Педро Мигел Кареиро Ресендес (роден на 28 април 1973 година, во Понта Делгада), попознат како Паулета, е португалски поранешен фудбалер, напаѓач.

Паулета
Лични податоци
Полно име Педро Мигел Кариеро Ресендес
Роден на 28 април 1973(1973-04-28)(50 г.)
Роден во Понта Делгада, Португалија
Држава Португалија Португалија
Висина &100000000000001800000001,80 м
Играчки податоци
Позиција напаѓач
Повлекување 2008 (35 г.)
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1993-1995 Униао Микаеленсе Униао Микаеленсе 61 (33)
1995-1996 Ешторил Ешторил 30 (19)
1996-1998 Саламанка Саламанка 71 (34)
1998-2000 Депортиво Депортиво 58 (18)
2000-2003 Бордо Бордо 98 (65)
2003-2008 Париз Сен Жермен Париз Сен Жермен 168 (76)
Репрезентација
1988 Португалија Португалија 16 4 (0)
1996 Португалија Португалија 21 1 (0)
1997-2006 Португалија Португалија 88 (47)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 1 септември 2020.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 1 септември 2020

Технички карактеристики уреди

Како плоден стрелец, Паулета важел за еден од најдобрите напаѓачи во Европа на својата генерација. Обично играл како осамен напаѓач или во тандем со партнер и претставувал комбинација на подвижност, атлетизам и солидна техника. Неговите најголеми квалитети биле подеднакво добрата игра со двете нозе, силата во воздушните двобои и одличната игра со глава.[1][2][3][4]

Клупска кариера уреди

Во Португалија уреди

Наменет за работа како рибар, тој наместо тоа се одлучил да му се посвети на фудбалот.[5] Својата кариера Паулета ја започнал во татковината, играјќи за нисколигашот Униао Микаеленсе две години пред да се пресели во Ешторил во 1995 година, каде постигнал 18 гола на 29 настапи во втора португалска лига.[6]

Саламанка и Депортиво Ла Коруња уреди

Подоцна тој се пресели во соседната Шпанија, каде играл прво за Саламанка, а потоа и за Депортиво Ла Коруња.

Во својата прва сезона во Саламанка тој постигнал 19 гола, давајќи огромен придонес за промоцијата во Примера Дивисион. Следната сезона тој постигнал 15 гола во елитното шпанско фудбалско првенство со кои му помогнал на клубот да го избегне испаѓањето за само еден бод.[7]

Во летото 1998, тој потпишал за Депортиво Ла Коруња.[8] Во неговата втора сезона со Депортиво, тој го освоил шпанското првенство придонесувајќи за титулата со 8 гола. Сепак, силната конкуренција во нападот на галицијците во лицето на Рој Макај и Диего Тристан, го натерала Паулета да го напушти клубот во летниот трансферен прозорец 2000 година, неколку дена по освојувањето на својата втора титула со клубот, Суперкупот на Шпанија.[5]

Бордо и Париз Сен Жермен уреди

 
Паулета во дресот на Париз Сен Жермен во 2007 година.

На 1 септември 2000, Паулета потпишал за францускиот Бордо.[9] Искуството во Лига 1 се покажало многу посреќно за него и Паулета започнал да го исполнува својот потенцијал: во првата сезона постигнал 20 голови, а веќе во неговата втора сезона (2001-2002) бил најдобар стрелец во првенството со 22 гола колку што имал и Џибрил Сисе од Осер.[10][11] Исто така, за време на сезоната 2001-2002, тој го освоил Лига купот на Франција со својата екипа, постигнувајќи два гола во финалето при победата со 3-0 над Лорјан.[12][13] Конечно, тој бил избран и за фудбалер на годината во Франција за спомената сезона.[14] Во неговата трета сезона со Бордо, тој го поправил за еден гол својот рекорд од претходната сезона, завршувајќи ја сезоната 2002-2003 со 23 гола и уште еднаш бил избран за фудбалер на годината. Вкупно за Бордо одиграл 130 натпревари и постигнал 91 гол.

Пред почетокот на сезоната 2003-2004, Паулета потпишал тригодишен договор со Париз Сен Жермен во трансфер вреден 12 милиони евра.[15] Во неговата прва сезона тој им помогнал на Парижаните да го освојат Купот на Франција, нивниот прв трофеј после 6 години, постигнувајќи го единствениот гол во финалето во победата со 1-0 над Шатору. Подоцна, тој освоил уште еден Куп на Франција во сезоната 2005-2006 како и Лига купот на Франција во неговата последна сезона во клубот (2007-2008). Својот последен натпревар во кариерата Паулета го одиграл на 17 мај 2008, во гостинската победа со 1-2 против Сошо, по што објавил дека ја завршува својата кариера. За екипата од главниот град постигнал преку 100 голови,[16] со кој поставил рекорд за најмногу погодоци за ПСЖ (подоцна надминат од Златан Ибрахимовиќ и Единсон Кавани во 2015 и 2018 година).[5]

Кон крајот на мај 2009 година, Паулета го одигра својот проштален натпревар на Паркот на принцовите, играјќи по едно полувреме за тимот на пријателите и ПСЖ - поранешни и сегашни - играчи. Подоцна тој бил заменет од неговиот 13-годишен син Андре, кој ги постигнал последните два гола во натпреварот.[17]

Репрезентативна кариера уреди

Паулета дебитирал за португалската репрезентација во 1997 година, во квалификациски натпревар за Светското првенство 1998 против Ерменија. Неговите први два репрезентативни голови дошле во победата со 7-0 на домашен терен против Азербејџан во квалификациите за Европското првенство 2000.[18] Откако португалците се квалификувале на завршниот европски турнир во Белгија и Холандија, Паулета бил повикан да учествува со репрезентацијата, главно започнувајќи ги натпреварите на клупата за резерви; својот единствен настап на турнирот го имал во третото коло од групата, при победата над Германија со 3-0.

За разлика од Европското првенство 2000, на Светското првенство 2002 во Јапонија и Јужна Кореја Паулета бил прв напаѓач на Португалија и играл во сите натпревари; тој постигнал хет-трик во победата со 3-0 над Полска во вториот натпревар од групата,[19] но португалците разочарале на првенството не успевајќи да ја минат групната фаза. На Европското првенство на домашен терен, португалците имале големи очекувања и надежи во Паулета, но наместо тоа тој одиграл разочарувачки турнир.[20] Иако го започнал секој натпревар освен четвртфиналето (во кое бил суспендиран заради жолти картони), Паулета не постигнал ниту еден гол на патот на својата репрезентација до финалето на турнирот во кое биле поразени од Грција.[21] По ова првенство, тој бил назначен за капитен на Португалија, по збогувањата со националниот дрес на Руи Кошта, Фернандо Коуто и Луис Фиго, меѓутоа таа улога ја имал многу кратко се враќањето во репрезентацијата на Фиго.[22]

На 12 октомври 2005 година, со двата гола во победата од 3-0 над Латвија во квалификациите за Светското првенство 2006, Паулета станал најдобар стрелец во историјата на португалската репрезентација, надминувајќи го претходниот рекорд на Еузебио од 41 гол.[23][24] Тој исто така бил најдобар стрелец во Европските квалификации со 11 постигнати гола, помагајќи и на својата земја да се квалификува за турнирот во Германија.[20] На Светското првенство 2006, Паулета го постигнал единствениот гол во првиот натпревар на турнирот со кој Португалија ја победила Ангола со 1-0. Сепак, тоа бил неговиот единствен гол на овој мундијал, на кој португалците го освоиле четвртото место после поразот од домаќинот Германија во натпреварот за третото место. Веднаш потоа Паулета го најавил своето повлекување од репрезентацијата.

Вкупно за португалската репрезентација Паулета има 88 настапи и 47 гола. Во моментов тој е втор стрелец на Португалија зад Кристијано Роналдо.[5]

Хронологија на репрезентативните настапи уреди

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Португалија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
20-8-1997 Сетубал Португалија   3 – 1   Ерменија Квал. за СП 1998 -
6-9-1997 Берлин Германија   1 – 1   Португалија Квал. за СП 1998 -
11-10-1997 Лисабон Португалија   1 – 0   Северна Ирска Квал. за СП 1998 -
16-11-1998 Сетубал Португалија   2 – 0   Израел Пријателска -
10-2-1999 Париз Холандија   0 – 0   Португалија Пријателска -
26-3-1999 Гимараеш Португалија   7 – 0   Азербејџан Квал. за Евро 2000 2
31-3-1999 Вадуц Лихтенштајн   0 – 5   Португалија Квал. за Евро 2000 -
18-8-1999 Лисабон Португалија   4 – 0   Андора Пријателска 1
4-9-1999 Баку Азербејџан   1 – 1   Португалија Квал. за Евро 2000 -
8-9-1999 Букурешт Романија   1 – 1   Португалија Квал. за Евро 2000 -
9-10-1999 Лисабон Португалија   3 – 0   Унгарија Квал. за Евро 2000 -
20-3-2000 Леирија Португалија   2 – 1   Данска Пријателска -
26-4-2000 Реџо Калабрија Италија   2 – 0   Португалија Пријателска -
2-6-2000 Шавес Португалија   3 – 0   Велс Пријателска -
20-6-2000 Ротердам Португалија   3 – 0   Германија Евро 2000 - Прва фаза -
16-8-2000 Вилниус Литванија   1 – 5   Португалија Пријателска 1
3-9-2000 Талин Естонија   1 – 3   Португалија Квал. за СП 2002 -
7-10-2000 Лисабон Португалија   1 – 1   Ирска Квал. за СП 2002 -
11-10-2000 Ротердам Холандија   0 – 2   Португалија Квал. за СП 2002 1
15-11-2000 Брага Португалија   2 – 1   Израел Пријателска -
28-2-2001 Фуншал Португалија   3 – 0   Андора Квал. за СП 2002 1
28-3-2001 Порто Португалија   2 – 2   Холандија Квал. за СП 2002 1
25-4-2001 Сен Дени Франција   4 – 0   Португалија Пријателска -
2-6-2001 Даблин Ирска   1 – 1   Португалија Квал. за СП 2002 -
6-6-2001 Лисабон Португалија   6 – 0   Кипар Квал. за СП 2002 2
15-8-2001 Фаро Португалија   3 – 0   Молдавија Пријателска -
1-9-2001 Леида Андора   1 – 7   Португалија Квал. за СП 2002 1
5-9-2001 Ларнака Кипар   1 – 3   Португалија Квал. за СП 2002 1
6-10-2001 Лисабон Португалија   5 – 0   Естонија Квал. за СП 2002 1
14-11-2001 Лисабон Португалија   5 – 1   Ангола Пријателска -
13-2-2002 Барселона Шпанија   1 – 1   Португалија Пријателска -
27-3-2002 Порто Португалија   1 – 4   Финска Пријателска -
17-4-2002 Лисабон Португалија   1 – 1   Бразил Пријателска -
25-5-2002 Макао Кина   0 – 2   Португалија Пријателска 1
5-6-2002 Сувон САД   3 – 2   Португалија СП 2002 - Прва фаза -
10-6-2002 Чонџу Португалија   4 – 0   Полска СП 2002 - Прва фаза 3
14-6-2002 Инчеон Јужна Кореја   1 – 0   Португалија СП 2002 - Прва фаза -
7-9-2002 Бирмингем Англија   1 – 1   Португалија Пријателска -
12-10-2002 Лисабон Португалија   1 – 1   Тунис Пријателска 1
16-10-2002 Гетеборг Шведска   2 – 3   Португалија Пријателска -
20-11-2002 Брага Португалија   2 – 0   Шкотска Пријателска 2
12-2-2003 Џенова Италија   1 – 0   Португалија Пријателска -
29-3-2003 Порто Португалија   2 – 1   Бразил Пријателска 1
2-4-2003 Лозана Македонија   0 – 1   Португалија Пријателска -
30-4-2003 Ајндховен Холандија   1 – 1   Португалија Пријателска -
6-6-2003 Брага Португалија   0 – 0   Парагвај Пријателска -
10-6-2003 Лисабон Португалија   4 – 0   Боливија Пријателска -
20-8-2003 Шавес Португалија   1 – 0   Казахстан Пријателска -
6-9-2003 Гимараеш Португалија   0 – 3   Шпанија Пријателска -
10-9-2003 Осло Норвешка   0 – 1   Португалија Пријателска 1
11-10-2003 Лисабон Португалија   5 – 3   Албанија Пријателска 1
15-11-2003 Авеиро Португалија   1 – 1   Грција Пријателска 1
19-11-2003 Леирија Португалија   8 – 0   Кувајт Пријателска 4
18-2-2004 Фаро Португалија   1 – 1   Англија Пријателска 1
31-3-2004 Брага Португалија   1 – 2   Италија Пријателска -
28-4-2004 Коимбра Португалија   2 – 2   Шведска Пријателска 1
5-6-2004 Сетубал Португалија   4 – 1   Литванија Пријателска 1
12-6-2004 Порто Португалија   1 – 2   Грција Евро 2004 - Прва фаза -
16-6-2004 Лисабон Русија   0 – 2   Португалија Евро 2004 - Прва фаза -
20-6-2004 Лисабон Шпанија   0 – 1   Португалија Евро 2004 - Прва фаза -
30-6-2004 Лисабон Португалија   2 – 1   Холандија Евро 2004 - Полуфинале -
4-7-2004 Лисабон Португалија   0 – 1   Грција Евро 2004 - Финале -
4-9-2004 Рига Латвија   0 – 2   Португалија Квал. за СП 2006 1
8-9-2004 Леирија Португалија   0 – 4   Естонија Квал. за СП 2006 1
9-10-2004 Вадуц Лихтенштајн   2 – 2   Португалија Квал. за СП 2006 1
13-10-2004 Лисабон Португалија   7 – 1   Русија Квал. за СП 2006 1
17-11-2004 Луксембург Луксембург   0 – 5   Португалија Квал. за СП 2006 2
9-2-2005 Даблин Ирска   1 – 0   Португалија Пријателска -
26-3-2005 Барселона Португалија   4 – 1   Канада Пријателска 1
30-3-2005 Братислава Словенија   1 – 1   Португалија Квал. за СП 2006 -
4-6-2005 Лисабон Португалија   2 – 0   Словенија Квал. за СП 2006 -
8-6-2005 Талин Естонија   0 – 1   Португалија Квал. за СП 2006 -
17-8-2005 Понта Делгада Португалија   2 – 0   Египет Пријателска -
3-9-2005 Фаро Португалија   6 – 0   Луксембург Квал. за СП 2006 2
7-9-2005 Москва Русија   0 – 0   Португалија Квал. за СП 2006 -
8-10-2005 Авеиро Португалија   2 – 1   Лихтенштајн Квал. за СП 2006 1
12-10-2005 Порто Португалија   3 – 0   Латвија Квал. за СП 2006 2
12-11-2005 Коимбра Португалија   2 – 0   Хрватска Пријателска 1
15-11-2005 Белфаст Северна Ирска   1 – 1   Португалија Пријателска -
1-3-2006 Диселдорф Португалија   3 – 0   Саудиска Арабија Пријателска -
27-5-2006 Евора Португалија   4 – 1   Зелен ’Рт Пријателска 3
3-6-2006 Мец Луксембург   0 – 3   Португалија Пријателска -
11-6-2006 Келн Ангола   0 – 1   Португалија СП 2006 - Прва фаза 1
17-6-2006 Франкфурт на Мајна Португалија   2 – 0   Иран СП 2006 - Прва фаза -
21-6-2006 Гелзенкирхен Португалија   2 – 1   Мексико СП 2006 - Прва фаза -
25-6-2006 Нирнберг Португалија   1 – 0   Холандија СП 2006 - Осминафинале -
1-7-2006 Гелзенкирхен Англија   1 – 1 прод.
(1 - 3 пен.)
  Португалија СП 2006 - Четвртфинале -
5-7-2006 Минхен Португалија   0 – 1   Франција СП 2006 - Полуфинале -
8-7-2006 Штутгарт Германија   3 – 1   Португалија СП 2006 - Натпревар за 3. место -
Вкупно Настапи (10. место) 88 Голови (2. место) 47

Статистика уреди

Клупска статистика уреди

Статистиката е ажурирана на 8 септември 2020.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
1995-1996   Ешторил СД 29 18 КП 4 5 - - - - - - 33 23
1996-1997   Саламанка СД 37 19 КШ 3 0 - - - - - - 40 19
1997-1998 ПД 34 15 КШ 1 0 - - - - - - 35 15
Вкупно Саламанка 71 34 4 0 - - - - 75 34
1998-1999   Депортиво Ла Коруња ПД 28 10 КШ 9 1 - - - - - - 37 11
1999-2000 ПД 30 8 КШ 3 0 КУ 7 3 - - - 40 11
сеп. 2000 ПД 0 0 КШ 0 0 ЛШ - - СШ 1 0 1 0
Вкупно Депортиво Ла Коруња 58 18 12 1 7 3 1 0 78 22
сеп. 2000-2001   Бордо Д1 28 20 КФ+ЛКФ 1+1 3+0 КУ 7 3 - - - 37 26
2001-2002 Л1 33 22 КФ+ЛКФ 2+4 4+4 КУ 6 5 - - - 45 35
2002-2003 Л1 37 23 КФ+ЛКФ 5+2 5+1 КУ 4 1 - - - 48 30
Вкупно Бордо 98 65 15 17 17 9 - - 130 91
2003-2004   Париз Сен Жермен Л1 37 18 КФ+ЛКФ 6+0 5 - - - - - - 43 23
2004-2005 Л1 35 14 КФ+ЛКФ 2+0 4 ЛШ 6 1 СФ 1 0 44 19
2005-2006 Л1 36 21 КФ+ЛКФ 6+2 5+2 - - - - - - 44 28
2006-2007 Л1 33 15 КФ+ЛКФ 3+2 1+2 КУ 9 6 - - - 47 24
2007-2008 Л1 27 8 КФ+ЛКФ 2+5 1+6 - - - - - - 34 15
Вкупно Париз Сен Жермен 168 76 28 26 15 7 1 0 212 109
Вкупно во кариерата 424 211 63 49 39 19 2 0 528 279

Репрезентативна статистика уреди

Извор:[18]

Фудбалска репрезентација на Португалија
Год. Наст Гол
1997 3 0
1998 1 0
1999 7 3
2000 9 2
2001 10 7
2002 11 7
2003 12 8
2004 14 9
2005 12 7
2006 9 4
Вкупно 88 47

Титули уреди

Клупски уреди

  Депортиво Ла Коруња уреди

1999-2000.
2000

  Бордо уреди

2001-2002

  Париз Сен Жермен уреди

2003–2004, 2005–2006

Поединечни уреди

1995–1996 (18 гола)
1996–1997 (19 гола)
  • Најдобар стрелец во Лига 1 : 3
2001–2002 (22 гола; изедначен со Џибрил Сисе), 2005–2006 (21 гол), 2006–2007 (15 гола)
Најдобар фудбалер на годината во Дивисион 1/Лига 1 : 2001–2002, 2002–2003
Тим на годината во Лига 1 : 2002–2003, 2005–2006

Наводи уреди

  1. Correria, Nuno (13 July 2000). 'Pauleta' Resendes“. ESPN FC. Посетено на 18 April 2017.
  2. „Pauleta“. BBC Sport. 15 May 2002. Посетено на 18 April 2017.
  3. „Pauleta“. BBC Sport. 25 May 2004. Посетено на 18 April 2017.
  4. „Pauleta, from the Azores with goals“. FIFA. 29 March 2013. Архивирано од изворникот на 2020-08-06. Посетено на 7 May 2020.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 Benedetto Greco (28 април 2017). „Pauleta, il maledetto numero 9 del Portogallo“.
  6. Simões de Abreu, Alexandra (14 January 2018). „Pauleta: "Ainda hoje as pessoas abordam-me na rua e dizem: 'Olha o homem do queijo' [”Pauleta: “People still approach me in the street and say: 'Look at the cheese man'”]. Expresso (португалски). Посетено на 7 August 2019.
  7. Segura, Manuel (16 May 1998). „Adiós con sonrojo“ [Embarrassing goodbye]. Mundo Deportivo (шпански). Посетено на 23 May 2015.
  8. Ferreiro, Mariluz (18 November 2008). „El último vuelo de Pauleta“ [Pauleta's last flight]. La Voz de Galicia (шпански). Посетено на 7 August 2019.
  9. „Pauleta no Bordéus por 4 anos“ [Pauleta in Bordeaux for 4 years]. Record (португалски). 1 September 2000. Посетено на 14 April 2012.
  10. R.B. (7 февраури 2007). „A note on the league's strikers“ (англиски). Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  11. „Pauleta, premier coup du chapeau du tournoi“ (francese). La Dépêche du Midi. 10 јуни 2002.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  12. „Pauleta brace brings Bordeaux cup“. UEFA. 20 April 2002. Посетено на 16 June 2009.
  13. Season 2001/2002 League Cup Final – Match Stats; at French League
  14. „Pauleta honoured by fellow players“. UEFA. 29 April 2002. Посетено на 16 June 2009.
  15. Pauleta prize for PSG; UEFA, 10 July 2003
  16. Christian Châtelet (1 ноември 2007). „Pauleta fa cento con il PSG“.
  17. Résumé du jubilé de Pauleta (Pauleta's testimonial sumup); PSG en Force, 31 May 2009 (француски)
  18. 18,0 18,1 Mamrud, Roberto. „Pedro Miguel Correia Resende "Pauleta" – Goals in International Matches“. RSSSF. Посетено на 30 December 2013.
  19. Portugal back on track; BBC Sport, 10 June 2002
  20. 20,0 20,1 „Portogallo, fantasisti al potere“ (италијански). Il Piccolo. 1 јуни 2006. стр. 37.
  21. „L'Olimpo è a Lisbona, Grecia campione d'Europa“. 4 јули 2004.
  22. „Pauleta será o capitão“ [Pauleta will be the captain]. Record (португалски). 27 August 2004. Посетено на 4 June 2015.
  23. „Pauleta beats Eusebio's Portugal goal record“. ESPN FC. 12 October 2015. Посетено на 23 July 2015.
  24. Pauleta dethrones "The King"; UEFA, 13 October 2005

Надворешни врски уреди