Патрокле или Патрокло (грчки јазик: Πατροκλῆς = „таткова слава“, латински јазик: Patroclus) — јунак од старогрчката митологија син на Менетиј и Полимела од Опунт, внук на Актор, инаку најблискиот пријател на Ахил со кого израснал и бил воспитан задно.[1] Постојат различни верувања за односот на Патрокле кон Ахил. Зенон од Елеја во својот „Симпозиум“ ја прикажува нивната врска како пријателска, додека во Платоновиот „Симпозиум“ и во повеќето старогрчки записи стои дека тие биле љубовници.

Ахил ја преврзува раката на Патрокле, слика од вазна направена околу 500 године п. н. е.

Митот за Патрокле уреди

Не постојат многу записи за Патрокле, а најподробно е опишан во Хомеровото дело „Илијада“. Тој бил млад кога почнала Тројанската војна, а Одисеј (кралот на Итака) го поканил да се бори во војната. Додека се разгорувала Тројанската војна, Ахил не му дозволувал на Патрокле да учествува во борбата, бидејќи се плашел за неговиот живот. Кога се засилила кавгата меѓу Ахил и Агамемнон, (кралот на Микена), Ахил одлучил следното утро да се вратат назад во Грција. Патрокле бил бесен поради тоа што не добил шанса да се бори, па одлучил утрото да го облече ахиловиот оклоп, да го земе неговото оружје и да тргне со Мирмидонците (Ахиловата мала војска од 50 луѓе) во борба. Во борбата никој не знаел дека во оклопот на Ахил, всушност, е Патрокле. Него го пресретнал Хектор и започнал двобојот меѓу нив, а малку подоцна Хектор го убил.

Извори уреди

  • Michelakis, Pantelis (2007). Achilles in Greek Tragedy. Cambridge University Press.

Литература уреди

Наводи уреди

  1. „Registar imena i reči s objašnjenjima“ во: Krista Volf, Kasandra. Sarajevo: Svjetlost, 1987, стр. 169.