Пајтон — раскошна отворена, со настрешница, коњска кола за превоз на патници.[1] Пајтоните се појавиле на почетокот на XIX век и биле влечени од еден или два коња. Типично за пајтоните се 4 големи тркала и сразмерно мало тело што го прави брз, но нестабилен и опасен. Пајтоните служеле за превоз на патници и багаж, но некои од нив биле специјализирани за превоз на пошта.

Милтон Манаки на пајтон меѓу Гребен и Суровичево
Стилски дизајн на пајтон – кралски мајстор за коли Хупер
Стилски дизајн на пајтон – кралски мајстор за коли Хупер

Денес пајтоните се користат како туристичка атракција и за забава. Во знак на екстравагантност понекогаш матурантите ги користат за да стигнат на матурската вечер или младоженците за на свадба.

Потекло на поимот уреди

Зборот пајтон најверојатно произлегува од името на синот на богот на Сонцето Хелиј од старогрчката митологијаФаетон и неговото трагично возење со татковата кочија. Ја забрзал колата, но се уплашил од брзината, загубил контрола над белите коњи што биле впрегнати во неа и колата се изгубила во пламењата.

Пајтонот во македонската народна музика уреди

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

Надворешни врски уреди