Педро Тонон Жеромел (роден на 27 мај 1985) — бразилски фудбалер, играч од одбраната на Гремио и на бразилската репрезентација.

Педро Жеромел
Лични податоци
Полно име Педро Тонон Жеромел
Роден на 21 септември 1985(1985-09-21)(38 г.)
Роден во Сао Паоло, Бразил
Држава Бразил Бразил
Висина &100000000000001900000001,90 м
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Гремио Гремио
Број 3
Младинска кариера
Португеза Португеза
Палмеирас Палмеирас
Шавеш Шавеш
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2004-2005 Шавеш Шавеш 15 (0)
2005-2008 Гимараеш Виторија Гимараеш 67 (1)
2008-2013 Келн Келн 116 (4)
2012-2013Мајорка Мајорка 38 (1)
2014- Гремио Гремио 169 (9)
Репрезентација
2017- Бразил Бразил 2 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Клупска кариера уреди

Почетоци, Чавес и Виторија Гимараеш уреди

Роден во Сао Паоло, Жеромел ја започнал својата фудбалска кариера во младинските категории на Португеза во јули 1996 година, на возраст од 10 години, останувајќи таму до јули 1999 година. Неговиот втор младински клуб бил Палмеирас, каде што станал професионалец Б. На 1 јануари 2004 година Педро Жеромел бил ангажиран од страна на португалскиот второлигаш Деспортиво де Чавес, на возраст од 18 години. Меѓутоа, тој останал во младинскиот тим на клубот од Португалија во 2004 година додека не добил шанса конечно да заигра за првиот тим.

Во 2005 година тој добил можност да заигра за првиот тим на Чавес, и станал стартер и еден од најважните играчи на клубот, добивајќи голема озлогласност и покрај својата младост, како резултат на добрите остварувања во натпреварите од Втората лига на Португалија.

На 1 јули 2005 година, тој бил ангажиран од страна на Виторија Гимараеш со што добил можност да се натпреварува во највисоката фудбалска лига на Португалија, Примеира лигата. Веќе во првите години во клубот тој станал стандарден првотимец и во неколку наврати бил сметан за еден од најдобрите одбранбени играчи во Примеира лигата. Тој останал во клубот 3 сезони и во тој период бил еден од најдобрите играчи на својата позиција во Португалија. Во сезоната 2007-2008, во една онлајн анкета бил избран за најдобар играч на Примеира лигата победувајќи ги Лисандро Лопес и Лучо Гонсалес од Порто.

Келн и Мајорка уреди

 
Жеромел во периодот кога бил играч на Келн.

На 30 јуни 2008 Жеромел се преселил во Бундеслигата, потпишувајќи четиригодишен договор со ново промовираниот член Келн. Во првата сезона во клубот тој му помогнал на Келн да избори опстанок во Бундслигата играјќи во 32 натпревари на кој постигнал еден гол во победата со 2-1 на домашен терен над Хановер. Тој останал стартер и еден од најдобрите играчи на клубот и во следните три сезони. По одличната прва сезона во летото 2009 година му продолжен договорот со Келн до 2014 година. На 25 јули 2011 година, Жеромел бил избран од главниот тренер Стале Солбакен да биде капитен на клубот, бидејќи тој бил во согласност со Солбакен во центарот на тимот и го отелотворувал целокупниот спортски концепт на Келн. На 17 септември тој заработил повреда на латералниот менискус во победата со 4-1 во дербито против Бајер Леверкузен, поради што морал да биде подложен на операција и бил надвор од акција за седум недели. Тој се вратил во игра за натпреварот против Вердер Бремен на 5 ноември 2011.

На 23 август 2012, Жеромел се преселил на четиригодишен заем во шпанската Мајорка. Својот прв гол за шпанскиот клуб го постигнал во натпреварот против Осасуна за израмнување на 1-1 во 91-вата минута што подоцна било и конечен резултат на тој натпревар. Во првата сезона тој одиграл 30 натпревари и постигнал еден гол во Ла Лига, но на крајот на сезоната екипата од Балеарските Острови испаднала од лигата. Жеромел останал во Мајорка и следната сезона во Сегунда Дивисион, но во декември 2013 решил да го раскине договорот и да се врати во Гремио во својата родна земја.

Гремио уреди

На 1 јануари 2014 година, Жеромел бил позајмен на Гремио од Порто Алегре.[1][2] На 30 декември 2014 година, Гремио ја искористил опцијата да го откупи договорот на играчот, потпишувајќи со Жеромел до 2019 година.

Репрезентативна кариера уреди

На 27 август 2016 година, Жеромел бил повикан во бразилската репрезентација за првпат од селекторот Тите, заменувајќи го повредениот Родриго Каио.[3] Својот прв настап за кариоките Жеромел го имал на 25 јануари, кога го одиграл сите 90 минути во пријателскиот натпревар против Колумбија што Бразил го добил со 1-0.[4][5]

Хронологија на репрезентативните настапи уреди

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Бразил
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
25-1-2017 Рио де Жанеиро Бразил   1 – 0   Колумбија Пријателска -
23-3-2018 Москва Русија   0 – 3   Бразил Пријателска -   86'
Вкупно Настапи 2 Голови 0

Титули уреди

  Гремио уреди

Наводи уреди

  1. „Wechsel von Pedro Geromel“. Архивирано од изворникот на 2014-10-25. Посетено на 2018-03-14.
  2. „ZAGUEIRO PEDRO GEROMEL É APRESENTADO NO OLÍMPICO“. Архивирано од изворникот на 2013-12-27. Посетено на 2018-03-14.
  3. „Rodrigo Caio se lesiona e é cortado da seleção brasileira; Geromel é convocado“ [Rodrigo Caio suffers injury and is cut from Brazil national team; Geromel is called] (португалски). ESPN Brasil. 27 August 2016. Посетено на 27 August 2016.
  4. „Com gol de Dudu, Brasil vence Jogo da Amizade contra Colômbia“ [With Dudu goal, Brazil wins Friendship Match against Colombia] (португалски). ESPN Brasil. 25 January 2017. Посетено на 27 April 2017.
  5. „A Seleção tem lugar para qual dos convocados para o Jogo da Amizade?“ [Which of the called up for Friendship Match belong in the Seleção?] (португалски). Yahoo! Esportes. 26 January 2017. Посетено на 27 April 2017.

Надворешни врски уреди