куполи или вулкански ' рбет во отворот на вулканот. Куполата подоцна може да колабира, што ќе резултира во текови на пепел и исфрлање зажарени камени блокови.

Циклусот на ерупција обично завршува по неколку години, но во некои случаи може да продолжи и неколку децении, како и во случај на вулканот Сантјагито.

Име уреди

Типот на ерупција името го добил по ерупцијата на вулканот Пеле на Карибите кој избувнал во 1902 година убивајќи 28 000 луѓе.[1] Оваа пелеанска ерупција била една од најголемите вулкански катастрофи на 20-от век која целосно го збришала градот Сен Пјер на Мартиник, (Антили), низ серија моќни ерупции.[3]

Примери уреди

Други примери на пелеанска ерупција се следниве:

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Prentice, Lucy. „Pelean volcanic eruptions“. www.explorevolcanoes.com. Посетено на 2017-12-26.
  2. „Volcanoes: Types of Volcanic Eruptions“. pubs.usgs.gov. Посетено на 2017-12-26.
  3. Cain, Fraser (2009-04-22). „Pelean Eruption - Universe Today“. Universe Today (англиски). Посетено на 2017-12-26.
  4. „RAIN OF DEATH IN THE PHILIPPINES“. West Australian (Perth, WA : 1879 - 1954). 1951-12-05. стр. 1. Посетено на 2017-12-26.
  5. Program, Global Volcanism. „Report on Lamington (Papua New Guinea)“. Bulletin of the Global Volcanism Network (англиски). 26 (6). doi:10.5479/si.gvp.bgvn200106-253010.
  6. Moore, J. G.; Melson, W. G. (1969-06-01). „Nuées Ardentes of the 1968 Eruption of Mayon Volcano, Philippines“. Bulletin Volcanologique (англиски). 33 (2): 600–620. doi:10.1007/BF02596528. ISSN 0366-483x Проверете ја вредноста |issn= (help).