Паул Брајтнер (германски: Paul Breitner, Колбермор, Западна Германија, 5 септември 1951) — поранешен фудбалски репрезентативец на Западна Германија.[2] Брајтнер денес работи како телевизиски коментатор, а има и функција на саветник за управен одбор на фудбалскиот клуб Баерн од Минхен. Покрај тоа како капитен ја предводи екипата на Бајерновите ветерани во натпреварите од хуманитарен карактер.

Паул Брајтнер
Паул Брајтнер во 2011
Лични информации
Датум на раѓање 5 септември 1951(1951-09-05)(72 г.)
Место на раѓање Колбермор, Западна Германија
Висина 1.76 м[1]
Положба лево крило
Младинска кариера
1957–1961 SV-DJK Kolbermoor
1961–1970 ESV Freilassing
Возрасна кариера*
Години Екипа Наст. (Гол.)
1970–1974 Bayern Munich 109 (17)
1974–1977 Real Madrid 84 (10)
1977–1978 Eintracht Braunschweig 30 (10)
1978–1983 Bayern Munich 146 (66)
Вкупно 369 (103)
Меѓународна кариера
1968–1970 West Germany Youth 16 (1)
1971 West Germany U-23 1 (0)
1971–1982 West Germany 48 (10)
*Клупски домашни лигашки настапи и голови

Кариера уреди

На почетокот од кариерата ја играл позицијата на лев бек, а подоцна бил преместен во сврзен ред. Бил познат по својот шут со левата нога и ефектните голови постигнати со шутеви надвор од шеснестерцот.

Професионалната кариера ја започнал во екипата ФК Баерн Минхен. За Баерн настапувал четири сезони, и со таа екипа во текот на овој период освоил три еднаподруга титули за првак на државата. Освоиле тогаш и еден во Куп на шампиони 1973/74. После Светското првенство во 1974 година го напуштил Баерн и преминал во шпанскиот Реал Мадрид. Таму одиграл три сезони пред да се врати во Германија.

Во Германија прво една сезона настапува за Ајнтрахт од Брауншвајг, а потоа повторно го облекол дресот на минхенскиот Баерн. Во тој период за Баерн настапува и Карл-Хајнц Румениге со кој Брајтнер играл во тандем. Овој тандем новинарите го нарекле Брајтниге.

Репрезентација уреди

За репрезентација на Западна Германија настапувал 48 пати и бил стрелец на 10 голови. Дебитирал во 1971 година кога имал дваесет години. Дури наредната година со репрезентацијата освоил Европско првенство 1972. На наредното светско првенств Западната Германија станала прва репрезентација која ја обединила титулата на европскиот и светскиот првак. Во финалето одиграно во Минхен против Холандија Брајтнер бил стрелец на голот кој доведол до водење од еданестерецот.

После тоа светско првенство се повлекол од репрезентацијата. Селекторот Јуп Дервал го наговорил повторно да заигра за репрезентацијата во 1981 година. На Светското првенство во 1982 година постигнал почаснен гол за својата репрезентација во финале против Италија. Еден е од четворицата играчи кој бил стрелец во две различни финалиња на светското првенство. Покрај него тоа уште го направиле само Пеле, Вава и Зинедин Зидан.

Пред Светското првенство во 1982 година една позната козметичка компанија му платила 150.000 германски мараки да ја избричи брадата по која бил препознатлив, како би им ги рекламирал нивните производи.

Претседателот на фудбалскиот сојуз на Германија Егидијус Браун во 1998 година го поставил Брајтнер на место на селектор ма репрезентацијата но после само 17 часа се предомислил и повлекол таа одлука.

Трофеи уреди

Баерн Минхен уреди

Реал Мадрид уреди

Западна Германија уреди

Наводи уреди

  1. „Paul Breitner“. worldfootball.net. Посетено на 17 July 2011.
  2. „Breitner, Paul“ (германски). kicker.de. Посетено на 2 јануари 2011.

Надворешни врски уреди